Дијаспора

Радио – часовите во Австралија – афирматори на македонскиот народ и Македонија (30)

internet-radio

internet-radio

НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО АВСТРАЛИЈА

Од 1985 година на Македонскиот радио час координатор, уредник и водител започна да биде Зага Добросавлева. Тој започна да се емитува четири пати неделно во траење од 45 минути и тоа: вторник од 7,30 до 8,15, среда од 22,15 до 23, петок од 7,30 до 8.15 и сабота од 22,15 до 23,00 часот, на Етничкото радио 2 ЕА. Овој радио-час обилуваше оо разновидни емисии од општественото и културното живеење во македонската колонија, потоа започна да емитува вести, репортажи, спортски информации, а преземаше телефонски и сателитски директни преноси од Македонското радио, особено од фудбалските натпревари на Вардар во Скопје.

Во организација на МПЦО „Св. Петка“ од Сиднеј, од 7 мај 1983 година започна да се емитува Македонскиот радио-час на Радиостаница 2 МВС. Тој се пренесуваше секоја недела од 19 до 20,30 часот на македонски јазик. Него го отпочна Кире Циревски, а во почетокот повремено му помагаа Јован Кокаловски и свештеникот Александар Ивановски. И потоа продолжи да го уредува и води Кире Циревски, кој имаше постојани врски и кој известуваше за Македонското радио и телевизија, затоа често се вели дека овој радио-час беше најбрзиот и најдобриот информатор за се’ што се случува во Републиката и пошироко. Се емитуваа вести, осврти, музички емисии, честитки и поздрави и други интересни емиоии.

На ошптинската радиостаница 2 РЅК чиј организатор е Емигрантскиот работнички комитет, секој четврток од 20 до 21 часот се емитуваше уште еден македонски радио-час. Него во почетокот го уредуваше Атанас Трезовски, а потоа започна го уредува и води Коста Николовски и Лилјана Тошеска. На овој радио-час се емитуваа вестн и музика од сопствената колекција, а имаше информативен карактер.

Во 1988 година во Сиднеј започна да се емитува уште еден радио-час на македонски јазик, Него започна да го уредува и води Горѓи Горшев, интерпретатор на македонски народни песни. Радио-часот се емитуваше секоја недела од 18 до 20 часот, а на него беа застапени, вести, информации, поздрави и честитки и рекламно-пропагандни материјали.

Македонскиот радио-час во Џилонг беше отворен на 4 мај 1989 година, на Етничката радио станицата. Прв спикер и уредник од почетокот, а и потоа беше Вел Пачоски, кој во време на отворањето на радио-часот беше студент на Универзитетот „Дикин“ во Џилонг, на групата за социолошки науки, насока психологија. Во исто време Вел студираше македонски јазик преку кореспонденција со Универзитетот Меквори во Синдеј, а беше и претседател и играорец на Македонското друштво „Бисер“ од Џилонг.

Овој радио-час се емитува секоја среда од 20 до 21 часот. Исто така; секоја 4-та или 5-та недала од 13 до 14 часот, на англиски јазик се емитуваше програмата „Интернационален магазин“; на која беше застапен широк опектар на програми за македонското                кулинарство, народното творештво, литературата, историјата и сл. Програмата беше доста популарна и слушана не само во Џилонг, туку и од бројни слушатели во Мелбурн.

Македонскиот радио-час се издржуваше од приватни сре ства и дарувања на иселеници од Џилонг. Покрај Вел Пачоски на овој македонски радио-час беа приклучени и Летка Коцеска, Митко Николовски, Цветко Пачоски и Вента Пачоска, кои помагаа емисиите да бидат побогати.

internet-radio-2

Инаку; емисиите на радио-часот беа исполнети со вести од активностите на МПЦ „Св. Јован“ од Џилонг, соопштенија и други материјали од Република Македонија, од спортското живеење на младите во македонската колонија на тие простори, а во еден период имаше и директни вклучувања од Скопје,; притоа вести и други материјали испраќаа Мирослав Спироски; новинар во „Нова Македонија“, а се емитуваа и материјали пристигнати од Македонското радио и Матицата на иселениците од Македонија. Интересно е да се спомене дека овој македонски радио-час беш прв на листата по членство меѓу етничките радио-часови кои се емитуваат на Радиостаницата 3 УУ во Џилонг.

Исто така и радио-часот на македонски јазик во Аделајд, за првпат започна да се емиггува на 21 март 1976 година со почеток во 16,30 часот. Него започнаа да го уредуваат членови на КУД „Македонка“, а од 1978 година негов организатор беше Друштвото и МПЦО „Св. Наум Охридски“, меѓу кои водители и уредници биле Трајче Милошевски, Пане Лазов, Перо Бождаровски, Мајкл Радин и други. Тој се пренесуваше преку радиостаницата 5 ЕВ РМ што беше во рамките на Универзитетската радио станица 5 XIV. Потоа оваа македонска радио-програма се емитуваше секој петок од 18,30 до 19,00 и во недела од 11,30 до 12,00 и од 16,30 до 17,00 часот. Започнуваше со „А бре Македонче“, а беа застапени вести од Македонската колонија во Аделајд, од Република Македонија и пошироко, од историјата, литературни прилози, хумор, спорт, поздрави и честитки и други емисии. Тој имаше информативен, едукативен, забавен и економски карактер.

Македонскиот радио-час во Бризбен, пак, започна да се емитува во почетокот на 1980 година на Оштинското мултикултурно радио 2 ЕА, а во организација на МПЦО „Св. Богородица“. Првите уредници и водители беа Ѓорѓи и Силвана Павловеки, а подоцна се приклучија и други иселеници, меѓу кои, Никола Стоилковски, Горѓи и Ксенија Илиевски и други. Овој македонски радио-час се емитуваше  двапати неделно, чија најава почнуваше со песната „Денее над Македонија се раѓа“.

Во Квинбијан прва македонска програма започна да се емитува во текот на 1982 година на ЕВЅ Координатор беше Љупчо Велјановски, а уредник и спикер беше Ружа Наумовска. Се емитуваше на македонски и на ангиски јазик, а беа застапени вести, музички и други емисии, реклами и друго.

Сите наведени податоци во изминатите триесет продолженија во порталот „македонска нација“ се претставени во првиот дел насловен како „Развојот на македонскиот иселенички печат во Австралија“ во книгата на Славе Николовски-Катин „Македонскиот иселенички печат“ (Студентски збор, 1993, 15–100). 

Крај

slave-katin-33
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top