Дијаспора

Чествување на свети Методиј во Германија- столбот на Европската Унија (1)

germanija1

germanija1

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – ГЕРМАНИЈА

Беше утро кога авионот од Скопје се крена во висините и се насочи кон северозапад, кон Франкфурт на Мајна, мет­ро­полата со еден од најголемите аеродроми во светот. Но, Фракфурт е познат по тоа што е стар царски град во кој се крунисани германските цареви и кра­леви; тоа е место каде заседавал првиот гер­мански пар­ламент; град на познатиот поет Гете; град на стари цр­кви и мо­дер­ни зданија; град на банки и осигу­ри­тел­ни компании; светски центар за одржување на сае­ми и други ма­нифестации; меѓународен бизнис цен­тар..

Во Франкфурт пристигнавме во попладневните часови, за потоа да го продолжиме патувањето кон Штутгарт, кон Елванген, кај местото, или поточно затворот, во кој темнуваше сесловенскиот и македонски просветител, духовник и учител свети Методиј Солунски – Моравски. Човекот кој ги насочи сите универзални вредности на духовниот, образовниот и културниот живот на општословенскиот народ.       

Во предвечерието го напуштивме Франкфурт и со автобус појдовме за Штутгарт, а оттаму за Елванген, каде се одржуваше чествувањето од смртта на сесловенскиот и македонски просветител, христијански мисионер и рамноапостол свети Методиј, во чија чест и се одржа манифестацијата „Македонија во чест на свети Методиј“. На чествувањето присуствуваше државна и црковна делегација од Македонија.

Патувањето коешто траеше околу четири часа беше пријатно во удобниот автобус, во кој, бидејќи сите бевме паници од Македонија, се пееше, се пиеше и се веселеше. Поминувавме низ голем број населени места на кои со својот еколошки изглед треба да им позавидат многу нации во светот. Целиот пат помина за миг,  како да беше на филмска лента.

golema-moravija
Голема Моравија

При нашата посета на земјите од Европската унија, бевме Делегација во состав архиепископот г.г. Михаил, поглавар на Македонската православна црква; митро-политот Кирил, полошко–кумановски архијереј, митрополитот Горазд, европски архијереј и авторот на овие редови, во својство на потпретседател на Комисијата за односи со верските заедници на Република Македонија

Во доцните вечерни часови стасавме во градот Елванген што се наоѓа во областа Баден-Виртенберг. Таму се наоѓа местото каде свети Методиј Солунски бил заточеник на тогашните услови и прилики. Инаку, Елванген има околу 15.000 жители и е сместен на околу 110 километри југоисточно од Штутгарт. Градот се споменува уште во VII век, додека во IX век е седиште на над-бискупијата, епископијата и црковниот суд. Елванген е општински центар на 11 поблиски села и мали гратчиња.

Градот започнал да се развива околу манастирскиот комплекс кој во средниот век претставувал жариште на христијанството. Елванген е распространет на една блага висорамнина, со бујна вегетација, шуми, родни полиња и лозја. Тој е препознатлив и по прекрасното вино и пиво. Се смета дека граѓаните на Елванген се многу вредни и дека меѓу првите во Германија започнале да го произведуваат пивото. Исто така, е познат и по индустријата за батерии „Варта“ – која го снабдува целиот свет со батерии од секаков вид.

elvangel
Елвангел

При нашата посета бевме информирани дека црковниот суд во градот Елванген функционирал уште во средниот век и по традиција и во денешно време тој суд е сместен во ова мало гратче. Исто така, за жителите на Елванген посебно е изразено присуството на ликот на свети Методиј и неговото име во народните верувања.  Покрај свети Бенедикт, свети Методиј е прогласен за нивни заштитник и патрон.

Во Елванген е сместен манастирскиот комплекс каде поради ширење ерес Регензбурскиот црковен суд го осудил свети Методиј на три години затвор. Меѓутоа, во вековите што доаѓале, трудот и заложбата на свети Методиј да се шири христијанството, покрај на трите мртви јазици (хебрејски, грчки и латински), и на словенски, бил признат и применет од нивна страна во ширењето на христијанството на германски јазик.

Поради тоа, во народните верувања се среќаваат легенди, како, на пример, дека свети Методиј градот го спасил од големи поплави, невремиња и заразни болести. Имало случаи со поклоненија и молепства кон свети Методиј да им се излечат болестите на мали деца или да им „се отвори среќата на младоженците и да добијат пород“. Затоа на денот на свети Методиј граѓаните од Елванген не работат.

Во непосредна близина на манастирскиот комплекс во Елванген се наоѓа Методиевиот плоштад. До него води Методиевата улица која ја поврзува зградата со Методиевата темница. Малечката тесна уличка е имену-вана како „Методиева темница“. Се верува дека свети Методиј преку ден со часови бил испитуван во манастирскиот комплекс, додека ноќно време бил одведуван во посебна визба, заради безбедност, каде ги минувал затворските маки.

Како резултат на политиката кон сесловенскиот просветител, во црквата „Свети Војт“ на витражна слика е претставен свети Методиј со своите ученици, како ги поучува и воведува во христијанството.

Карактеристично за жителите на Елванген е тоа што тие многу внимание посветуваат на заштитата и уредувањето на животната средина, на древната алпска архитектура. Во разговор со нив дознавме дека се гордеат со името Германи и дека се директни потомци на Германите. Имаат раскошна носија, мелодичен фолклор, исполнет со песни и типични алпски ора и танци.

Инаку, за време чествувањето на свети Методиј, во Католичката црква што се наоѓа во самиот центар на Елванген се одржа богослужба. По службата поворката од неколку  стотини луѓе се упати пред спомен-плочата на местото каде бил затворен свети Методиј Солунски во период од три години.

Таму се изврши осветување на плочата, посветена на свети Методиј, на која пишува: „Почит и вечна благодарност кон нашиот просветител и христијански мисионер, рамноапостол свети Методиј“. Со тоа Маке-донија и македонскиот народ каде и да е во светот  изрази  вечна благодарност кон човекот кој ја заорал првата бразда во ширењето на христијанството и просветлувањето на целиот словенски род, оттргнувајќи го од многувековниот духовен мрак.

Продолжува

slave-katin-germanija
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top