Дијаспора

ММДЧП се сретна со Департментот за дипломатски односи на Канада

chrystia-freeland

ММДЧП се сретна со Департментот за дипломатски односи на Канада – Побарано е Министерката за надворешни работи да ја повлече својата изјава за Македонија и да даде поддршка на суверенитетот на Република Македонија

chrystia-freeland

– Претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права, Бил Николов, се сретна со високи претставници на Департментот за дипломатски односи на Канада и побара Министерката за надворешни работи на Канада, Кристија Фриланд, веднаш да ја повлече контрадикторната изјава за Македонија, и да ја поддржи борбата на Македонија против странско мешање.

Во изјава дадена за Украина, министерката Фриланд го кажа следново: “Канада е непоколеблива во својата поддршка за Украина. Подготвена е да им помогне за да се зачува и заштити суверенитетот на Украина, како и да обезбеди помош за Украина за спроведување на клучните реформи.”

Идентична изјава можеше да даде и за Македонија, но министерката Фриланд избра да го поткопа суверенитетот на Македонија барајќи мандат да се даде на коалиција чија јавно објавена намера е да се смени македонското име, идентитет, знаме, химна и грб, што претставува закана за територијалниот интегритет на Македонија. Во прилог на кампањата за оваа платформа, анти-македонската коалиција неодамна и официјално ја претстави во парламентот. Македонците масовно протестираат против оваа платформа и во одбрана на својата земја.

Занесеноста на министерката Фриланд е во очигледната причина за нејзината изјава да биде “…во согласност со Уставот”, бидејќи во македонскиот Устав е јасно истакнато дека мандат не може да се даде на коалиција која што претставува закана за „унитарниот карактер на Македонија“. Многу разбирливо. Отфрлајќи било какво странско мешање, немирите и масовните протести покажуваат комплетен недостаток на смисол за правичност од страна на Фриланд. Во најдобар случај, фактите покажуваат дека таа нема сознанија за моменталната ситуација, или во најлош случај, дека таа е соучесник во поддршката на странски интервенционизам во Македонија.

Соединетите Американски држави, некои земји од Европската Унија и, за жал, Канада, борбата на македонскиот народ за одбрана на својата држава ја третираат како борба на „леви против десни“. Ова не е прашање на политичка идеологија. Туку непартиска одбрана против платформа поддржана од САД, изготвена во Албанија под раководство на албанскиот премиер Еди Рама, а насочена кон редефенирање на македонската етничката припадност и суверенитет. Канада во минатото знаела да се спротивстави на ваква напади, а сега е дел од нив. Изјавата на министерката Фриланд е во спротивност со долгогодишната политика на Канада против странски интервенционизам и претставува всушност навреда за канадските вредности на правото на самоопределување и на човековите права.

ММДЧП бара од министерката Фриланд да ги објасни причините за нејзината изјава и да објави кога може да се очекува демант. Да се молчи за овој проблем не може да биде опција, особено што нејзината изјава ги разгорува етничките тензии во Македонија. Ова не е таа Канада што ние ја знаеме.

—Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125,
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
, www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, mhrmi.org/OurNameIsMacedonia

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top