Дијаспора

Во Македонскиот клуб „Вардар“ од Зинделфинген (2)

kim2

kim2

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – ГЕРМАНИЈА

На чествувањето на свети Методиј во Елвангел беше речено дека солунските браќа свети Кирил и свети Методиј се творци на заедничко дело, неизбришлив паметник за словенскиот род, кој има силна вера и љубов кон Бога. Тие водеа неуморна борба за воведување на старословенскиот, односно старомакедонскиот јазик, меѓу јазиците кои порано биле искачени на пиедесталот на светската култура, писменост и цивилизација, а нивните проповеди биле за создавање на свет во кој народите ќе живеат во мир, слога и благосостојба.

Во попладневните часови започна семакедонско чествување кон свети Методиј. Се полагаа венци и букети свежи цвеќиња пред спомен-плочата, дар од македонскиот народ, македонската држава и од Македонската православна црква-Охридска архиепископија, при што претставници на македонските клубови, друштва и црковни општини од Германија, Холандија и Австрија, како и од семејства и одделни Македонци вршеа поклонение кон свети Методиј Солунски, не заборавајќи да се фотографираат на ова свето место. Тој свечен и светол ден во Елванген беше празник и велики ден и за Македонците во Германија и за македонскиот народ во својата татковина и за Македонците што живеат ширум светот.

Исто така, македонските клубови и друштва, пак, во чест на откривањето на спомен-плочата, организираа спортски натпревари меѓу екипи од повеќе градови на Германија, Австрија и Холандија каде се постигнаа видни резултати во повеќе видови спортски дисциплини. Доделувањето на наградите и благодарниците беше на свечената академија што се одржа во вечерните часови.

kim2-2

Истиот ден започна свечената академија „Во чест на свети Методиј Солунски“ во една од салите на спортскиот комплекс оддалечен 8 км од Елванген. На манифестацијата присуствуваа повеќе од 1500 македонски граѓани и пријатели речиси од сите места на Германија, Австрија и Холандија, дојдени на откривањето на спомен-плочата да се поклонат пред истата и да присуствуваат на свеченостите, дочекани со македонска срдечност и традиционалниот обичај со леб, вино и сол.

Манифестацијата „Во чест на свети Методиј Солунски“ траеше до доцните вечерни часови и заврши со заедничка веселба во исполнение на македонски песни, ора и танци од познати македонски естрадни уметници и културно-уметнички друштва, На крајот, Македонците од Германија ветија дека ќе се залагаат во Елванген да се изгради и црква која ќе го носи името на свети Методиј и која ќе претставува свет храм за сите нив и поблиските европски земји.

Исто така, во текот на посетата во Германија престојувавме во Штутгарт, кој често го нарекуваат „градот меѓу шумата и лозјата“ и чија околина Господ ја дарувал со убавини. Тој е главен град на државата Баден- Виртенберг во СР Германија. Основан е во XII век, тој е древен град, со прекрасни споменици кои говорат за неговото бурно културно и уметничко минато.

Во буквален превод името значи „градина на кобили“. Според легендата, во Штутгарт се наоѓала градината – место за кралските ергела. Градот го красат големиот број културно-историски споменици, високи и стручни школи, кулутрно-уметнички друштва и здруженија, музеи, уметнички галерии, театри, архиви, библиотеки, радио и телевизиски центри. Тој е еден од најголемите издавачки центри во Германија.

По Втората светска војна Штутгарт претставувал големо градилиште. Според кажувањата на градските татковци овој град претставува феникс, зашто по војната, пак, изникна од пеплиштата и урнатините и стана седиште на најразвиената автомобилска индустрија, на машин-ската, електротехничката, прецизната механика, оптичката индустрија, хемиската, текстилната, кожарската, графич-ката. Тој е главен железнички и патнички јазол за Југоисточна Германија, со аеродром, речно пристаниште, град со стара традиционална култура, зачувана од многу векови од минатото.

Штутгарт е град со големина речиси како Скопје, во него живеат повеќе од 700.000 жители,  од кои една четвртина се странци – гастарбајтери и други емигранти кои нашле засолниште по Првата и Втората светска војна. Народот во Штутгарт е весел, духовит и со гордост раскажува интересни анегдоти, непосредно поврзани со историјата, културата, уметноста и значајноста на Ариевците, кои се сметаат за покултурни и позначајни од Швабите.

Нашата посета на Штутгарт беше поврзана со одржувањето на Осмата поетска вечер посветена на свети Кирил и Методиј. Притоа, бевме гости на Македонскиот клуб „Вардар“ од Зинделфинген и во вечерните часови присуствувавме на оваа значајна поетска вечер која се одржа во преполнетата сала „Воршој“. Импресивен беше дочекот на македонската делегација. Кога пристигнавме бевме пречекани од десетина девојчиња и момчиња, облечени во народна носија, кои ни понудија леб и вино, според македонскиот обичај за добредојде.

kim2-3
Штутгарт

Во текот на разговорите со статистички показатели беше изнесена состојбата на вработените македонски просветни работници и отворените лекторати по македонски јазик, литература и култура на универзитетските центри во Германија, Шведска и другите европски и воневропски земји.

Посебно беше нагласена бројната состојба на оспособените ученици во совла-дувањето на правилниот литературен македонски јазик кој претставува своевидна гаранција и обврска за ната-мошното продолжување со дополнителната настава по македонски јазик, литература и култура кај македонските доселеници кои претставуваат мост за зближување меѓу СР Германија и Република Македонија.

При посетата на Франкфурт се уверивме дека се наоѓаме во еден убав и карактеристичен град не само за вредните и трудољубиви Германци, туку тој е и пример за Европската унија и светот. Природата му ја подарила реката Мајна, долж која се изградени и се градат извонредно убави згради кои се пример за архитектите во светот. Тоа особено е изразено во стариот дел на градот, ка­де можат да се видат прекрасни зданија во раз­ли­чен стар стил, додека во центарот на градот се вишнеат облакодери во кои се сместени голем број бан­ки и други значајни светски асоцијации.

Со еден збор, тука е концентрирана финансиската моќ, не са­мо на Германија, туку и на целата Европска унија. Посебен впе­чаток остава зградата на Германската банка која е обложена со сребрено стакло и која во текот на де­­нот, според бојата на небото, повеќепати го ме­ну­­ва својот изглед.

Продолжува

slave-katin-germanija
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top