Дијаспора

Донаторско претставување на монографијата „Атанас Близнаков“ од Славе Катин во Торонто, Канада

atanas-bliznakov

atanas-bliznakov

По повод 40. годишнината од формирањето на фондацијата „Aтанас Близнаков“, на 11-ти мај 2017 година, се одржа донаторска промоција на јубилејното издание  на монографијата за македонскиот национален деец, иселеник и повратник од САД, Атанас Близнаков, дело на Славе Катин, кое е на македонски и англиски јазик, а коe е издание на Ректоратот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје. Делото беше претставено пред голем број македонски иселеници од сите делови на Македонија, а во рамките на активностите на катедралната Македонската православна црква “Свети Климент Охридски” и Клубот на пензионерите „Гоце Делчев“ од Торонто, Канада.

За монографијата зборуваше ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје проф.  д-р Никола Јанкуловски, а присутните ги поздравиja проректорот на УКИМ д-р. Билјана Ангелова, генералниот конзул на Република Македонија во Торонто, д-р Јовица Палашовски, свештеникот Благе Димитриевски и авторот на монографијата Славе Катин.

Во своето излагање  д-р Јанкуловски, меѓу другото, рече дека ова е трето претставување на значајната монографијата „Атанас Близнаков“ од Славе Катин на северноамериканскиот континент. Таа е посветена на најголемиот македонски донатор во иселеништвото – Атанас Близнаков (15. XII. 1901 – 10. VII. 1998), кој во текот на животот не се покажа како обичен печалбар, туку како личност што настојуваше да навлезе во суштината на македонската слобода и правдољубива идеја, гледајќи ги работите со многу сериозен пристап, со што се издигна над времето во кое живееше.

Инаку, Атанас Близнаков емигрира во Соединетите Американски Држави во 1920 година. Работел во Гери (Индијана) и беше активен член на Македонско-американскиот народен сојуз (МАНС). Тој беше еден од основачите на друштвата „Александар Македонски“ и „Лазар Поптрајков“ и еден од иницијаторите за изградбата на првата македонска православна црква во САД, „Свети Петар и Павле“  во Гери, Индијана, а беше и претседател на Болничкиот комитет во Гери за собирање парични средства за изградба на Државната болница во Скопје.

Атанас Близнаков заедно со својата сопруга Славка ја формира фондацијата „Атанас Близнаков“ во 1977 година на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, за стипендирање на талентирани студенти, се’ со цел да ја изразат својата љубов кон идните македонски генерации и кон македонскиот народ од сите делови на неговата родна земја – Македонија.

Ова значајно дело беше промовирано пред голем број Македонци од сите делови на Македонија, особено од Егејска Македонија кои се иницијатори и значајни донатори на  катедралната Македонската православна црква “Свети Климент Охридски” и на Клубот на пензионерите „Гоце Делчев“.

На крајор ректорот проф. Никола Јанкуловски заклучи дека со формирањето на фондацијата „Атанас Близнаков” се даде драгоцен придонес на Универзитетот ,,Свети Кирил и Методиј”, на македонскиот народ и на Македонија, а во исто време таа претставува поттик и инспирација за Македонците во дијаспората.

„Македонска нација“

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top