Дијаспора

СЕ БАРА ДВОЈАЗИЧНОСТ ВО АЛБАНИЈА: Во општините со 20 отсто Македонци официјален јазик да биде и македонскиот

golobrdo

Федералната унија на европските националности усвои резолуција за правата на Македонците во Албанија со која се предлага во сите општини каде живеат повеќе од 20 отсто Македонци, покрај албанскиот, официјален да биде и македонскиот јазик

golobrdo
ГолоБрдо, Албанија

Федералната унија на европските националности (ФУЕН) на 62-от Конгрес што се одржува во Клуж-Напока во Романија едногласно усвои Резолуција за правата на Македонците во Република Албанија, предложена од македонското друштво „Илинден“ од Тирана.

– Нашето друштво, како официјален член на ФУЕН, го искористи правото да ја достави Резолуцијата до конгресот што се одржува во Клуж-Напока, Република Романија. За неа гласаа сите 300 делегати- претставници на 50 асоцијации на повеќе од триесет малцинства од исто толку земји во Европа, изјави Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото и учесник на конгресот.

Според него, ваков документ ФУЕН изгласува по вторпат. Првпат тоа било на Конгресот одржан во мај минатата година во Вроцлав, Полска.

Резолуцијата содржи седум точки со кои се бара Владата на Република Албанија да ја потпише и ратификува Европската повелба на Советот на Европа „за регионални и малцински јазици”, да се признае македонското национално малцинство во Голо Брдо, Гора и на целата територија на Република Албанија, државната телевизија (ТВШ) да емитува програма на македонски јазик, како и да се учи на мајчин македонски јазик во државните школи во областа на Голо Брдо, Гора и на оние места каде живее значителен број припадници на македонската етничка заедница.

Во Резолуцијата се бара да се преиспита и административната поделба спроведена 2015 година, која според македонското малцинство во Република Албанија е чекор назад во почитувањето на правата на македонското малцинство во Голо Брдо и Гора. Се предлага и во сите општини каде живеат повеќе од 20 отсто Македонци, покрај албанскиот, официјален да биде и македонски јазик и да се обезбеди финансиска поддршка од Министерството за култура на Албанија за културни и од Министерството за образование и спорт за задоволување на образовните потреби на македонското национално малцинство.

ФУЕН оваа Резолуција ќе ја достави до Владата на Република Албанија и меѓународните институции.

Македонското друштво „Илинден” е рамноправен член на ФУЕН од мај 2015 година и е првото друштво на Македонци надвор од матичната држава, кое е рамноправен член со право на глас.

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top