Дијаспора

„Камбана“ од Лозана – значајно списание на Македонците во Европа (4)

lozana4

lozana4

НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО ЕВРОПА

Едно од најзначајните и најиздржаните списание со патриотска содржина беше, секако списанието „Камбана“. Првиот број на „Камбана“, кое беше независно македонско списание за книжевност и општествени прашања се појави 1966 година како тримесечник (за јануари, февруари и март), во Лозана, Швајцарија. Се печатеше на македонски јазик со кирилица на 66 страници на формат 21 х 29 см., со годишна претплата од 15 швајцарски франци, или 3 УCA долари, а само воведната статија е и на француски јазик. На насловната страница под името има камбана на која пишува „Илинден 1903″. He e назначено кој го уредува списанието и покрај тоа што на некои текстови се јавуваат автори под име В. Јакимовски, Б. Стрезовсгш и други.

„КАМБАНА” (1966) — ЛОЗАНА

kambana-vesnik

Иницијатор за покренување на списанието беше група македонски интелектуалци кои живееа во туѓина и кои беа свесни за големата потреб а од „духовна храна’; за луѓето, особено кога се во прашање актуелните настани во светската книжевност. Тие во првиот број од „Камбана” ги изнесуваат целите на списанието нагласувајќи: „Ова списание нема политички цели… Заглавието „Камбана” е инспирирано од камбанариите на македонските цркви кои од секогаш играле една од најважните ролји: просветата, утехата, револуцијата и науката, тргнале од истите тие цркви, што ние со гордост констатираме, биле едни од најскромните, најнародните и најхристијанските од историјата, како и најтолерантните слрема другите вероисповести, што е многу важен христијански принцип.

Од Балканските војни наваму Македонија живее во три различни држави: Грција, Бугарија и Југославија, односно Србија. Таа мала земја без среќа го плати данокот на окупацијата, меѓу другото, и со загубата на своите најдобри синови и ќерки кои ја напуштаат татковината за да одат на туѓина каде ќе можат да речат дека се Македонци и каде ќe можат да го зборуваат мајчиниот јазик, без да ризикуваат да бидат затворени”, се вели во воведот.

Во овој број воведната статија е поместена и на француски јазик со цел подобро да ја информираат пошироката јавност, а во продолжение се застапени рубриките: „Страници од историјата на македонската книжевност”, „Наша поезија”, „Наша проза”, „Хумор”, „Актуелни теми”. Исто така, има и: текстови за „Постои Македонска национална црква?”, „За Венко Марковски”, и други.

Вторнот број на „Камбана” се појави како двоброј за април и мај 1966 година. Тој е отпечатен на 108 страници, во Лозаиа. Овој број е идентичен и по форма и по содржина како и предходниот. Тој епосветен на литературните остварувања на Венко Марковски, како и на други остварувања од литературата, а содржи и материјали од политиката.

Бројот три е отпечатен како триброј за јули, август и септември 1966 година и е многу сличен по содржина на предходниот број. Тој е отпечатен на 102 страници, во тираж од 500 примероци, а е исполнет со материјали од литературата, културата и јазикот. Последниот број од ова списание, под број четири, е отпечатен есента 1966 година.

„РЕЛАЦИОНИ  МАЧЕДОНИЈА”  („RELAZIONI  MACEDONIA”) („ИНФОРМАЦИИ  ОД МАКЕДОНИЈА”)   (1971—1988) — РИМ

relacioni-macedonia

Списанието „Информации од Македонија“ излегуваше во рамките на Информативната агенција за печат „Репигиозе” од Рим, чиј директор и главен и одговорен уредник беше Антонио Јерков, од хрватско потекло и голем пријател на Македоиија и македонскиот народ и кој ја ширеше вистината за Македонија ширум светот. Тоа се печатеше на италијански јазик, на различен број страници, на формат 21×27,5 см. Првиот број се појави на 24 мај 1971 година по повод празнувањата на гробот на свети Кирил Солунски, сесловенскиот просветител што се одржаа во главниот град на Италија — Рим. Тој е отпечатен како агенциски извештај на 17 страници и содржи бројни куси вести од културата и други информации за Македонија и македонскиот народ

Bo воведот на првиот број на „Информации од Македонија“, се истакнува: „Овој билтен нема некои таинствени задачи, заштита на некои, ниту други посебни претензии. Неговата единствена цел е да служи на македонската кауза. Баравме и најдовме контакти за да ја прикажуваме вистината и во македонскиот дел од Југославија и во Пиринска и Егејска Македонија, односно деловите во Бугарија и во Грција. Но не им служиме ни на еден од тие делови. Ние сакаме да бидеме непристрасни сведоци на пријателски и братски односи и за каузата за единство на сите Македонци.

Размислата е чиста, човечка, сентиментална, праведна. Во две прилики ја посетивме македонската земја во последните години, каде што се сретнавме со голем број луѓе, меѓу кои и со авторот на овие редови. Секоја средба со тие луѓе и со земјата за нас беше врска со ентузијазам и на еден почеток. А овој почеток се роди многу спонтано. ,,Релациони Мачедонија“ е акт на сведоштво, крик на светот за реалноста на еден народ”.

koloseum-rim
Колосеумот во Рим

Првата годипа од излегувањето на „Релациони Мачедонија” се отпечатени 14 броеви, а наредните години тој број варира, како и бројот на страници. Покрај уредникот Антонио Јерков, акредитиран новинар од Македонија беше Олга Спиркоска виден новинар од „Нова Македонија”, а во содржината се среќаваат бројни текстови и прилози од македонски автори (меѓу кои и авторот на овие редови), кои се однесуваат на културата, историјата, науката, литературата, јазикот, религијата…

Клишето на главата на списанието е на италијански, во левата страна е поместена етничката карта на Македонија, a под тоа започнува содржината на бројот. Од бројот 9 од 11 октомврн 1971 година е сменета главата на весникот. Така, името на гласилото останува исто, а преку целата прва страница е дадена етничката карта на Македонија. Вакво клише на главата списанието го задржа се’ до неговото згаснување во 1988 година.

Исто така, во рамките на Информативната агенција за печат што ја водеше и уредуваше Антонио Јерков, се печатеше и списанието „Балканика”. Тоа започна да излегува на италијански јазик, на формат 15×21 см. од 1982 година, на сто до сто педесет страници, и да објавува материјали од културата, религијата, историјата на Македонија, Романија, Бугарија и Југославија. И за ова списание дописник од Македонија беше познатата новинарката Олга Спиркоска. Ова списание излегуваше, најчесто како двоброј.

Продолжува

slave-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top