Дијаспора

Дел од историскиот развој на Британското Кралство (2)

uk2-1

uk2-1

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Кога се зборува за Велс, треба да се нагласи дека Кардиф е главен и најголем град, во кој живеат околу 250.000 жители и е деветтиот најголем град во Обединетото Кралство. Тој е главен трговски центар на земјата и место за повеќето национални културни и спортски институции, центар на велшките национални медиуми, како и седиштето на Националното собрание на Велс. Кардиф е значаен туристички центар и една од светските туристички дестинации во сегашноста.

Белфаст, пак, е административен центар, главен град и најголем град на Северна Ирска. Тој е осумнаесеттиот најголем град во Обединетото Кралство и вториот по големина на островот Ирска, со околината брои околу половина милион жители. Белфаст одигра клучна улога во индустриската револуција, како глобален индустриски центар до втората половина на XX век.

Денес, Белфаст е значаен центар на индустријата, уметноста, високото образование, бизнисот и економијата на Северна Ирска. Во исто време, градот е центар на унионистите, кои се противници на внатрешната управа. Всушност, проблемот е религиското прашање изразено преку нетрпеливоста помеѓу протестантите и католиците. 

uk2-2
Кралицата Елизабета Втора

Инаку, Велика Британија е предизвик за голем број ројалисти, капиталисти, спортисти, авантуристи, бизнисмени, уметници, писатели и други глобалисти. Сите тие се информирани дека Велика Британија или Британија, како често ја нарекуваат, е деветтиот најголем остров во светот и најголемиот европски остров, како и најголемиот од Британските Острови.

Со население од околу 60 милиони жители тој е трет најнаселен остров во светот, по Јава (во Индонезија) и Хоншу (во Јапонија). Британија е остров кој  е опкружен со повеќе од 1000 помали острови и островчиња.

Кралството Велика Британија како политичка унија на кралствата Англија и Шкотска било формирано на 1 мај 1707 година, за време на владеењето на кралицата Ана. Во 1801 година, пак, со новиот Закон на Унијата, ова Кралство се споило со кралството на Ирска по што се создало Обединетото Кралство на Велика Британија и Ирска. По Ирската војна за независност поголемиот дел на Ирска се одделил од Унијата и се формирало Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Во богатиот историски развој на Велика Британија постојат повеќе сојузи од што произлегле повеќе имиња. Покрај тоа што со Актот на Унијата Англија и Шкотска формирале Обединето Кралство на Велика Британија, тоа било нарекувано и со имињата „Едно Кралство“, „Обединетото Кралство на Велика Британија“ и „Обединетото Кралство“.

Сепак, државата основана од Унијата на Англија и Шкотска во 1707 година, се однесувала на кралството на Велика Британија од кога се смета дека Велика Британија станала доминантна колонијална сила во светот. Заедно со Франција и Шпанија биле главните ривали за освојување на „новиот свет“.

Обединетото Кралство, составено од Велика Британија (Англија, Велс и Шкотска) и Северна Искра е уставна монархија чиј владетел воедно е владетел на државата и шеф на Владата. Власта е поделена меѓу Парламентот кој ја има законодавната власт, Кабинетот на министрите (составен од 20 министри и премиерот) кој ја има извршната власт и судското тело.

Културата на Обединетото Кралство е насликана преку четирите земји кои го обединуваат кралството во политичка унија. Секоја земја придонесува со сопствените традиции, обичаи и симболика. Благодарение на Британската Империја, британското влијание може да се види со своите траги во јазикот, културата и правниот систем на многу од нејзините поранешни колонии, како што се Канада, Австралија, Индија и САД.

За културата, уметноста, традициите, религијата и другите посебности на Велика Британија може многу да се пишува. Меѓутоа, ние ќе споменеме, меѓу другото, некои важни аспекти на англискиот јазик.  Имено, тој е мајчин јазик на најголемиот број  луѓе во Австралија, Искра, Канада, Комонвелтот, Карибите, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и САД, кој често се нарекува како англосфера. Во голема мера се користи како втор јазик и како службен јазик низ светот, особено во земјите од Комонвелтот како Индија, Пакистан и Шри Ланка и од многу различни меѓународни организации.

Англискиот е доминантен меѓународен јазик во комуникациите, науката, деловното работење, воздухопловството, медиумите, дипломатијата и друго. Влијанието на Британската Империја е главната причина за првичното проширување на јазикот далеку од Британските Острови. По Втората светска војна, растечкото економско и културно влијание на САД значително го  забрза ширењето на англискиот јазик без кој не може да се замисли денешното живеење.

uk2-3
Церемонија во Лондон

Нашето патување од Македонија до Велика Британија беше со цел да се  посети и да се престојува во Лондон, „центарот на цветот“, како обично го нарекуваат. А да се посети Лондон значи посетителот да се запознае со еден голем дел од вистината на денешната вистина на животот.

Лондон е главен и најголем град на Англија и на Обединетото Кралство, а според некои показатели тој е и најголемата урбанизирана зона во Европската унија, каде се кројат многу државнички судбини од светот. Се наоѓа на реката Темза на подрачје каде постојат населби веќе два милениума.

Историјата на овој велеград датира уште од времето на Римската Империја за кој се смета дека бил основан од Римјаните кои го нарекле „Лондиниум“. Античкото јадро на Лондон во голема мера ги има задржано своите граници. Лондон е еден од водечките глобални градови со развиена уметност, трговија, образование, забава, мода, финансии, здравство, медиуми, професионални услуги, истражувања, развој, туризам и транспорт, кои придонесуваат за неговата важност како светска метропола.

Продолжува

slave-katin-germanija
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

To top