Дијаспора

ВАСИЛ СТЕРЈОВСКИ ЗА ПРАТЕНИК ВО ПАРЛАМЕНТОТ НА АЛБАНИЈА!

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО АЛБАНИЈА

ВАСИЛ СТЕРЈОВСКИ ЗА ПРАТЕНИК ВО ПАРЛАМЕНТОТ НА АЛБАНИЈА!

3 јуни 2017 година, Корча, Албанија

– Кандидатот за пратеник во Парламентот на Албанија, Васил Стерјовски, упати повик за престојните парламентарни избори што се одржуваат на 25 јуни годинава.

– Почитувани Македонци и Македонки, драги мои сонародници, на престојните парламентарни избори во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) настапува во коалиција со Социјалистичко движење за интеграција (LSI). Според договорот за коалицирање помеѓу МАЕИ и LSI, јас сум кандидат на листата на LSI во округот на Корча. Благодарност до МАЕИ за поддршката да ја претставувам на изборите на 25 јуни. Чест ми е што со ваша поддршка доследно ќе ги претставувам и ќе им служам на Македонците и на сите граѓани во округот на Корча. Дојдено е времето Македонците да бидат претставени во Парламентот на Албанија, да се слушне нашиот глас! Договорот на МАЕИ со LSI ќе ни овозможи интеграција на Македонците во институциите на власта во Република Албанија, економски развој на областите каде што живеат Македонците, заштита на македонскиот јазик, култура и обичаи.

Убеден сум дека со вашата поддршка ова и ќе го постигниме! – апелира Васил Стерјовски.

Кон поддршката се приклучува и Светскиот Македонски Конгрес за семакедонско помирување и обединување во Албанија, на престојните парламентарни избори Македонците да го добијат својот прв пратеник! Светскиот Македонски Конгрес ги повикува сите Македонци во Албанија, независно од политичката припадност, излезете масовно и гласајте за Васил Стерјовски и LSI!

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top