Дијаспора

Меѓу Македонците во метрополата Лондон (3)

london3-1

london3-1

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Лондон е важно културно, економско и образовно средиште во Европа и во светот, кој, меѓу другото,  беше домаќин на Летните олимписки игри во 2012 година. Заедно со Париз, Њујорк И Токио, Лондон се смета за еден од најголемите и најзначајни светски центри. Лондон е културна престолнина на светот. Тој има 43 универзитети што претставуваат најголема концентрација на високото образование во Европа. Повеќе од 300 јазици се зборуваат во границите на Лондон, кој има околу осум милиони жители што го прават најнаселен велеград во Европската унија.

Во текот на престојот во Лондон посетивме голем број културно-историски споменици. Меѓутоа, треба да се нагласи дека Лондон е центарот на: Лондонската кула, Вестминстерската палата и црквата „Света Маргарета“, потоа, на праисториската населба на Гринич. Други познати знаменитости се: Бакингемската палата, Лондонското Око, Пикадили, катедралата „Свети Павле“, „Тауер Бриџ“, „Трафалгар Сквер“, „Хајд Парк“, „Винбелдон“, театарот „Викторија“ и многу други. Лондон е дом на бројни музеи, галерии, библиотеки, спортски терени и други културни институции, вклучувајќи го, меѓу другите, и Британскиот музеј, Националната галерија, Британската библиотека, бројните театри и други светски институции. Како интересен податок ќе споменеме дека Лондонското метро е најстарата подземна железничка мрежа во светот.

Исто така, нашата посета на Лондон беше врзана со присуството на свадбениот чин меѓу нашата ќерка Дафинка и нејзиниот сопруг Италијанецот од Рим Џампаоло Скатоца што се одржа во Општинската канцеларија на Западен Лондон. На таа свеченост присуствуваа околу триесетина нивни пријатели, Македонци и Италијанци. Таа свеченост остана во трајно сеќавање на младоженците и на нивните роднини и пријатели од Македонија и Италија.

Тоа беше светол чин што остави траги не само по официјалниот чин – свечена англиска  регистрација, туку и по свадбените церемонии, обичаи и друго. По свечената церемонија во еден ресторан се слушаше англиска, италијанска и македонска музика. Големо беше задоволството кога под контрола на зетот, кој е музичар по професија се свиреше и пееше песната „Македонско девојче“.

london3-2

Во текот на нашата посета бевме гости на неколку македонски и италијански семејства, при што можеше да се види и почувствува мелодичноста од двете етнички групи и да се заборават неправдите од минатото. Туку, напротив се почувствува љубов, топлина, другарување…

Инаку во Лондон живеат повеќе стотини Македонци, од студенти до професори, од работници до бизнисмени и од бездомници до уметници. Таму постои Македонската православна црква „Свети Архангел Михаил и сите ангели“, во која Македонците од тие британски простори ги задоволуваат своите духовни, црковни и национални потреби. Исто така, во Лондон, меѓу другото, постои Асоцијацијата на Македонците во Обединетото Кралство, Македонскиот совет за унапредување и промоција, Училиште на македонски јазик, Македонското културно-уметничко друштво „Сонце“ и други асоцијации.

При посетата на неколку членови на Македонската православна црква разговаравме за проширување на соработката со Македонската православна црква во Македонија. Притоа, стана збор за одредување македонски свештеник кој ќе биде столбот на сите духовни и црковни активности кај Македонците во Лондон и околните градови.

Исто така, ја посетивме светската новинарска куќа „БиБиСи“ која има локално радио, телевизија, телетекст и онлајн-услуги во Лондон и делови од околината. BBC Лондон може да се гледа во кој било дел на Велика Британија и Европа на дигитален сателитски канал.

Меѓутоа, посетата на Британскиот музеј, кој е посветен на човечката историја и култура беше посебно доживување. Неговата постојана колекција која брои околу осум милиони дела, е меѓу најголемите и сеопфатни во постоењето во светот и потекнува од сите континенти, прикажувајќи документи на приказната за човечката култура од нејзините почетоци па до денес. 

Британскиот музеј е основан во 1753 година, во голема мера врз основа на збирки на лекарот и научникот сер Ханс Слоан. За првпат бил отворен за јавноста на 15 јануари 1759 година. Таму има голем број експонати на културата од Македонската Империја, меѓу кои и Розетата на камен, напишана со коите – писмото на Александар Македонски.

Исто така, го посетивме и „Хајд Парк“, најголемиот од сите паркови во Лондон и еден од најголемите во светски рамки. Исто така, тој е еден од кралските паркови со познатата говорница на слобода на говорот. Тој е место за шетање за млади и стари за бедни и богати, за музичари, натрапници, патеписци, фашисти и ројалисти. Во него се одржуваат голем број музички, театарски, уметнички и друг вид манифестации. Тоа место за средби и разделби.

Еден од најзначајните споменици на Лондон, секако, се Кенсингтоновите градини кои се едни од кралските паркови во Лондон. Тие  се сместени на западната страна  на „Хајд Парк“, а биле дизајнирани од 1728 до 1738 година. Денес, тие како кралски градини се едни од најсовремените и најинтересните природни чуда во светот.

london3-3
Македонски храм „Свети Архангел Михаил“ во Лондон

Покрај тркалезното езеро, во нив тече река, има плоштад кој се наоѓа точно во центарот на реката, има фонтани со голем број класични скулптури, разновидни цвеќиња, дрва, со посебна нагласка на украсениот самовилски даб стар 900 години и, се разбира, изобилство англиска трева, која служи за пример како треба да се негува тревата. За овој парк се поврзани голем број легенди, вистини и литературни творби. Но најважно од сè е тоа што таму е сместена кралската палата и други јавни објекти на Велика Британија.

Кенсингтоновите градини се отворени само за време на часовите на дневна светлина, додека „Хајд Парк“ е отворена од пет часот наутро до полноќ, во текот на целата година.

По неколкудневниот престој, по посетите и на други споменици од културата, уметноста, државните, кралските и други знаменитости го напуштивме Лондон. Од плоштадот „Викторија“ се упативме кон аеродромот „Гетвик“, а оттаму повторно кон Париз, за во вечерните часови  да пристигнеме во Скопје.

Продолжува

slave-katin-germanija
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

To top