Дијаспора

Значајна улога на весникот „Обединета Македонија“ од Минхен (7)

obedineta-makedonija

obedineta-makedonija

НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО ЕВРОПА

Македонците во Европа секаде и во секоја пригода го истакнуваат македонското битие, изразено преку сопствената, богата, културна, национална и духовна историја. Во таа насока се и настојувањата на весникот „Обединета Македонија“ од Минхен, Германија.

Имено, во 1975 година се појави весникот „Обединета Македонија” како тримесечно издание (за октомври-ноевмри-декември). Tоj e отпечатен на 14 страници на формат 31×47 см. на македонски јазик, а има текстови и на англиски јазик. Издавач на весникот е Движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ).

Весникот „Обединета Македонија” го уредил Редакциски колегаум чиј главен редактор бил професор Станко Карев, а одговорен редактор Ване Самоилов. Името на весникот е на македонски со кирилица, а под него и на македонски и англиски јазик е запишано дека тоа гласило е „македонски народен весник”. На левата страна е поместено црвено знаме со лав и на него пишува Македонија. Во средината на насловната страна е етничката карта на Македонија, а потоа е даден опширен текст под насловот: „11 Октомври – втор македонски Илинден”.

„ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА” (1975) — МИНХЕН

obedineta-makedonija-2

Во опширниот воведник поместен на втората страница, меѓу другото се вели: „Весникот „Обединета Македонија”, кој е орган на ДООМ наша величина и гордост затоа што се вбројува во тој помал дел на емиграцискиот печат и покрај тоа што меѓу него и некои весници и списанија од тој помал дел, постои и мора да постои разлика.

Македонското прашање го надминува доменот на југословенската внатрешна политика – тоа е и балканско, а денес и меѓубалканско прашање, па затоа „Обединета Македонија” како слободна национална трибина и како орган на едно македонско ослободително движење чија што главна цел е обединувањенa распарчена Македонија, има задача која што весниците и списанијата од демократскиот и прогресивниот дел на другите национални емиграции ја немаат”.

 „Обединета Македонија” како слободно македонско гласило денес исполнува една историска мисија. Весникот има света задача да работи за извојување на нови придобивки за македонската нација, a не да ги урива оние што веќе нашата нација ги извојувала по цена ла   големи и скапи животи”.

Bo овој број на англиски јазик е презентиран дел од говорот на секретарот Ване Самоилов пред Националниот комитет на 13-та годишна конференција на Централниот комитет во Франкфурт – Германија, како и соопштението во кое се објаснува дека:

„Досегашниот орган на ДООМ списанието „Македонска нација” отсега ќе се издава во состав на весникот „Обединета Македонија” и секакви други списанија и весници подова име ќе се сметаат за непријателски на ДООМ. Причинате за ваквите промени се реорганизацијата и проширувањето на соработката на ДООМ со целокупната македонска емиграција а патриотските весници и списанија „Македонска вистина”, „Македонска трагедија” и „Македонски глас” добиваат свои места како органот на ДООМ „Обединета Македонија”. Co ваквото отворање кон „братските весници и списанија”, Редакцијата очекува целосна соработка и поддршка од македонските патриоти и читатели”.

Така. на четвртата страница од весникот е поместен додаток на „Македонска нација” како прилог на „Обединета Македонија”. Овде „Македонска нација” е регистрирана под брот 27 (година V). Под насловот стои „Обединети Македонци за обединета Македонија”! На левата страна е втиснат амблемот на ДООМ со етничка карта на Македонија во средината, каде што е сместен лав како симбол. На оваа страница се наоѓа текст под наслов: „Илинден е жив, бесмртна е македонската нација”, а потоа следи текстот за Сава Михајлов под наслов: „Доследен борец на МНОД”.

Во продолжение иа „Обединета Македонија” на седмата страница е бројот 11 год. III) на весникот „Македонска трагедија”, каде што се дадени текстовите под наслов „Фашизмот – најкрволочниот ѕвер на денешницата” и текстот „Кон етногенезата на современиот „грчки народ”.

makedonska-nacija-3

На деветтата страница, пак, следи првиот број од весникот „Македонска вистина” од Торонто, Канада, орган на Македонското ослободително движење (ДОМ) за Америка, Европа и Австралија. Бројот е отпечатен за октомври, ноември и декември 1975 година, На неговите страници се текстовите „ Еден октомвриски ден”, „100-годишнината од раѓањето на Димо Хаџи Димов”, „Федерална Република Пиринска Македонија”, „Судска лакрдија” и рекламнопропагандни информации и мали огласи.

На четиринаесеттата страница е презентиран весникот „Македонски глас” год. I бр. I – како списание за македонски јазик, литература и култура. Тој започнува со изреката на Гоце: „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар и почит помеѓу народите”, во продолжение следат неколку патриотски поетски творби од необјавената стихозбирка „Погребани во ветрот”.

Продолжува

slave-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top