Дијаспора

Македонските информативни гласила „Снегулка“ и „Македонија“ во Шведска (9)

makedonija-partile

makedonija-partile

НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО ЕВРОПА

Списанијата „Македонски весник” и „Снегулка” ги издаваа Македонци, ентузијасти, вљубеници во македонскиот јaзик, култуpa, литература историја… Главен и одговорен уредник од јануари 1980 година беше познатиот и доблесен иселеник Tрајан Масев кој живееше во Гетеборг, a no потекло од Свети Николско. Toј бешe познат општественик и вљубеник во пишаниот збор кој во слободното време се занимаваше со новинарска дејност.

Долг период заменик на главниот и одговорен уредник беа: Борче Андовски и Тале Трпоски. Редакписки секретар беше Виолет Димовска, а благајник беше Петар Атанасовси. Дописници и соработници има од повеќе места во Шведска и други европски земи, меѓу кои биле: Паце Арсова, Лидија Котевска. Десанка Величкова. Сотир Масалковски, Живко Матевски, Слободан Пановски, Снежана Дојчиновска, Мито Силтановски, Медат Хамиловски, Владимир Петровски, Слободанка Трајчевска и многу други.

Бројот на соработниците и дописниците беше навистина голем. Тие беа најповеќе од Шведска, а имаше и оддруги европски земи, од Австралија и Република Македонија, меѓу кои и авторот на овие редови. Нивните текстови врзани за активностите на македонските и други друштва и клубови, јa збогатуваа содржината на списанието, а во исто време придонесуваа и за афирмација на македонската вистина пред македонската и пред шведската јавност.

Bo ова, а и во другите списанија во Шведска се среќаваа толем број поетски и прозни творби, особено на младите Македончиња кои со силен жар пишуваа за желбите, носталгијата за родниот крај, патриотските чувства кон Македонија… Овие литературни обиди се од непроценливо значење и придонес во културно-просветните процеси во средината каде што живеат Македонците и можност за афирмирање на македонското културно наследство.

Преку нив не само што се афирмира културното богатство на македонскиот народ во новата средина, туку посредно и непосредно се развива и збогатува мозаикот на шведската култура како вистински мост за зближување меѓу Македонија  и  Шведска.

„СНЕГУЛКА” (1979—) — ГЕТЕБОРГ

snegulka

Првиот број на ова детско списание се појави 1979 гадина како дотаток на „Македонски весник”. Тоа се печатеше во состав на списанието, на ист фармат (21×29 см.) од 8 до 16 страници, чиј главен и одгаворен уредник е Трајан Масев. Се печатеше на македонски јазик, а имаше и детски творби на турски јазик, особено на македонските Турци од печалбарска Преспа. Клишето на главата на списанието е на македонски со кирилица а десно од неа и на шведски. Во воведот на првиот број, весникот се обраќа со зборовите:

„Драги деца! Еве ме по прв пат меѓу вас. Како што гледате го добив името „Снегулка”. Знам дека ќе прашате кој ми го даде тоа убаво име? Името, обично на своите деца го даваат родителите. Така и iac го добив моето име од своите родители кои се викаат: Редакција на „Македонски весник” во Шведска. Знаете, јас немам прави родители, татко и мајка како што вие имате. Јас сум се родила во една бајка која се вика „Снегулка и седумте џуџиња”. Вие сигурно знаете за таа бајка, а ако не знаете, тогаш јас ќе ви ја раскажам во еден од наредните броеви. Ќе ви кажам за се’ што најповеќе ве интересира, а тоа се: прикаски, бајки, песнички, мали крстозбори и друго”.

Првиот број отпечатен на осум страници обилува со текстови претежно позајмени од детски списанија што се печатат во Републиката, а има и изворни материјали за активностите на македонските дечиња во Шведска. Вториот број е со иста форма и содржина и е исполнет со бројнми фотографии од животот на младите генерации. Наредните години списапието „Снегулка” излегуваше во секој број од „Македонски весник, така што за време од дванасет години се отпечатени околу 45 броја, кои     претставуваат вистински детски информатор и афирматор на детските желби, мечти во постигнувањата, како и значаен прилог на македонската детска книжнина.

Списанието „Македонија“, пак, се печатеше во Партиле – Шведска. Првиот број излезе во април 1983 година како орган на Движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ) и тоа на македонски јазик кирилица, на 24 страници и на формат 21×30 см. Поголем број од текстовите се изворни, а само неколку се позајмени од други гласила. Списапието го уредуваа членови на ДООМ.

Според воведната статија поместена на последната страница од првиот број, издавањето на ова списание, всушност, претставува надоврзување на порано излезените списанија. Идејата и политичката платформа се речиси идентична со онаа на „Македонска нација”, „Илинден” и порано излезените броеви на „Македонија”.

makedonija-partile

Во списанието се истакнува дека се прифаќа соработка со било која или било каква организација, политичка групација, печат, радио и слично, особено ако тоа не пречи на интересите на македонскиот народ и на ДООМ и е во прилог на правдата, вистината, хуманоста, разбираињето и заштитата на макадонските интереси и вооошто на човештвото.

Тоа значи подавање братска рака на сите македонски списанија и весници што излегуваат во светот, а исто така и на сите демократски списанија и весници и од други нациопалности. Инаку, беше предивдено од „Македонија” да се печатат десет броја годишно.

partile
Партиле

Содржински, првиот број изобилува со текстови од национален карактер и изразито патриотски дух, како на пример текстовите: „Заборавените Македонци”, за иселувањето на Македокците од СРМ, за изградбата на новиот црковен храм во Гетеборг, за Македонија и други.

Вториот број на списанието од август 1983 годнна беше отпечатен на 20 страници на ист формат, но на послабо техничко и содржинско ниво. На корицата е поместена фотографија на Гоце Делчев, а на последната етничка карта на Македанија. Во овој број на списанието се среќаваат текстови, како: „Да живее Илинден”, „Крушевскиот манифест”, „Отворено писмо”, „Македонски  меморандум”   и  др.

Бројот 3 е веројатно последен на списанието „Македонија”. Тој е отпечатен во декември 1983 година на 24 страници, употребувајќи македонски јазик со кирилица. Во него се поместени текстови кои се однесуваат на Ченто и на Президиумот на АСНОМ, како и едно компромитирачко писмо упатено до проф.  Бен Благој Миленковски.

Продолжува

slave-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top