Дијаспора

Списанието „Гласник“ на УНЕСКО од Париз на македонски јазик (10)

unesco

unesco

НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО ЕВРОПА

Одсекогаш улогата на средствата за јавно информирање кај Македонците била од големо значење. Тие се незаменливи во продолжувањето на културните традиции на македонските доселеници во новиот свет. Гласилата настојуваат целосно да го запознаат читателот со македонскиот јазик, културата, историјата, фолклорот, обичаите и со други карактеристики донесени од сите делови на Македонија.

Таков е случајот со списанието  на УНЕСКО „Гласник“ (1980—1991)  од Париз. Првиот број на ова значајно списание на македонски јазик се појави во септември 1980 година. Тоа е отпечатено на 36 страници и на формат 21 х 29 см, како гласник на УHECKO — Организација на Обединетите нации за образование, наука и култура, чие седиште се наоѓаше во Париз. Главен и одговорен уредник беше Жан Голен, а одговорен уредник на изданието на македонски јазик од Македонија беше Цветан Станоевски.

Во првиот број се вели дека списанието „Гласник” се печати на 24 јазици и дека тоа излезе по повод ХХI седница на Генералната конференција на УHECKO одржана во Белград од 23 септември до 28 октомври 1980 година.

Co исклучок на третата година од печатењето, во наредните години редовно се печатеа по три броја годишно, на ист формат и на ист број страници. Секој број има тематски наслов, a како додаток на македонските изданија се објавени бројни прилози од културата, науката, образованието, историјата, литературата, јазикот и друго.

Македонското издание на „Гласник” на УHECKO го издаваше Републичката комисија за културни врски со странство и го дистрибуираше до УHECKO во Париз, до уредниците на сите јазигчни изданија, до сите позначајни куптурни, научни, образовни и други институции и заинтересирани поединци.

Благодарение на научно-опширниот јазик во обработката на телате, потврдениот висок квалитет и автентичноста на содржините, списанието „Гласник” се’ повеќе се пробиваше меѓу читателската публика во секоја земја.

pariz
Париз

Броевите на списанието „Гласник” тематски беа посветени на образованието, науката, културата и информатиката. Во него се објавуваа прилози од најеминентни автори од голем број земји и нивните размислувања за современиот свет, уметноста, науката, историјата на цивилизацијата, со што се поттикнуваше соработката и разбирањето помеѓу народите. Затоа, изданието „Гласник” на македонски јазик имаше големо национално и културно значење. Особено што во рамките на секој број, покрај основниот текст, се вградуваше и додатен материјал од 4 печатени страници по избор на македонската редакција и од македонски автори.

Затоа, со право можеме да кажеме дека списанието „Гласник“ беше вистински гласник на македонската културата, науката, образованието, историјата, литературата, јазикот, на македонскиот народ и Македонија.

ТАТКОВИНА” (1984—1988) — КОПЕНХАГЕН

tatkovina

Списанието „Татковина” беше орган на Клубот „Македонија” и Здружението „Преспа” од Копенхаген – Данска. Првиот број излезе 1984 година како тримесечник на 20 страници мал формат (14,5×21 см.) и се печатеше на македонски јазик. Списанието започна да го уредува Редакциски одбор од седум члена и тоа: Б. Котевски, X. Бахтијар, Б. Дамјановски, Ф. Шабединовски, П. Тошев, О. Ајазовски Д. Вељановски, а соработници беа: Е. Нешевски и С, Робевски. Изпегуваше четирипати во годината, а издавач беше фирмата „Меркур” од Балерш.

На корицата од првиот број е поместена карта на Југославија и песна од Ванчо Николески. Во воведната статија (на втора и трета страница) се истакнува: „Co потпишувањето на Југословенско-данската декларација за школство и со првите организирани училишта, а особено со формиравњето на Клубот „Македонија”, се создадоа услови за издавање на ова списание. Така, на 18 декемврм 1983 година е формиран Редакциски одбор и е одлучено за името на списанието, со поткрепа па Клубот „Македонија” и Здружението „Преспа”, a e донесен и Правилник за работа на списанието „Татковина”.

kopenhagen
Копенхаген

Во продолжение од првиот број следат информации од Законот за странци, списокот па Управниот одбор на клубот „Македонија”, за библиотеката на клубот и за Здружението „Преспа”, кое од почетните 50 членови, веќе во 1984 година ја достигна бројката од 395 членови, главно од турска националност, a по потекло од Преспанскиот крај. Следат текстови за мајчиниот македонски јазик, за најмладите, за годишен одмор во Татковината, страница за хумор со крстозбор, како итекст по повод одржувањето на Македонскиот фестивал во Гетеборг, Шведска на 22 април 1984 година.

Броевите два и три се печатени на 28 и 36 страници и се слични и по форма и по содржипа. И бројот 4 од 1984 година е отпечатен на 32 страници и има ист формат како и претходните броеви. И овој бpoј обилува со информации од Законот за странци, од активностите на Клубот „Македонија” и Здружението „Преспа” во каи се одржани годишни собранија со избор на нови претседатели. Така, за претседател на Клубот „Македонија” е избран Мито Силјановски, а на Злружението „Преспа” Кенан Бајрамовски. Исто така, се презентирани и текстови од други информативни гласила.

Bo 1985 година се отпечатени три броја, идентични и по форма и содржина со броевите од претходната годнна. Следната 1986 како и 1987 година излегоа четири броја, додека во 1988 само еден број. После ова следи одреден прекин во печатењето на ова гласило.

Карактеристика на речиси сите броеви на списанието „Татковина” е тоа што тоа дава една слика за животот и активностите на македонските доселеници во Данска, како и во другите европски земји, со посебна нагласка на активностите во Клубот „Македонија”   и Здружението „Преспа”.

Продолжува

slave-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top