Дијаспора

„Македонски глас“ прво гласило на МПЦ „Света Тројца“ од Минхен (11)

makedonski-glas

НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО ЕВРОПА

Македонската православна црква – Охридкса архиепископија (МПЦ-ОА) игра значајна улога во опфаќањето и сплотеноста на Македонците во Европската унија. По обновувањето на самостојноста на Охридската архиепископија во 1958 година и на автокефалноста во 1967 година, МПЦ направи силен пробив меѓу бројното македонско иселеништво од сите делови на Македонија во прекуокеанските земји САД, Канада и Австралија, како и меѓу Македонците во денешната Европска унија и во други земји.

МПЦ-ОА во Европската унија е организирана преку Македонска православна епархија која беше формирана во 1984 година. Покрај задоволувањето на црковно-религиозните чувства и потреби, основните начела на МПЦ-ОА во своето дејствување во дијаспората беа и се, меѓу другото, јакнење на единството сред македонскиот народ, слогата, евангелската љубов, чувството за слобода, разбирање и заедништвото со сите луѓе во средините во кои се определиле да живеат.

Тоа придонесува Македонците да бидат добри, чесни, примерни и трудољубиви граѓани во своите нови татковини. Трудејќи се да обезбедат достоен живот за себе и за своите фамилии, тие секогаш се подготвени искрено да придонесуваат за поголем просперитет на новата татковина.

Таков е случајот со Македонската православна црква „Света Тројца“ во Минхен, која, покрај црковниот живот, цленовите се потрудија да го издаваат информативното гласило „Македонски глас“

„МАКЕДОНСКИ ГЛАС” (1992) — МИНХЕН

makedonski-glas

Весникот се појави на 14 јуни 1992 година како гласило на Македонската заедница за Јужна Германија. Тој е отпечатен на македонски јазик, со кирилица, на 8 страници, на формат 28,5 х38,5 см. Издавач е Македонската православна црковна општина „Света Тројца” од Минхен.

Hero ro уредува Редакциски одбор, чиј главен и одговорен уредник е Атанас Џевелков, а членови се: Мимоза Лукарев, Трајче Недановски, Никола Павлов и Ристо Киклевски, додека технички уредник е Војислав Станчевски. Весникот е печатен во НИП „Нова Македонија” во Скопје, во тираж од 500 примероци, чија редакција се наоѓа во претставништвото наСтопанската банка во Минхен.

Во воведот на првиот број под наслов „Се случи-весник”, покрај другото, се вели: „Пред вас е првиот број на „Македонски глас” – весник на Македонската заедница во Јужна Германија. Потребата од еден ваков весник се чувствуваше од поодамна, од разни причини се одлагаше за некои другивремиња.

Меѓутоа, информативниот вакум кој трае подолго време сега најсериозно го сврте вниманието кон издавањето на еден сопствен весник, во што се доби помош и соработка со Редакдијата на „Нова Македонија”. Весникот ќе излегува еднаш месечно, а на страниците ќе објавува неколку рубрики: средби и разговори, актуелни теми, наши гости, нашите во Јужна Германија, а на крајот ќе следува мак-телефакс кој ќе објавува кратки текстови од родниот крај… МПЦ „Света Тројца” од Минхеп е покровител и финансиер на ова информативно гласило, а ќе биде дистрибуирано насекаде во светот”.

Овој број е убаво технички уредвен и богат со разновидна содржина од животот на Македонците во Германија и на други места, а се поместени и текстови за општествениот и културниот живот во Република Македоннја.

minhen
М
инхен

Покрај македонските информативни гласила кои излегуваа во период од три и половина деценија (1957-1992) македонски страници се печатат и во гласила на други нации. Веројатно тоа беше како резултат на политиката за југословенското заедништво меѓу иселениците и привремено вработените во странство, Затоа, во тие децении таа појава беше најизразена во западноевропските земји, каде и беа формирани бројни македонски друштва и асоцијации со пројугославенски карактеристики.

Сличпо беше и со информативните гласила, кои се печатеа на српско-хрватски или хрватско-српски јазик, а во кои имаше додаток, односно сграници на македонски и на словенечки јазик. Така, во 1972 година во Трелеборг, Шведска, започна да се печати весникот „Југословенски глас”, во кој една страница се течатеше на македонски јазик.

Исто така, во весникот „Југословенски лист” што започна да излегува во Стокхолм од март 1976 година од кој до 1992 година се оппечатени околу 300 броеви, се печатеше македонска страница. Обично овие гласила беа орган на Југословенскиот сојуз во кој до 1992 година беа вклучени и македонските организации и друштва.

Македонските страници во овие гласила се исполнети со куси вести и други информации од Република Македонија и пошироко, со материјали за најмладите, спортски вести, поетски остварувања и друг вид информации од социјалниот, културниот и општествениот живот на привремено вработените во западно европските земји.

Продолжува

slave-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top