Дијаспора

Меѓународниот симпозиум „Улогата на црквите во новите општества“ одржан во Будимпешта (6)

ungarija6-1

ungarija6-1

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – УНГАРИЈА

Во Будимпешта, градот на Дунав, живеат околу два милиона жители и градот располага со исклучително богата и разновидна туристичка понуда. Во Будимпешта  има голем број ресторани, хотели и други угос­ти­тел­ски објекти во кои можат да се задоволат вкусовите на сите категории гости. Ис­­клучително богата е и културната забава. Токму за­­тоа, не е воопшто случајно што последниве не­кол­­­ку години Будимпешта прераснува во вис­тин­ска ту­­ристичка мека за посетителите од бившите со­ци­ја­­листички европски земји, но не само за нив, туку и за голем број туристи и вљубеници во убавината на Унгарија.

Тоа го почувствувавме сите учесници на Меѓународниот симпозиум, бидејќи бевме сместени во хотелот „Хелија“, кој е из­гра­ден над една стара бања, хотел од висока ка­те­горија во кој покрај бројните сали, национални рес­торани,  три базени има и друга интересна понуда, за гостинот да се чувствува прекрасно. Не случајно Бу­дим­пеш­та е првиот град во Европа, во кој е направен ба­­зен и во кој започнало капењето во топлите води, што за тоа време во минатиот век значело по­мо­дар­с­тво и снобизам.

Меѓународната конференција на тема „Уло­га­та на црквите во новите општества“ се одржа под по­кровителство на премиерот на Република Ун­га­рија, на Комисијата за човекови права, за мал­цин­ства­та и религијата, во соработка со Меѓународната асоцијација за слобода на религиите од САД и други европски асоцијации. На овој значаен научен собир за религијата учествуваа бројни ис­точноевропски експерти, од балкански и европски држави, ка­ко и од САД и авторот на овие редови како претставник од Република Македонија.

Официјалните претставници на овој ме­ѓу­на­ро­ден форум, претставниците на угледните инсти­ту­ции и ор­га­ни­за­ции за слободата на религијата и чо­вековите права од Европа и светот, со големи сим­патии гледаа на авторот Славе Катин од Ма­­кедонија и на Македонската православна црква, а беше поднесен рефератот     на­словен како: „Улогата на Македонската пра­во­слав­на црква во дија­спо­рата“.

ungarija6-2

Во рефератот, беше укажано дека, благо­да­ре­ние на мултикултурната политика во Авс­тра­­ли­ја, Канада, САД, Европската унија и други демократски земји, со исклучок на соседните балкански земји, македонските иселеници со голем ен­ту­зијазам и инспирација ги негуваат своите нацио­нал­ни традиции, богатиот фолклор, своите народни пес­ни, игри и обичаи донесени од нивната дедовска земја Ма­кедонија. Мултикултурните програми помагаат да се прошири соработката и еманципацијата на исе­ле­ниците во многу области на нивното живеење, осо­бе­но во културата, образованието, спор­тот, информирањето и во целина восоци­јалниот и ху­ма­ни­тар­ни­­от живот.

Сите овие активности ја зацврстуваат врс­­ката на Македонската православна црква-Охридска архиепископија со вер­ни­­ците не само во државата, туку и во Канада, САД, Авс­тралија, Европа и други земји. Во исто време, ваквиот позитивен црковно-национален напредок и верски живот придонесуваат за развојот на односите помеѓу овие земји и Република Македонија.

За разлика од средините во САД, Канада и Ав­стралија, Македонците во Унгарија цели 40 го­ди­ни немаат свое здружение или некоја слична асо­ци­јација. Не поради тоа што тие не сакале, туку поради приликите што владееле во Унгарија до 1990 година, како и агресивната и негаторската политика на грчкото лоби во оваа денес демократска земја.

mpc-oa-grb

За среќа, по за­поч­ну­ва­њето на демократските процеси, во пе­рио­дот на транзицијата во Унгарија, се создале ус­лови и Македонците во април 1995 година да фор­ми­раат Здружение на егејските Македонци, со се­диш­те во Будимпешта. Се претпоставува дека во Унг­а­р­ија денес живеат од пет до седум илјади, главно, Ма­­кедонци од Беломорието. Македонската колонија се наоѓа, главно, во Будимпешта, Мишколц, селото Белојанис, Брашов и други места.

Здружението на Македонците во Ун­гарија во кое членуваат триесетина македонски па­триоти, не добива никаква помош од Владата на Ун­гарија, така што сите манифестации тоа ги орга­ни­зира само со средства на членовите и со помош на ма­ке­донските иселеници во прекуокеанските земји.

Нив­ната најзначајна манифестација  е Сред­ба­та на Ма­кедонците во Унгарија, што тра­дицо­нал­но, секоја година се одр­жува на 24 мај, на која редовно при­сус­­тву­ваат по стотици Македонци од повеќе гра­до­ви во Ун­гарија. Тој ден се пеат македонски песни, се играат ма­­кедонски ора, се евоцираат спомени од најраното дет­ство, се дискутира за нивните проб­ле­ми, истовремено та­гу­ваат и се радуваат за Македонија.

Инаку, во историјата за Македонците во Унгарија е забележано дека во август 1949 година, како нивно гласило излегло од печат списанието „Македонче“. По една година се појавил и билтенот „Нов Живот“ („Неа зои“), во почетокот на грчки јазик, а подоцна и со подлисток на македонски јазик. Тоа било гласило со  политички карактер, а заедно со списанието „Македонче“ се занимавало и со прашања од културата, литературата, јазикот, организираното живеење…

Денес таа улога ја има весникот „Македонски извор“, кој се печати на македонски и унгарски јазик, како издание на Здружението на егејските Македонци во Унгарија и е орган на Македонскиот информативен центар во Будимпешта. Започнало да излегува во 1993 година и во текот на нашиот престој славеше пет години. Весникот се појавил како излив на силната љубов и почит кон Македонија и како информатор на Македонците во Унгарија и афирматор на македонската вистина, особено за Егејска Македонија која, за жал, често е горка и тешка.

ungarija6-3
„Св. Никола“ во Мелбурн, Австралија и „Св. Димитрија“ во Рочестер, Њ.Ј. САД

Во овој значаен подолг период од постоењето на весникот „Македонски извор“ биле отпечатени дваесет и осум броеви, обично на 16 страници, исполнети со прилози од историјата, јазикот, човековите права, црковниот живот, активностите на одборите на децата-бегалци (одродени) од Егејска Македонија во Канада, Австралија, Грција, Република Македонија и за други активности на Македонците во Унгарија и ширум светот. Објавени се и бројни новинарски текстови позајмени од други гласила на македонски јазик.

Продолжува

slave-katin-svajcarija
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

To top