Дијаспора

Радио емисии на македонски јазик во Европа и Европската унија (12)

evropa-mapa

evropa-mapa

НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО ЕВРОПА

Воведувањето радио програма на македонски јазик во Европа започна во мај 1944 година, кога првпат на Радиостаницата „Слободна Југославија” од Мосkва се слушна македонскиот збор. Емисиите на оваа Радиостаница се емитуваа два до три пати дневно по петнаесет минути. Уредник и водител беше македонскиот истакнат артист Илија Џувалековски.

Овие емисии се емитуваа само во период од една година. Потоа, слични емисии на македонски јазик започнаа да се емитуваат преку Радио Москва, кои долг период ги уредуваше и водаше Рина Попспирова, политички емигрант од Егејска Македонија, a пo потекло од село Желево, Леринско. Подоцна нејзината улога ја презеде Димче Толовски, кавадарчанец кој долпи години живееше и работеше во Москва. Овие емисии се емитуваа до пролетта 1991 година.

На 18 јуни 1952 година, пак, во рамките на Радиостаницата „Глас на вистината” која се емитуваше во Букурешт на грчки јазик, започнаа со пренос и емисии на македонски јазик.

Овие емисии се емитуваа и опстојуваа три години, односно до 31 декември 1955 година. И покрај тоа што тие во основа водеа антијугословенска политика и пропаганда, што беше карактеристика и на другите информативни средства во тој период, сепак имаа и позитивни страни, бидејќи беа на македонски јазик и се пренесуваа на голема бранова должина.

Имено, Македонците од Егејска Македонија, како политички емигранти во источноевропските земји и далеку од својата татковина, Боломорска Македонија, првпат, преку едно од тогашните најсовремени информативни средства, можеа да го слушнат својот мајчин македонски јазик, да слушнат песни, ора, детски и други емисии, потоа информации од животот и работата на македонската емиграција, новости и политички содржини и друго на свој јазик. Овие радио емисии на македонски ги водеа и уредуваа д-р Горѓи Неделков, Ставре Кочов иСтерјо Дачов.

internet-radio

Во 1969 година на Радио-часот „Дојче Веле” (Глас на Гермалија) во рамките на Југословенската редакција, започнаа да се емитуваат и радио емисии на македонски јазик. На почетокот тоа беше десетминутна радио панорама што се емитуваше еднаш неделно. Набргу емисијата на македански јазик прерасна во редовна секојдневна програма од петнаесет минути, а потоа е секојдневна емисија со информативло-политичка содржина од половина час (од 15,00 до 15 и 30 часот) на кратки бранови должини.

Долтогодишен уредник и водител беше господинот Берт Вајтман, славист по вокација и еден од истакнатите познавачи на културата, литературата и јазикот на Македонците. Спектарот на овие радио емисии беше мошне широк, почнувајќи од животот на странските работници, културната и спортската размена, па се’ до емисии од политичкиот живот. На програмата место имаа и бројни бесплатни поздрави и желби.

Покрај емисиите на „Дојче Веле”, во Германија, програми на македонски јазик се емитуваа и на „Вест Дојчер Рунтфунк” (Западно-германско Радио) од Келн наменето, пред се’, за илјадници Македонци на работа во Германија. Овие времени програми започнаа со емитување во седумдесеттите години, а од 1992 година беше воведена редовна програма на македонски јазик двапати неделно (во вторник и четврток по пет минути), a co настојување да се прошири.

Уредник и водител беше Драшко Антов, познат новинар и публицист во Германија, а по потекло од Скопје. Повремено во рамките на емисиите „од Гибралтар до Босфор” се емитуваа музички и говорни емисии на македонски јазик во траење од еден час. Исто така, на Радио Западен Берлин, неколку локални радиостаници, како што се Радио Бон, Радио Дизелдорф и други повремено емитуваат програми на македонски јазик.

Во рамките на Шведското радио, во Стокхолм од 1 септември 1980 година започнаа да се емитуваат програми на македонски јазик наменети за граѓаните на привремен престој и работа во таа демократска скандинавска земја. Bo почетокот радио-програмите се емитуваа двапати во неделата по петнаесет минути, а од 1991 година еднаш неделно во сабота, во траење од петнаесет минути, а секоја друга сабота, во траење од триесет нинути, Уредник и водител на програмата беше Лилјана Илиева, Македонка од Скопје, а соработуваше и Борис Петровски, кој во тоа време работеше и живееше во Упсала.

На програмата беа застапени прилози за значајни културни настани во Македонија, за настани и личности од македонската историја, за природните убавини и туристичките можности на Република Македонија, како и вести од спортот, од музичките дострели во Македонија, прилози, репортажи и новини од стариот крај.

Исто така и во Гетеборг се емитуваа емисии на македонски јазнк. Уредник и водител беше Ивица Челиковиќ, познат новинар од Скопје. Вакви и слични емисии повремено се емитуваа и на радио програмите на Радио Малме.

Во Франција, пак, во Париз, во рамките на Радиостаницата „Студио JУ”, секоја недела се емитуваше програма на македонски јазик, Таа започна со емитување во периодот 1984-1985 година и беше наменета за вработените од македонско потекло кои живеа во Париз и околните места. Радиоо емисиите траеа половина час, a водител   и уредник на тие емисии беше Гоце Стефановски.

makedonska-nacija

И во Белгија на Радио Лиеж, благодарение на напорите што ги вложуваше господинот Стипе Каревиќ, осведочен пријател на Македонија и на македонскиот народ, повеќе од две децении беше присутна македопската песна и оро, мелосот и македонскиот јазик.

На крајот од овој текст ќе нагласиме дека  сите наведени податоци во изминатите дванаесет продолженија  под наслов „Низ страниците на македонскиот печат – Европа“ објавени во порталот „Македонска нација“ се претставени во делот насловен како „Развојот на македонскиот иселенички печат во Европа“ во книгата на Славе Николовски-Катин „Македонскиот иселенички печат“ (Студентски збор, Скопје, 1993, 1–254. 

Крај

slave-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top