Дијаспора

Не прифаќаме потпишување на самоуништувачки Договор со Бугарија

ilindenska-sredba-vo-sidnej

ilindenska-sredba-vo-sidnej

По повод македонскиот национален празник Илинден, најсветлиот датум на македонската историја, Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј одржа Илинденска средба на 28 јули во просториите на својата Библиотека во Анклиф (Сиднеј).

На средбата после едно минутно молчење им се оддаде почит на паднатите Илинденци, се изнесе важноста на Илинденското востание во борбата на македонскиот народ за самосталност од Турската империја, а посебно за формирање на својата државност. По повод Илинден со своја поезија настапија поетите Марија Александрова, Иван Трпоски, Перо Дамчевски – Коцин, Димче Џајкоски и Душан Ристевски.

На Илинденската средба се одржа и дебата за последните случувања во Република Македонија посебно за донесувањето на нацрт-договорот на Македонија со Бугарија. Се водеше бујна дискусија за тоа како во минатото така и сега политичките структури во Македонија потпишуваат договори и повелби со кои само се отстапува од македонскиот национален интерес и се става во прашање интегритетот на македонската нација. Како пример се изнесе Рамковиот договор со кој им се даде право на албанските терористи да станат дел од македонскиот парламент; се направи остапка со македонското национално знаме во корист на Грција, а со тоа ништо не се доби само се наметна спорот за името. Повторно се сретнуваат старите поробувачи на Македонија – партнери за исто злосторство: Бугарија, Грција, Србија како и новиот партнер Албанија да кројат нови „аршини“ за тотално уништување на македонската држава. Бугарија го следи патот на Грција – повторно се уценува Македонија за влез во ЕУ и НАТО.

Членовите на Средбата остро го осудија нацрт-договорот, без да се навлегува во детали на задскриените намери на Бугарија кои никогаш не биле јасни и пријателско настроени кон Македонците и Македонија, јасно се гледа дека не се почитуваат македонскиот јазик, македонската нација, а најмалку се почитува македонското малцинство во поробениот Пирински дел на Македонија. Поради таа цел присутните ја донесоа следнава резолуција за заштита на македонската нација:

Резолуција:

Ние членовите на Литературното друштво „Григор Прличев“ и Македонците од Австралија, потпишувањето на таканаречениот Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија не го подржуваме бидејќи сметаме дека истиот ќе биде штетен за македонскиот национален интерес.

Причината за донесување на ваква Резолуција е заснована врз главните начела на нашата организација за заштита на македонските национални интереси во светот. Поради тоа ја повикуваме македонската јавност и владата на Македонија целосно да ги разгледа можните последици од неговото потпишување бидејќи истиот преставува капитулација и самоуништување на македонската нација. Потпишувањето на Договорот бара да се откажеме од грижата за македонското национално малцинство во Бугарија и да заборавиме на паднатите херои на кои им се омаловажува нивната борба за самостојност, обединување и ослободување од фашистичка Бугарија. Само да напоменеме дека низ историјата Бугарија секогаш настојувала да не пороби и уништи, а таа политика продолжува и денес и да се запрашаме која е целта на бугарските историчари кои се толку многу „загрижени“ за „заедничката историја“ па бараат посебна одредба во Договорот.

Доколку Бугарија сака да има добрососедство тогаш како прв нивни чекор треба да биде признавање и почитувањата правата на Македонците во поробениот дел на Пиринска Македонија и да не подржи, а да не не уценуваат за влез во ЕУ и НАТО.

На крајот на Средбата присутните едногласно изјавија со апел до сите Македонци каде и да живеат и оние  кои живеат во поробените делови на Македонија да застанат во заштита и одбрана на македонскиот јазик, македонската историја, идентитетот и култура.

Душан Ристевски

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top