Дијаспора

Информативните гласила на Македонците во источно-европските земји (3)

ie3-1

ie3-1

ДЕЛ ОД СУДБИНАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ

Ce претпоставува дека бројот на политичките емигранти од Егејска Македопнја претежно населенн во Букурешт во 1949 година бил околу 6—7.000 од кои 3.000 Македонци и тие претежно бнле населепи во Бостошан, Флорика, Питешти, Хинедоара, Блаила, Галац, Валчеле, Брашов, Клуж, Орадија, Фалтичени, како и во детските домови Сипаја, Тулгеш, Орадија, Блаж, Палтениш и Трговиште.

Под раководство на Централниот комитет на Комунистичката партија на Грција, од почстокот на 1950 година започна да се печати билтен под наслов „Неа зои” („Нов жнвот”) (1950-1957) на грчки јааик, но и со страници на македонски јазик со кирилица. Од дскември 1952 година гласилото, како орган на политичките емигранти од Грција започна да се печати во вид на весник на среден формат, на 4 страници, од кои една страница беше на македонски јазик.

Се’ до 1958 година излегуваше четири пати неделно, кога започна да се печати на 6 страници секој втор ден, од кои две страници вметанти како прилог беа на македонски јазик. Тиражот се движеше од 1.500 до 2.000 примероци, Одговорен уредник на македонските страници, а извесен период и генерален секретар на двете изданија, беше Петре Галабов, а со него работеа и Ѓорѓи Толевски, Спиро Џуваров и Павле  Куфев.

 „,НЕА 30И“ („НОВ ЖИВОТ“) (1950—19570) — БУКУРЕШТ

ie3-2

Весникот „Нов живот” беше општо политичко гласило, a се занимаваше со прашања од културата, организираното живеење, економијата, како и со проблемите во Грција. Посебна нагласка се ставаше на прашањата и проблемите на Македонците во емиграција и во Егејска Македонија во борбата против дискриминаторските закони. Во него имаше и коментари и други информации од севкупното живеење на Македонците ширум светот, вклучително и од Пиринска Македонија.

Во периодот по 1956 година се објавуваа бројни текстови за слободниот дел на Македонија, од нејзината култура, јазикот, a ce поместуваа и текстови кои се однесуваа на организирање на семинари за македонски учители, како и информации за издавачката дејност ипечатот во емиграцијата, квалификацијата на македонските работници, студирањето  на  младите  и друго..

По Граѓанската војна во Грција бројот  на политичките емијграити во тогашна Чехословачка бешеоколу 12.000, од кои над 2.000 беа Македонци, претежно од Леринско-костурскоиот регион. Македонците живееја, главно, во градовите: Јесеник, Прага, Острава и заедно со грчките политички емигранти дејствуваа во сите организирани форми конституирани од Комунистичката партија на Грција (КПГ).

Имформирањето за Македонците и Грците се вршеше npеку заедничкиот весник со име .„Агонистис” („Борец”). Ова гласило започна да излегува во почетокот на 1950 година на четири страници, од кои една, а понекогаш и две беа на    македонски јазик.

„АГОНИСТИС” („БОРЕЦ”) (1950—1970) — ЈЕСЕНИК

ie3-3

Првите две години на страниците на македонски јазик во весникот „Борец“ уредник беше Зисо Каралиев, а од 1952 година па до згаснувањето (1970) уредник беше Димитар Великов, по потекло од големото македонско-леринско село Баница. Покрај Зисои Димитар долги години во весникот соработуваше и д-р Никифор Робовски, познат научник во чешките крутови по потеклп од многу познатото село Габреш — Koстурско.

Bo 1953 гадина Управата на политичките емигранти во Чекословачка се пресели од Јесеник во Прага, а со тоа иPaдaкцијaтa на весникот,  a  во 1966  голина дошло до нова преселба и тоа од  Прага   во  Острава..

Следејќи ја содржината на македокските страници може да се констатира дeкa тие во основа ја изразуваат позитивната политика па КПГ спрема македонското национално прашање и општо нејзината политика спрема Грција и светот. Според тоа страниците нудат драгоцени материјали од историјата литературните остварувањата, фолклорот и воопшто од целокупниот живот на македонските политички емигранти во Чехословачка.

Според нецелосни и неофицијални податоци бројот на политичките емигранти од Грција во Ташкент и околните места, пак, во периодот на 1949 година, се движел меѓу 19 и 20 илјади, од кои 7-8.000 биле Македонци од Беломорска Македонија. Тој број е зголемен во шеесеттите години и достигнал бројка од околу триесет илјади, за подоцна рапидно да се намалува порадн големиот број повратници во Грција, Македонија и во други земји. Се смета дека денес на овие простори живеат околу две илјади Грци и околу 500 до 600 Македонци, претежно стари лица или мешани бракови.

„ПРОС ТИ НИКИ” („КОН ПОБЕДАТА”) „НЕОС ДРОМОС’; („НОВ ПАТ”) (1951—1968) — ТАШКЕНТ

ie3-4

Улогата на информатор меѓу политичката емитрација од Грција во Ташкент ја вршеше весникот „Прости ники” (Кон победата”), кој под ова име излегуваше во Грција како орган на Главниот штаб на ДАГ, а под истото име се појави и пролетта 1951 година и во Ташкент.

Во почетокот излегуваше само на грчки јазик, на 4 страницм, среден формат и тоа три пати неделно (вторник, четврток и сабота). Од 1954 година втората страница се печатеше на македонски јазик со кирилица. Во 1958 година весникот го смени името во „Неос дромос” („Нов пат”), во кој, исто така, една страница беше на македонски јазик. Ова информативно гласило е укинато во 1968 година.

Главен и одговорен уредник на македонската страница во почетокот беше Димитар Гибиденски, а од 1957 до 1959 годана страницата ја уредуваше познатиот публицит Васко Караџа, додека до неговото укинување оваа одговорна должпост ја водеше Ацо Ивановски, a му помагаа  и  други  Македонци кои живееја во Ташкент..

Страницата на македонски јазик беше исполнета со материјали за борбата на Македонците во НОБ и ДАГ нивниот живот и традиција во Грција иво новата средина, како и со инфирмации, вести и други материјали од културата, општественото   и   политичкото   живеење, како и вести од Македонија.

Продолжува

slave-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top