Дијаспора

Пред Ајфеловата кула – „Дамата на Париз“ (2)

france2-1

france2-1

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – ФРАНЦИЈА

Без Ајфеловата кула Париз и не може да се за­мисли. Ајфеловата кула му припаѓа на Париз. Таа е негов бренд, негова атракција и знак. Понекаде сè уш­те се слушаат протести дека таа ја за­гро­зува сликата на градот. Позната е онаа анегдота за човекот кој не можел да ја поднесе Ајфеловата ку­ла и, само затоа, секој ден се качувал на неа зашто ку­лата е единственото место во Париз од кое не се гле­да Ајфеловата кула.

„Дамата на Париз“ станува објект на ли­те­ра­ту­рата и на уметноста. За „смешната креатура која пре­дизвикува бесознание“ не се говори, туку се збо­рува, пред сè, за еден вид трогателна завист од овој сведок на создавањето на железниот период кој £ при­паѓа на сликата на градот Париз, иако во ерата на атомската физика и на вселен-ските патувања ве­ќе не претставува никаква техничка сензација.

Во центарот на Париз крај старите убави зданија, Фран­цу­зите изградиле и по нешто ново, каков што е Кул­тур­ниот центар на Париз. Таа огромна зграда, висока кол­ку десеткатница и сместена на простор колку не­кол­ку фудбалски игралишта, по сè има чуден облик. Целата  е изградена од стакло и од некакви огромни разнобојни цевки, сите во живописни бои. Низ внатрешноста на зградата се движат разни скали – ескалатори, и тоа во разни правци, пре­на­то­ва­рени со народ.

Луѓето си уживаат низ некакви про­ѕир­ни тунели, а во внатрешноста врие од народ. Поради изгледот на градбата и нејзината конструк-ција, главно, од цилиндрични елементи, парижаните ја викаат „Рафинерија“. И, на­вис­тина, таа личи на некаква огромна рафинерија. Центарот е изграден како пандан на Ајфеловата кула, но со многу поголема практична примена.

Сега е јадро на богатата култура и културните ак­тив­ности што секојдневно се случуваат во мно­гу­ми­лио­нскиот град. Таму непрекинато се прикажуваат фил­мови во повеќе киносали, се приредуваат голем број изложби, се одржуваат разни приредби, таму има библиотеки, центри за изучување на разни стран­ски јазици, театри, опери и многу други деј­нос­ти. Накратко, објектот е вистински центар на културата и културните настани во Париз и пошироко.

france2-2
Црквата „Света Богородица“ во Париз

Во Париз, една ноќ, кога градот се будеше, со автомобил се движевме по десниот брег на реката Сена. Се возевме бавно, полека, крај раскошно осветлените мостови, додека минувавме крај: Гранд Палас, Бурбонската палата, Лувр, Институтот, црквата „Нотр Дам“, Биб­лио­теката… Таму се кејовите поврзани со 36 мос­то­ви. Најстар е мостот Понт Неуф, а најблескав е поз­на­тиот мост изграден во 1900 година, посветен на рус­киот цар Александар Трети.

Меѓутоа, се чини најдобро е човек да остане во Париз подолго и да пешачи секојдневно за да го почувствува здивот на вековите на Елисејските полиња, каде вело­си­пе­дис­ти­те ја завршуваат трката околу Франција, која го спо­јува египетскиот обелиск на плоштадот Конкорд и гран-диозниот Славолук на победата на плоштадот Етоал, започнат по наредба на Наполеон во 1806 година. Оттаму не е далеку Трокадеро од каде нај­уба­во се гледа Ајфе-ловата кула,

Прет­се­да­тел­ска­та па­лата, американската и британската ам­ба­сада, како и извонредно убавите паркови на улицата „Ри­воли“. Меѓу булеварите многу чудесно се истакнува „Пе­ри­­ферија“, најфрекфентната улица во Европа, потоа шест­олинискиот прстен околу Париз, долг 36 км во кој се слеваат десетици автопатишта.

france2-3
Магијата на дворецот „Версај“

Во текот на нашиот престој во градот на спомениците, како често го нарекуваат Париз, не­кол­ку пати ја посетивме Триумфалната порта. Сре­бре­но-сивиот џин со височина од 49 м, широчина 45 м и дла­бочина од 22 м, денес се смета за мајсторско дело на неокласичниот стил. Студена и вели­че­стве­на, оваа градба се стреми кон височините на париското небо, во центарот на Етоал – раскрсница на 12 големи авении, кои со облик на ѕвездени краци трг­нуваат од овој плоштад. Река блескави ав­то­мо­би­ли се слеваат во авенијата „Шанзелизе“.

Гробот на нез­нај­ниот ју­нак се наоѓа под сводовите на Триум­фал­ната порта. Од 11 ноември 1920 година, овде по­чива непознат војник кој паднал во битката за Вер­ден, ка­де над гробот гори вечниот син пламен. Идеја која од Французите ја презедоа многу земји, меѓу кои и Македонија и изградија слични или исти градби.

Исто така, го посетивме Монтмартр, посебното со­би­ра­лиш­те на сликарите и поетите, каде бројни Македонци ги пробале и понудиле своите знаења, умеења и сопствената среќа. А Пигал и Мулен Руж се предизвик за новодојдениот и го ста­ваат во искушение!

Меѓутоа, најдолго се задржавме крај Богородичната црква. Таа импозантна катедрала, изградена од дел­кан камен, ја красат високи камбанарии, со високи ши­лести врвови во готски стил. Внатре црквата изоби­лу­ва со прекрасни мозаици од стакло во разни бои и има многубројни оригинални скулптури на Исус Хри­с­тос, на света Богородица и др. Светата Бо­городич­на­ црква е и своевиден музеј.

И таму за­бе­ле­жавме масовно присуство на голем број туристи од разни земји. Нај­ве­ро­јат­но, за популарноста на таа црк­ва во голема мера при­донел и најголемиот француски писател Виктор Иго, опишувајќи ја извонредно во својот роман „Бо­го­родичната црква во Париз“. Кај нас силен беше впе­чатокот и восхитот кои засекогаш ос­та­нуваат колку пати и да ја посетите оваа духовност.

Продолжува

slave-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top