Дијаспора

Весникот „Демократ“ од Вроцлав – глас на прогонетите Македонци (4)

demokrat4-1

demokrat4-1

ДЕЛ ОД СУДБИНАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ

Први меѓу емигрантите од Грција во Полска беа децата-бегалци-прогонетите, а со нив по некоја жена или мома кои имаа улога на воспитувачки. Уште со доаѓањето во новата непозната  татковина,тие се населија во Солице Здруј, Лондек Здруј, во Згожелец, а од таму беа префрлени во Вроцлав, Легница, Свидница, Шчечнн и други места.

И на тие нови простори Македонците се бореа да го зачуваат и да го афирмираат својот мајчин јазик, култура, литература, традиции, а со тоа да го зајакнат националниот дух.

Така, уште во 1949/50 година во Згожелец се издаде билтен и на грчки и ва македонскн јазик. Македонските страници на ова информативно гласило го подготвувале ентузијастите Коста Христов, Махи Христов иЈордан Ивановски.

Co зголемувањето на политичките емигранти, во август 1951 година, започнаа да се печатат македонски страници во весникот „Димократис” (,Демократ”). Истата година кога раководството на Грците и на Македонците се пресели од Згожелец во Вроцлав, а со тоа се пресели и Редакцијата на весникот.

Прв и одговорен уредник идушата на весникот беше подоцна универзитетскиот професор и член на Полската академија д-р Коле Симитчиев, познат и признат полски интелектуалец и вњубеник во родната Македонија, чиј корени се од с. Воштарени, Леринско, кој во тоа време имаше завршено фиполошки науки во Солун.

Исто така, за одбележување е тоа што од 1950 година подолг период во весникот работеа Пандо Шапкаров и Коста Пановски, а беа вклученм, и: Христо Маркозанов, Васил Кизов. Ване Плуковски, Олга Попова, Пандо Шамандуров, Ташко Малинов, Васил Шаманов, Ристо Аргиров, Трајче Караќорев, Христо Влахов и многу други познати Македонци.

„ДИМОКРАТИС” (ДЕМОКРАТ) (1951—1974) — ВРОЦЛАВ

demokrat4-2

Од покренувањето, весникот „Демократ“ излегуваше секој ден освен во недела; се печатеше на формат 36 х 51 см., во тираж од две до три илјади примероци. Излегуваше на четири страници од кои во почетокот три, а потоа две на грчки и две на македонски јазик. Од 1956 година весникот се печатеше два пати неделно на шест, односно осум страници од кои половина беа на македонски јазик, потоа излегуваше еднаш неделно, а две страници беа на македонски јазик.

Во оваа значајно информативно гласило се пренесуваа дневните вести и состојбите во Грција, потоа информации од животот и активностите, особено од културата и литературата на политичките емигранти во Полска и во другите социјалистички земји, особено во Советскиот Сојуз, за Република Македонија и пошироко од светот, како и за  најмладите  —  децата.

Кон крајот на шеесеттите години, голем број Македоици се преселија од Полска во Република Македонија и во прекуокеанските земји, особено во Канада и Австралија. Како резултат на тоа, во 1974 година се укинаа страниците на македонски јазик во „Димократик”, а кратко време  потоа  згасна  и весникот.

Од друга страна, пак, на просторите на Полска во периодот од 1953 до 1957 година во селото Кросченко, околија Устшики Дољне, близу сегашната граница со Украина, во Земјоделската задруга „Нов живот” се печатеше билтен на македонски јазик. Hero го подготвуваа Павле Шамандуров и Алеко Клеанов,

Во периодот, пак од 1952—1954 година Полското радио за странство што се емитуваше во Варшава, покрај емисиите на македонски од Вардарската редакција, воведе и „Егејски” емисии кои имаа  чисто  политички  цели.

Според некон нецелосни податоци бројот на политичките бегалци од Грција во Унгарија, пак, се движел од осум до десет илјади, од кои околу 80% биле Македонци, меѓу кои и илјада деца сместени no детските домови ширум Унгарија. Нив гн имаше во Будимпешта, село Белоез, потоа во градовите Озд, Мишколц, Балатон Алмади Балатон Кенеше, Балатон Леле, Хјутес, Искар Сенѓур, Дик, Чурго и други места. Децата беа на возраст од три до тринаесет години и во домовите покрај македонскиот  јазик учеа и  другн  предмети  на мајчин македонски јазик.

„ЛАИКОС АГОНАС” („НАРОДНА БОРБА”) (1951—1975) — БУДИМПЕШТА

narodna-borba

Покрај овие активности во 1950 година започна да се печати весникот „Лаикос агонас” („Народна борба”) во кој покрај трите страници на грчки јазик, една страница се печатеше на македонски. Тој излегуваше на различен формат, но обично беше на стандарден формат 42 х 58 см.

Прв главен и одговорен уредмик и иницијатор на страниците на македонски јазик беше Лазо Маљов, по потекло од село Крупиште, а во подолгиот период на печатењето, пократ другите, беа вклучвни и Ристо Попов од, с. Ајтос, Леринско, потоа Коста Хрисаков, Васил Симов и други.

Во почетокот се печатеше само една страница на македонски јазик, а подоцна се печатеа две страници како додаток од кој, бидејќи весникот се дистрибуираше и во Грција, лесно можеше да се извади долатокот, како „дел од грчката политика“. Весникот излегуваше секој ден, со исклучок во почетните години кога беше неделник.

Содржината на весникот „Лаикос Агонас” („Народна борба”), особено страниците на македонски јазик обилуваа со информации за животот и активностите на Македонците во Унгарија, за активностите во Беломорска Македонија и пошироко.

Притоа, посебно место му се посветуваше на животот на децата бегалци (прогонети од родното огниште)  по домовите, како и на активностите од културно-просветното живеење на политнчките бегалци од Грција во Унгарија. Весникот престана да излегува во 1975 година, кога и бројот  на  Македонците  рапидно  се  намали.

Продолжува

slave-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top