Дијаспора

Во Версај – седиштето на француските кралеви (3)

versaj3-1

versaj3-1

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – ФРАНЦИЈА

Ја напуштивме Богородичната црква, и продолживме да шетаме низ Париз. Се упативме да го разгледаме уште и Версај. Патувавме десетина километри до Версај, познатото седиште на фран­цус­ките кралеви. Плени огромниот дворец изграден во минатите векови од француските монарси. Пред дворецот има ограден простран двор поплочен со спе­цијална калдрма, кој  некогаш служел за смот­ра на војската, односно на кралската гарда.

До ден-денес зачувани се просториите каде што биле врзувани и сместувани коњите на по­се­ти­те­ли­те. Сега таму ги паркираат луксузните автомобили. Крал­скиот дворец е зграда од четири-пет ката из­дол­жена во благ полукруг, со најразлични уметнички фи­гури и скулптури на фасадата.

Пред­на­та страна на дворецот, всушност, е неговото лице од каде што доаѓаат посетителите. Низ широк влез ка­ко огромна порта поминавме и излеговме од неговата за­дна страна. Оттаму зданието изгледа како сосема друг дворец, зашто таа страна е градена во друг стил. Всушност, видовме дека дворецот Версај е изграден со две лица. Гледајќи го, човек не може да определи од која страна е поубав.

Задната страна, всушност, била наменета за одмор и рекреација на кралевите и на нивните семејства. Поради тоа таму има огромни површини од повеќе десетици хектари на кои се протегаат прекрасни паркови и шуми со столетни дрвја, разни спортски терени и игралишта, езерца и фантастично убаво уредени цветни по­вр­ши­ни. Посебно е импозантна глетката на огромната бо­та­ничка градина со егзотични растенија од сите делови на светот. Такви езготични растенија, палми и други ретки растенија има во голем број и на повеќе места.

Париз е карактеристичен и по подземната железница во која поминуваат милиони пат­ни­ци на ден. Помалку е познато дека во Париз покрај мет­рото постојат и рововите од некогашниот ка­ме­но­лом кој зафаќа една десетина од површината на Па­риз. Париските катакомби, пак, за разлика од рим­ски­те ги примиле своите вечни жители пред околу 200 го­ди­ни, кога градските власти затвориле десетина град­ски гробишта и сите коски ги преселиле под но­зе­те на поколенијата.

triumfalna
Триумфалната капија

Исто така, Париз може да се пофали со бројни­те музеи, галерии, театри, цркви, гробишта, сто­ков­ни куќи, ресторани, спортски борилишта и многу, многу други зна-чајни градби во кои однатре пулсира животот на овој мегалополис. Сето тоа заедно го прави севкупното, значајното и незаборавното живеење на градот на светлината – Париз. Но, го прави побогат во доживувањата и секој патник намерник кој престојува во оваа космичка метропола, една од најпосакуваните дестинации во светот.

Историјата на Македонската православна црква е тесно поврзана со историјата на македонскиот народ. Тие заедно со векови опстојуваат, но, во исто време, страдаат и се борат против асимилацијата, денационализацијата и неправдата кон македонскиот народ на Балканот и на другите простори ширум светот. Така, Црквата за македонскиот народ одиграла првостепена улога во тешките периоди на ропство, затоа со право се вели дека таа е база за национално осознавање и лулка на преродбата на Македонецот во еден долг период.

Македонската православна црква игра значајна улога во опфаќањето на Македонците надвор од земјата, особено во прекуокеанските и европските земји. Таков е случајот со Македонците во Франција. Првата  македонска православна црква во Европа е Македонската право-славна црква во Гетеборг, Шведска и претставува основа за формирање на македонска православна црковна-општина и на други православни општини во Европа, меѓу кои и Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Париз.

sv-kliment-sv-pavle

Иницијативата за формирање на македонско национално-духовно и црковно катче во Париз датира од поодамна. Во отсуство на црковен и духовен живот Македонците во Париз, а и во цела Франција, и пред формирањето на црковната општина имаа организиран културно-забавен и спортски живот. Така, во 1973 година во Париз почна со работа првото училиште на македонски јазик. Исто така, во главниот град на Франција работеле повеќе клубови и други асоцијации, како што се асоцијацијата „Треска“, која се занимавала со хуманитарна дејност и клубовите: „Пелистер“, „Македониија“, „Скопје 63“ и дуги. Сите тие во своите програмски определби имале содржина од културата, спортот, духовното живеење, а во последно време се организирале и разговори со Македонци – бизнисмени за економско дејствување во Македонија. Потоа, редовно се организирале и културни манифестации, прослави на верски празници и на значајни датуми од македонската историја, спортски приредби, како и советувања за економско поврзување со родниот крај.

Продолжува

slave-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top