Дијаспора

Списанието „Македонски живот” –гласник на Македонците од Егејот (5)

bucharest

bucharest

ДЕЛ ОД СУДБИНАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ

Списанието „Илинден“ е второ списание на македонски јазик што се печатеше во источно-европските земји. Тоа беше орган на Централниот совет на организацијата „Илинден”. Се печатеше на македонски јазик со кирилица, употребувајќи и руски букви, на формат 16,5 х 25,5 см.

Списанието од август 1952 година излегуваше на     четиринаесетина страници и тоа како периодично гласило. Hero го уредугааше Редакцијата составена од д-р Горѓи Неделков, Ставре Ќочов и Стејро Дачов, истата Редакција што го уредуваше и водеше радио-часот на македонски јазик. „Илинден” заедно со списанијата ,,Македонски живот” и „Македонче” се печатени во Букурешт, а се дистрибуирани и во другите земји каде што живееја  Македонци  од  Егејска Македонија.

Преку списанието „Илинден”, организацијата ја изнесуваше својата политика која беше и политика иа КПГ, сообразена и со политиката на Информбирото во однос на КПЈ и воопшто во однос на Јутославија. Но, како списаие мораше да одговори на националните потреби, будејќи материјалот со историска, културна, фолклорна, литературна и дpyra содржина беа чисто македонски.

Исто така, во списанието се објавувани законите на грчката држава кои ја забрануваа употребата на македонскиот јазик, измената на топонимите, како и дозволувањето за вселување на други народи (Власи, Маџири идр.) на просторот каде што до Граѓанската војна живеело  македоиското население. Потоа се поместувани преводи од грчки списанија и други материјали, се’ со цел да се популаризира културното наследство на Македоиците. Последниот број од ова списасие датира од 1955 година како двоброј за периодот ноември-декември.

ИЛИНДЕН” (1952—1956) — BYKVPEOIIT

vesnik-ilinden

Првиот број, пак, на списанието „Македонски живот” се појави во јануари 1963 година како периодично издание. Hero го уредуваше Редакциски одбор составен од политички бегапци од Егејска Македонија, кои пo Граѓанскага војна во Грција беа протерани од своите родни  огништа и преселени во источно-европските социјалистички земји.

Тоа се печатеше на македонски јазик и кирилица, на формат 14×21 см., во тираж од 2.000 примероци. Негови уредници беа Тодор Карамешев и Петре Галабав. На клишето од првиот број различно од останатите четири броја (вкупно отпечатени), е поместен македонски вез и на кирилица името на публикацијата. Следи содржината, а потоа текстови поместени на 152 страници илустрирани со бројни интересни фотографии.

Во воведот на првиот број, се нагласува: „Од разните антинаучни „теории” на идеолозите на редакцијата, неспорна и тврда останува вистината дека постоењето на славјаномакедонското малцинство во Грција, особено во Леринско, Костурско и Воденско е еден факт и една стварност што не можат да се покријат со никаков антикомунистички шум.

Запознавањето на славомакедонците со своето историско минато, култивирањето на нивните револуционери и тратиции, на своите борби, заеднички со грчкиот народ, придонесува во нивното патриотско и борбено воспитување околу Комунистичката партија и демократското движење во Гриија. И сето тоа станува многу понеопходно за славомакедонските политички емнигранти кои се наоѓаат далеку од својата татковина, особено за оние млади што немаат или имаат скромни претстави за неa.

Едно специјално славјаномакедонско периодично издание, покрај другите иѕданија на партијата, ќе придонесе многу во таа насока. Култивирањето чувањето и развивањето на македонскиот јазик, на народното творештво и своите нарави. во духот на братството и единството со грчкиот народ, во духот со дружбата со другите народи, сочинува  една друга задача  на нашето издание.”

Содржината на првиот број на списанието „Македонски живот” е поделена на неколку поглавја, и тоа: „Историски годишнини”, „Национален отпор”, „Светли ликови”, „Репортажи”, „Да јазапознаеме нашата родина”, .„Раскази и рецензии”. „Народно творештво”, „Детски живот” и многу други рубрики.

Во овој број се објавени бројни текстови од животот на политичките емигранти од Егејска Македонија кои живеат во Чекословачка, Романија и на други места, а има и историски материјали позајмени од други информативни гласила.

Вториот бpoi e отпечатен во октомври 1963 година. Тој по форма и содржина е идентичен на првиот. Отпечатен е на 160 страници, со текстови поделени на потлавја (како предходниот број), од кои голем број од историското минато на македонскиот народ и Македонија. Исто така, има и бројни поетски остварувања, информации за животот на македонските политички емиграити, вести, писма и многу друто интересни материјали.

:,МАКЕДОНСКИ  ЖИВОТ”   (1963—1966)  —  БУKУPEШT

vesnik-makedonski-zivot

Бројот 3 е отпечатен во ноември 1964 година, на 144 страници и ги содржи поглавјата, „За демократизација на земјата“, „За мир во Грција и во цел свет”, „Co мислите во родниот крај”, „Страница од историјата”, „Литерати револуционери” и друто.

И во овој број има повеќе фотографии од активностите и животот на Македонците, како и документи и информации за вистината на  македонскиот   народ.

Бројог 4 е последен на „Македонскн живот”. Тој е отпечатен на 144 страници  во фовруари 1966 годнна, со текстови за слични историски настапи, како и литературни творби од Македонци во европските земји, што претставува убав прилог кон литературното творештво на Македонците надвор од татковината.

„Македонски живот” со бројни написи информации и други текстови го претставуваше животот на политичката емиграција од Егејска Македонија, односно информираше за резултатите во производството, школувањето и културно – просветната дејност. Co разни текстови и репортажи тоа духовно ги хранеше политичките емнгранти со вистини од историјата и културното минато, а помладите генерации преку детските рубрики, преку песничките, илустрациите и  друго го  сознаваа овојот идентитет.

Затоа со право може да се заклучи дека заедничките информативни гласила на Грците и Македонците од егејскиот дел на Македонија под Грција претставуваа вистински пример за соработка, признавање на посебните вредности и националноста на двата народи, кои не по своја вина станаа бегалци-прогонети и ги напуштија родните дедовски огништа во Грција и Македонија.

Продолжува

slave-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top