Дијаспора

Рим – градот на светлината, убавината, шармот и архитектурата (2)

italija2

italija2

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – ИТАЛИЈА

Италија е позната по своите кулинарски вештини, модата, дизајнот, облеката, архитектурата, уметноста, музиката, и други знаменитости. Затоа со право се вели дека Италија е земјата на минатото, на љубовта, на религијата…

Инаку, според историските податоци Рим станал центар на Римското Царство кое се’ до V век владеело со голем дел од Европа. Иако на почетокот било целосно подоцна се поделило на два дела и тоа: Источно Римско Царство и Западно Римско Царство. Во составот на Римското Царство влегла и Македонија како римска провинција.

Рим, градот на Ромул и Рем, е градот на шармот, грациозноста, убавината, индивидуалноста и универ­зал­носта, град кој е предизвик за секој патник, намерник, патеписец… Оваа италијанската метропола се смета за најголем град на Средоземјето. Рим е подигнат пред два и пол милениума на реката Тибар, на седумте рит­чиња: Палатин, Капитол, Квиринал, Виминал, Це­и­јан, Авентин и Есквилин. Тој претставува сре­диш­те на ита­лијанската култура, наука, образование, мода  и оп­штест­вен живот.

Во Рим уште во 1303 година е основан првиот уни­вер­зи­тет, а има и бројни високи шко­ли, како што е Академијата на науките, потоа научни институти, умет­­нич­ки галерии, библиотеки, театри, музеи, црк­ви, капели и друго културно богатство. Величенствени обележја на градот Рим се и црквата „Свети Петар“, Колосеумот, Римскиот фо­рум, Пантеонот со многубројните стари палати, ак­­вадуктите, старите бањи, катакомбите, триум­фал­­ните порти и други  монументи.

rim2
Рим

Исто така во Рим е раз­вие­­на индустријата за метали, машинската, хемис­ка­­та, графичката, стакларската, ќерамичката и филм­ската индустрија. Градот претставува железнички јазол, има два аеродрома, морско прис­та­ниш­те и други значајни објекти што го прават светска мет­ропола.

Според преданијата, Рим бил формиран во 753 година пред Христовото време, а го изградиле браќата Ромул и Рем. Во тоа време бил град – држава, а потоа република и империја. Денес Рим претставува најголема уметничка ризница во светот. Во него се наоѓа дури 60% од вкупното умет­нич­к­о богатство на планетата, а убавината на старата архитектура и вајарството извираат од секоја негова пора, планот од неговите авении, фасади, монументи, платоа, плоштади… Тоа е град со повеќе од 2000 фонтани и 450 цркви, храмови, бањи, амфитеатри… Во исто време тој е град со над четири милиони жители.

Колосеумот е градба со исклучително архи­тек­тонско значење, место каде што оставиле печат крвавите гла­дијаторски борби пред аристократијата и пле­беј­ците. Вниманието го привлекува и величест­ве­на­та, грандиозна црква „Свети Петар“, во која се наоѓа едно од најубавите дела на големиот мајстор Ми­ке­лан­џело.

Траен спомен на посетителот на Рим е, се­ка­ко, црквата „Свети Петар“. Ја посетивме во еден од повеќето сло­­бодни денови кога се слеваше река по­се­ти­тели кон овој голем, значаен, величествен и по мно­гу неш­та единствен христијански споменик на вечниот град.

roma

Уште кога човек ќе  дој­де на плоштадот пред црквата, може да ја почувствува вели­чественоста на овој монумент. А на плош­тадот секојдневно врие како во кошница. Таму има вер­ници, намерници, дој­денци, и бели и црни и жолти, од сите ме­­ридијани на светот. Се пробивме низ толпата луѓе и влеговме во големиот храм. Тука човек се чувствува поголем, поважен и позначаен. Веројатно, кај посетителите се отвораат сите се­тила и секој се труди што повеќе да види, да по­чув­ствува и да запамети.

Инаку, за нас Македонците е, исто така, важен Рим, бидејќи сесмета дека споменикот кој му бил подигнат на последниот македонски крал Персеј се наоѓал на западната градска некропола. Споменикот бил на околу 3 км западно од Рим, покрај самата Виа Валерија, каде е поставена  масивна бронзена спомен-плоча со вечното шеснаесеткрако македонско сонце, подарок од бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски, на која на македонски, англиски и италијански јазик пишува: 

ПЕРСЕЈ
КРАЛ НА МАКЕДОНИЈА
ОД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Чинот на поставувањето на спомен-плочата, всушност, претставува темел за обнова и продолжување на македонското кралство. Со тоа се потврди ширењето на корените на античка Македонија до вечниот Рим и продлабочување на добрите односи и релации меѓу денешните две држави Република Италија и Република Македонија.

Таму географскиот амбиент наликувал на македонскиот пејзаж. Кон југозапад и југ се  протегале разбрануваните ниски ридови и рамнината на пресушеното Фукинско Езеро кон југоисток. Кон север по неколку километарската висорамнина, која наликувала на Пелагонија, речиси наеднаш високо во облаците се издигнувал дури до 2.487 метри замаглениот планински врв Велино, со околните врвови Кафорнија (2.409 м) и Севиче (2.331 м). Амбиентниот колорит е типично медитерански, би се рекло дури и балкански.

Според археолозите, пак, самиот објект – споменикот бил оформен во цврста малтерна техника, со средно големи варовнички камења. Тој бил во форма на доминантна кула, според стара фотографија која, за жал, се урнала во силниот земјотрес кој се случил во 1915 година. Денес, се зачувани остатоците од долниот дел, кои по малку наликувале на фигура на слон, што секако е случајно. Во урнатините до споменикот се гледа и дел од една покривна ќерамида-тегула, коринтски тип, што датира од подоцнежно време. Се претпоставува дека токму остатоците од тој споменик се на кралот Персеј и дека се темели на неговата монументалност и местоположба.

Инаку, по изминати речиси 22 века, се знае дека тогаш Персеј имал само 13 години, кога како македонски принц јавал на чело на дел од македонската армија кон пелагониските теснеци, кај прилепското село Барбарас, каде го запрел пробивот на дардански теорди. Долг е списокот на херојските подвизи на Персеј и на војската на Македонците за одбрана на македонската цивилизација и на Кралството Македонија.

Продолжува

slave44
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top