Дијаспора

Ватикан – центарот на Римокатоличката црква (3)

vatikan3

vatikan3

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – ИТАЛИЈА

Посетата на Ватикан секогаш буди пријатни чувства, но овој пат и средбата со папата Јо­ван Павле II оставија неизбришливи траги во се­ќа­вањето за сè она што го видовме, почувствувавме и доживеавме. А, таму, во градот кој е и држава – Ватикан, има што да се види, да се научи, да се прошират видиците, сознанијата, да се збогати големото духовното жи­вее­ње…

Оваа самостојна папска држава со површина од 44 хектари е лоцирана во центарот на Рим, сместена на десниот брег на реката Тибар, оп­кру­же­на со ѕидови. Во минатото Ватикан постоел како со­бир на папските згради и цркви, а од 11 ноември 1929 година постои како самостојна држава. Ватикан има своја железничка станица, радиостаница, ПТТ служ­би, монетарен систем и друго, во кој има формално нео­граничена власт.

Ватикан како др­жа­ва има дипломатски односи со голем број земји во светот, меѓу кои и со Република Македонија. Тоа е особено изразено со Маке­дон­ската пра­вославна црква, која долги години одржува вер­ски посети во текот на праз­­нувањето на гробот на свети Кирил.

Ватикан го има папскиот дворец што е изграден во 1146 година, а во состав на дворецот по­доцна се изградени бројни згради во кои се смес­тени: познатата библиотека, архивата, музејот и други простории, во кои се чуваат ретки уметнички и културни вредности од египетската и античката кул­тура, до највредните дела од минатиот и овој век. Ме­ѓу нив има и бројни историски предмети од минатото и уметнички дела од сегашноста на Македонија. Под ватиканска управа има 13 цркви и други установи во Рим, кои заедно со Ватикан прет­ста­вуваат организациски центар на Римока­то­лич­ката црква.

Рим плени. Неописливо е чувството од онаа чудесна мешавина на старото и новото. Покрај духот на историјата, кој го носи како белег на своето постоење, Рим динамично и впечатливо живее како ев­роп­ска метропола и како главен град на Италија. Кога сон­цето ќе почне да заоѓа зад хоризонтот, ноќта свечено настапува на сцената осветлена со илјадници рефлектори, лам­пиони, разнобојни рекламни паноа и блескави из­лози.

Во луксузните продавници на Виа де Кондоти и Виа Венето ис­паруваат скапоцените парфеми. Кафулињата, ре­сто­раните и дискотеките се полнат со бројни туристи секогаш во чекор со модата на самите римјани. На крајот на пре­крас­ната Виа де Кондоти со својата убавина блеска и Шпанскиот плоштад со огромни скалила за кои ве­лат дека се вистинско место за „безделничење“. На овој плоштад се одржува една од најат­рак­тив­ни­­те модни ревии во светот.

vatikan3-2

Рим може да се доживее и на друг начин. Да се почувствува преку мирисот на морето и ка­ка­фо­­нијата на какви се не јазици на дојденците, или можеби преку хаотичниот сообраќај. Или, пак, едностав­­но, да уживате во темпераментот на Ита­ли­јан­ците. Рим се и илјадниците веспи и убавите девојки на нив. Рим се и тортелините, и пиците, и лазањите, и шпагетите, и виното, и…

Слики, икони по ѕидовите, мали капели, прекрасни скулптури на познати хрис­ти­јански црковни лица и други сакрални нишани кои кај намерникот и репортерот будат восхит. Црквата „Свети Пе­тар“ е огромна уметничка оаза, ед­на галерија, каде човек може да остане сам со себе и да му се предаде на уживањето што му го пре­диз­ви­куваат бесценетите експонати и сил­ниот гениј на уметникот.

Особено мамат формите на грандиозните фигури, кои колку подолго се гле­даат, човек мисли дека тоа е визија и пренесување во некој друг свет. Ги посетивме катакомбите во под­румот на црквата, како и неколкуте храмови од ле­ва­та и од десната страна. Во нив се наоѓаат голем број уметнички слики, орнаменти, скулптури, бисти и други вредности што го прават овој светски споменик и привлечен за сите посетители, без разлика на возраста и религиозното убедување.

Со посетата на храмот човек го збогатува духот и се чувствува поголем верник отколку пред влегувањето во храмот. Затоа, со право се вели дека посетата на црквата „Свети Петар“ претставува ново доживување, продлабочување, збогување и проширување на човековиот видик и спознанија.

Посетата на базиликата „Сан Клементе Римски“ и поклонението на свети Кирил Солунски беа неза­бо­рав­ни. Црквата се исполни кога делегациите од Ма­ке­донија, заедно со хорот „Русикум“, влегоа во прос­то­рот во кој се наоѓа гробот на свети Кирил. Сите по­сетители во црквата, пред гробот на свети Кирил застануваат молкум пред светите големи сесло­вен­ски прос­ветители, преведувачи, книжевници, ду­хов­ници…

Македонија му оддава катагодишна должна почит на свети Кирил Солунски. Во базиликата на црквата „Сан Клементе Римски“, каде што почиваат моштите на свети Кирил, тие мајски деновимакедонската др­жав­на и црковна делегација одржа чествување, со што истовремено и официјално започна тра­дицио­нал­­ната манифестација „Македонија во чест на свети Ки­­рил“. Црквата беше исполнета. Влеговме во просторот во кој се наоѓа гробот на свети Кирил.

Го­ле­мо беше задоволството што ни се укажа таа ретка можност да му изразиме благодарност на свети Ки­рил што јазикот на старите Македонци го издигна до сте­пен на книжевен, прифатен од целото сло­­вен­с­тво. А македонската држава и црква му од­да­ваат дол­ж­­на почит на великиот просветител свети Ки­рил Солунски секоја година, токму во базиликата на црквата „Сан Клементе Римски“, каде што почиваат неговите мошти.

Кај нашиот народ отсекогаш било длабоко и ис­крено почитувањето кон свети Кирил Солунски и неговиот брат свети Методиј. Нашите предци им се обраќале молитвено за за­кри­ла и духовно, речиси, секојдневно, а не само кога бил денот на нивниот празник. Ги спо­ме­ну­вале за да се потсетат какви светители стојат во нив­ното црковно и национално битие и богатство. Им се молеле за духовна поткрепа и светлина тогаш кога нивните не­пријатели биле жестоки и кога соп­стве­ните сили им биле при крајот, тогаш кога темнината би­ла ужас­на, а надежта на умирање. И тогаш кога ропството и гневот биле неподносливи светите бра­ќа и нивните ученици им болскотеле во мракот и ја пот­­крепувале нивната вера во посветла и поубава ид­нина.

По толку векови кога се обновени древните црковно-на­родни обичаи и традиции, кога е обновена Ох­рид­ската архиепископија во лицето на Маке­дон­ската пра­вославна црква, кога на најсвечен начин се про­сла­вуваат јубилеите на нашите црковни и народни великани, одлуката за поклонички пату­ва­ња во пе­риодот од четириесет и пет години, пред гро­бот на се­словенскиот апостол, е одлука на чувството на бла­годарност и пиетет кон свети Кирил, зошто тој ги посеал првите `ркулци на македонската и сло­вен­­ската писменост, кои станале движечка и жи­вот­­на сила за сите словенски народи. Светите браќа ги развиле своите духовни дарби и создале дело од непроценлива културно-уметничка вредност, што претставува голем придонес во духовната и кул­тур­ната ризница, не само за македонските и другите славјански народи, туку и за човештвото во целина.

vatikan3-3

Инаку, историската вистина за прославата „Македонија во чест на свети Ки­­рил“ започнала уште во 1970 година. Таа година со златни букви ќе остане забележана во историјата на Светикириловиот гроб во Рим, на Македонската православна црква, на македонскиот христијански народ и на Македонија. Имено, во таа година, по повод празникот на словенскиот апостол, по вторпат беше одржана поклоничка свеченост, на која присуствуваше поглаварот на Македонската православна црква Неговото Блаженство архиепископот охридски и македонски г.г. Доситеј, кој ја откри спомен-плочата изработена во бакар на која на македонски јазик е испишан следниот текст: 

Инаку, првото чествување од смртта на свети Кирил Солунски се одржа на 14 февруари 1969 го­дина во Рим во базиликата „Свети Петар“, со концелебрација (сослужение) во слово на просветителското дело. Чинот се одржал во таа им­позантна катедрала посветена на првиот Христов апо­стол, кој, исто така, како и свети Кирил Солунски, до­шол од Исток во илјадалетниот град, или градот на ­вечноста – Рим, за да го проповеда христијанското уче­ње. Свети Кирил Солунски дошол да го брани тоа учење, да докаже дека може да се проповеда на јазикот на Словените (на Македонците), а не само на ла­тин­ски, еврејски и елински јазик, како што дотогаш се верувало. Дошол кај поглаварот на западните христијани пред единаесет векови и бил разбран, и оттогаш хри­стијанската вера се проповеда и на словенски – старомакедонски јазик

Се вративме од Рим во вечерните часови кога сонцето тонеше кон запад и кога на аеродромот „Петровец“ се спушташе ноќта. Авионот како орел го надлетуваше градот од кај Водно, за потоа да направи полукружно движење кон Велес и за неколку минути да се најде кон пистата од јужната страна. Потоа, авионот силно зачкрипи на пистата и за миг се најде спроти пристанишната зграда на аеродромот „Александар Велики“, од каде се приклучивме кон реката автомобили што се движеа кон Скопје.

Продолжува

slave44
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top