Дијаспора

Македонија и нејзината историска голгота (2)

etnicka-makedonija-karta

etnicka-makedonija-karta

„ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

Бескрајно долг и трнлив пат, исполнет со блескави страници на едно величествено истрајување, Македонија го минувала низ лавиринтот на времето на една феноменална исклучивост: нација и Црква, кои што конечно се конституираа дури кон половината на XX век и народ со европски профил, лоциран во срцето на Балканот.

На територијата каде што античко-елинската култура и римската цивилизација оставиле бројни траги, а потоа христијанството и исламот долго се бореле за превласт. Каде што се судирале, но и меѓусебно проникнувале грч-киот, албанскиот, романскиот, словенскиот и турскиот етнос – македонскиот народ опстојал под сите видови притисоци и вековни обезличувања и се зачувал со силата на својата исконска култура итрадиција, Иако наклонетоста на судбината најчесто го заобиколувала, сепак, сета логика на долгата и вековна исцрпувачка борба, проследена со востанија и порази, од пркоси и победи, ги научила Македонците успешно да ја совладуваат суровата школа на опстанокот.

Во античкиот период Македонија постоела како самостојна држава, робовладетелска, која се наоѓала на територијата на истоимената област, порано нарекувана Ематија. Древната Македонија се граничела на југ со античка Елада-Грција, на запад со Епир, на северозалад со Илирија и на исток со Тракија.

Мнозинското население на државата биле македонските племиња Орести, Линкести, Елимиоти и Еродејци, кои во етнички поглед биле блиски до Илирите, Траките и Елините-Грците. Во шестиот век пред нашата ера, Македонија немала поблиски комуникации со античката елинска-грчка држава и култура. Во општествен поглед, таа се уште живеела првобитен поредок, но постепено навлегувала во епохата на таканаречената воена демократија.

Кога веќе развојните процеси ја вклучиле и Македонија во класното општество, дошло до првото обединување на расцелканите области на земјата. Царот Александар први (498-454 пред н.е.) е првиот обединувач на Македонија. Царот Архелеј силно ја зацврстил централизацијата и вовел парични и воени реформи (413-399), додека во времето на Филип Втори (359-336) Македонското царство се проширило. Тој ја организирал војската, ги ликвидирал сепаратистичките тенденции, а со битката кај Херонеја (338 год. пред н.е.) им го нанел на античките Елини-Грци и на целата антимакедонска коалиција, најголемиот пораз издигајќи ја Македонија во едча од најсилните држави на Балканот и пошироко.

Наследникот на Филип Втори – неговиот син Александар Македонски, или наречен уште и Александар Велики (336-323 пред н.е.) ги продолжил завојувачките походи. Хегемонијата над античките Елини-Грци и над поголемиот дел од Балканот, утврдена со Коринтскиот конгрес лига во 337 година пред н.е. Александар ја уништил и со своите походи на исток дошол до Индија.

filip-aleksandar 
Филип и Александар

Тогаш Македонија станала центар на една огромна држава која се протегала на три континенти и која го достигнала врвот на својот развој. Но, по смртта на Аалександар, Македонија како држава почнапа брзо да се распаѓа, а завојувачките стремежи на Римјаните на Балканот довеле до трите т.н. македонски војни (214-205, 200-197 и 171-168 пред н.е.). По ова Македонија била покорена и поделена на четири автономни области во рамките на римската провинција, со центар во Солун, а подоцна и во Стоби.

Доаѓањето на словенските племиња (Драгувити, Сагудити, Велгизити, Струмјани, Ринхини, Смољани, Березити и други) се случило кон крајот на VI век и траело до средината на VII век. Освен Солун, тие ја населиле територијата на цела Македонија, мешајќи се со староседелците, кои брзо ги асимилирале, создавајќи го, на тој начин, идниот етнички амалгам на Склавините или Македонците, односно на денешните Македонци, кои заедно со античките Македонци имаат право да го носат славното име на Македонија.

Наоѓајќи се на најпрометниот дел на Балканот, Македонците набрзо станале објект на туѓински аспирации и завојувања, зашто Византија секогаш во евентуалната македонска поцврста државна организација, гледала потенцијална опасност од создавање на нова силна              македонска држава. По жилав и долг отпор од преку 200 години, Македонците биле покорени од Византија. Едно од најпознатите антивизантиски востанија била Буната на синовите на брсјачкиот кнез Никола во 976 година. Синот на Никола – Самуил, успеал до крајот на X век да ја ослободи цела Македонија и да ја организира првата значајна државна заедница на Македонците.

car-samoil
Цар Самоил

Царството на Самуил траело од 976 до 1018 година. Тогаш Македонија била една од најсилните држави на Балканот, со престолнина, најпрвин во Преспа, а потоа во Охрид. Нејзината Црква имала ранг на патријаршија. Во рамките на Самоиловата македонска држава влегувале Тесалија, Епир, дел од Албанија со Драч, северна Бугарија, Босна, Дукља и Рашка.

 Откако Византија успеала да го порази Самуила во битката кај Беласица, за Макадонија започнале вековите на робување, Најпрвин Византија, потоа бугарските и српските војувања и освојувања, за најпосле турското ропство да се протегне низ пет столетија, се’ до почетокот на XX век. Наспроти тиранијата почнувајќи од XI век наваму Македонија постојано се извишувала над своите величествени мигови на непокорот.

Прво, востанијата против византиската власт (Петар Делјан во 1040/41 и Ѓорѓи Војтех во 1072/ 73 год.) биле задушени со крв, Само за споменуѕање е дека од XII век до Балканските војни, Македонците воделе непрекинати битки против тираните, независно дали биле бугарски или српски, а особено турски, кои османлиското владеење на овие простори го зачуеапе цели пет века.

Најмасовно востание против турската власт Македонците имапе во времето на Австро-руската војна до 1689 година, позната како Карпошово востание. Со свои чети активно учествувале и во Српското и во Грчкото востание против Турците, во 1804 и 1821 година.

По освојувањето на Македонија од Турците дошло до крупни промени во животот на Македонците. Според турскиот административен систем, кој првпат се споменува во XI век населението од овој регион свесно за својата национална припадност, водело енергична борба против Цариградската патријаршија, која преку воведувањето на грчкиот јазик во црквите и училиштата се обидувапа да го асимилира.

Меѓутоа, во периодот од 1846 до 1880 година во македонските поголеми населби биле отворени голем број училишта, во кои наставата се изведувала исклучиво на македонски јазик (месно наречје), Тоа е време кога грчката влада доселениците од Кавказ, познати како просвиги, (православни Турци) ги наоружала и ги направила чувари од опасноста од север, давајќи им неограничени права. Оружјето го носеле со себе дури и на нивите. Македонскиот селанец не се чудел, бидејќи и Турците своите пушки ги носеле на рамо, а сабјите во појасите, топорејќи му се на населението со закани за ограничување на нивните слободи и прааа.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top