Дијаспора

Во Словенија – земјата под Алпите (4)

slovenija-1

slovenija-1

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – СЛОВЕНИЈА

Беше прекрасен пролетен ден, наоколу со распослани зелени килими, а низ нив опојни разнобојни цветови. На начин на кој животот се буди и развива убаво чувство на љубов кон природата. Сонцето, чии бои се прелеваа во далечините на исток од каде започнуваше новиот ден, беше како огромна топка или балон што едвај се движи во просторот. Глетката беше прекрасна. А автомобилот брзаше од населбата Ченто кон аеродромот „Петровец“, од каде заминавме за Љубљана во Република Словенија.

Во аеродромската зграда вриеше како во кошница. Се чувствувавме како да сме на некој голем аеродром што претставува крстосница за светот. Флотата авиони беше наредена пред аеродромската зграда, небаре е дел од некој светски аеродром. Во исто време неколку авиони полетуваа кон повеќе дестинации. Нам ни беше укажана честа да бидеме меѓу првите што влегоа во авионот кој веднаш летна, земајќи го курсот кон северозапад. Стујардесата нѐ известуваше за сите неопходни информации на словенечки, англиски и на македонски јазик. Патувањето, кое траеше околу еден и пол час, беше пријатно и просто не почувствувавме кога слетавме на аеродромот „Брник“, што се наоѓа во непосредна близина на Крањ и Љубљана.

Ние (архиепископот г.г. Михаил, поглавар на Македонската православна црква, проф. д-р Ратомир Гроздановски, секретар на Светиот синод на Македонската православна црква и авторот на овие редови, во својство на потпретседател на Комисијата за односи со верските заедници на Република Македонија) во Словенија пристигнавме во недела напладне, во месец април. Времето беше врнежливо, што е вообичаено за Словенија. На аеродромот бевме пречекани од претставници на Амбасадата на Република Македонија во Република Словенија, претставници на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“, на Македонското културно друштво „Македонија“, на претставништва во Љубљана и уште од десетина Македонци од Љубљана и Крањ.

Според пишаните документи, Словенија е планинска земја која се наоѓа под Алпите. Тоа е држава во централна Европа, која се граничи со Италија на запад, Јадранското Море на југо-запад, Хрватска на југ и исток, Унгарија на северо-исток и Австрија на север.

Словенските претци на денешните Словенци се населиле на територијата на Словенија во VI век. Словенското кнежевство Карантанија било формирано во VI век. Во 745 година Карантанија била приклучена кон Франкската Империја и тогаш Карантанците го прифатиле христијанството. Карантанија ја задржала својата независност до 828 година. Со бунтовите на локалното население и со помош на Баварија, Карантанија имала своја потполна независност, но била сосема уништена од Унгарците во IX век.

slovenija-2
Копар

За време на XIV век, повеќето од територијата на Словенија била под раководство на Хабсбуршката монархија и во XV век целата територија на Словенија била под раководство на соседната Монархија.

Во XVI век во Словенија зела замав протестантската реформација. За време на тој период биле публикувани првите книги на словенечки јазик и тоа од Примож Трубар и неговите следбеници. Иако сите следбеници на револуцијата биле протерани од словенечките земји, сепак тие оставиле силни впечатоци на локалното население и ја поставиле основата на словенечкиот литературен јазик.

Во периодот 1805 и 1813 година Словенија потпаднала под раководство на Австриската Империја. Во тој период се развил словенечкиот национализам и се создала идејата за Обединета Словенија.

Инаку, Словенија беше дел од поранешна Југославија од 1945. до 1991. кога се избори за независност. Стана членка на Европската Унија на 1 мај 2004. Таа е исто така член на  Советот на Европа, НАТО и има набљудувачки статус во франкофонските држави.

На Словенија чие население е над два милиони му припаѓа многу мал дел од  јадранското крајбрежје, само во должина од педесетина километри. Од приморските градови најпознати се Порторож, Пиран, Изола, Копар и други кои секоја година привлекуваат голем број туристи особено од Европската Унија..

Во пишаната литература прочитавме, а и се уверивме  дека Словенија е земја која обилува со голем број природни убавини кои придонесуваат за развој на туризмот во оваа земја. Позната е по многубројните скијачки терени. Едни од најпознатите се наоѓаат на Марибор-ското Похорје, каде секоја година се одржува традицинонално Златна Лисица.

slovenija-3
Љубљана

Познати се доста и словенските бањи (топлице) кои се уредени со многубројни базени со ладна и топла вода и се атрактивни не само за медицински цели, туку и за рекреативни, особено помеѓу младите. Една од најубавите природни богатства на Словенија се езерата Блед и Бохињ. Тука се наоѓа и малиот остров со црква на него, кој е еден од заштитните знаци на оваа земја.

Словенците се нација кои важат за работливи луѓе. Тие се горди на својата работа и производите кои произлегуваат како продукт од истата. Посебно се горди на своите вина, во Марибор се наоѓа најстарата винова лоза во Словенија која претставува вистинска туристичка атракција. Доста се познати и крањските колбаси,прекумурската гибаница и традиционалното словенско јадење  од кисела зелка, грав и свинско месо.

Според демографските податоци, најголема етничка група во Словенија се Словенците со 83%. Покрај Словенците таму живеат и се вдомиле и народи од поранешната заедница СФРЈ, (Македонци, Срби, Хрвати,Босанци и Црногорци) кои сочинуваат околу 5,3%. Исто така има и Албанци, Роми, Италијанци,Унгарци кои сочинуваат околу 2,8%.

Официјален јазик на Словенија е словенечкиот јазик. Во регионите каде живее унгарско и италијанско население, унгарскиот и италијанскиот јазик се официјални јазици покрај словенечкиот.

Денеска, најголема религија во Слоивенија е Римокатоличката. Според податоците од 2002 година, околу 57%  се приврзаници на оваа религија. Помали верски организации се православието, протестантството, исламот и.т.н.

Првите книги во Словенија биле објавени од протестантскиот реформатор Примож Трубар, поточно објавил две книги о во 1550 година во Германија. Покрај Трубар, позначајни писатели и поети на Словенија се: Франце Прешерн, Отон Жупанчич, Сречко Косовел, Едвард Коцбек, Дане Зајц, Иван Цанкар, Владимир Бартол и други.

Продолжува

slave-katin-svedska
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top