Дијаспора

Илинденското востание од Битолскиот до Костурскиот регион (6)

ilinden6

ilinden6

„ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

Егејска Македонија, до Балканските војни, во се ја делела судбината на другите македонски краишта. Во составот на турската империЈа, Македонија претставувала заокружена стопанска и народносна целина. Егејска Македонија во времето околу Илинденското востание (1903 г.) влегувала со еден дел во Битолскиот, со друг во Солунскиот и со трет во Серскиот округ на Внатрешната македонска револуционерна организација.

Најмасовно во Илинденското востание влегол Битолскиот округ. Конкретните подготовки за востанието таму започнале главно по одржувањето на Окружниот конгрес во село Смилево.

На Смилевскиот конгрес учествувале и револуцио-нерните реони од Егејска Македонија и тоа: Лерински со Михаил Чаков и други, Костурски со Пандо Кљашев и Васил Чакаларов, Преспански со Славејко Арсов, Никола Карев и други делегати. (Преспанскиот востанички реон со северниот дел денес е во состав на Република Македонија, а јужниот во Егејска Македонија). Истакнатиот костурски раководител и поет Лазар Поптрајков бил избран за член – заменик на Главниот востанички штаб.

Меѓутоа, уште додека заседавал тој конгрес, предизвикани, главно од познатите Солунски атентати, Турците во некои места почнале масовни грабежи и погроми. Така во мај тие извршиле ѕверски колеж во селото Смрдеш – Костурско. Смрдеш бил ограбен и опожаран. Биле убиени и заклани 87, а ранети 30-мина селани. Меѓу жртеите имало и жени и деца. Масовен погром Турците извршиле во селото Баница, Серско, по загинувањето на глемиот револуционер Гоце Делчев, на 4 мај. Слични погроми на разузданиот аскер и башибозук имало и по други места на Македонија. Овие насилства и погроми биле предвесник на големите настани кои допрва престоеле.

Согласно со прогласот за востание на Главниот востанички штаб, и со решенијата на Смилевскиот конгрес, на Илинден 1903 година и во најјужните околии од Битолскиот округ, започнало востанието. Костурскиот реонски востанички штаб, на чело со Лазо Поптрајков, растурил со брзи курири, низ сите села, краток повик со кој се известувало способното население „по утврдениот ред да влезе во редовите на борците”. Повикот завршувал со извиците: „Да живее автономна Македонија, која се бори за својата слобода! Да живеат борците!”

ilindensko-vostanie-6

За одбележување е дека по јасноста на целите на востанието овој повик го надминал и апелот на Главниот штаб. Инаку, востанието во Костурско било на прво место по масовноста, ударната сила и стратегиските потфати. Со Костурско можело да се споредува само Крушево.

И во Костурско отпрвин иницијативата во борбите ја имала востаниците. Нивни најважни реони биле Корештата и Клисурско. Селските востанички одреди ги уништувале комуникациите, напаѓале на помалите турски гарнизони и ослободувале села и територии. И до средината на септември под власт на востаниците се наоѓале 60 села. Но, најголеми успеси биле постигнати пред ослободувањато на двете гратчиња – Клисура и Невеска – сместени во планинскиот терен помеѓу македонските градови Костур, Лерин и Кајлари.

Во ослободувањето на Клисура која останала во востанички раце 22 дена, учествувале 600 востаници, а тој број подоцна нараснал на 800 луѓе. Ослободувањето на Невеска, пак, била заедничка акција на костурските и леринските востаници. Но, ни во Клисура, ни во Невеска не била организирана нова револуционерна власт по оној ред како во Крушево. Костурските востаници имале и повеќе други судири со аскерот и постигнале повеќе победи при ослободувањето на селата.

Во Леринската каза востаниците презеле повеќе акции во првите востанички денови. На Илинден, вечерта, еден одред ја нападнал станицата Екшису и ја онеспособил пругата. Други одреди ги уништувале телефонските линии, мостовите и пругите, ослободувале села, напаѓале на беговски кули и чифлици. При обидот на востаниците, според планот на Реонскиот востанички штаб, да се ослободи селото Арменско, Турците извршиле страшен погром.

Во Преспанскиот реон не се развиле некои пошироки востанички акции, но и овде народот масовно востанал. Прва и најголема востаничка акција бил нападот на нахискиот центар, селото Наколец, каде што имапо 100 турски војници, потоа борбите во Љубојно, Отешево и Крушје Други одреди влегле во борби со некои помали турски единици по селата. До првата половина на август востаниците и таму биле господари на положбата, а потоа под постојаниот аскерски притисок се повлекле во планинските предели.

kostur-lerin
Костур, Лерин

Во Кукушката околија првите судирања на четите со аскерот започнале во август. Потоа судирањата се прошириле кон Ениџо – Вардарско, Воденска, како и кон Гевгелиско и Тиквешко на север. Во Солунскиот санџак востаничките сили извршиле 7 бомбашки напади врз пруги и други комуникациски објекти – меѓу станиците Острово и Владово – Воденско, кај селото Бојмица – на пругата Солун – Скопје и неколку во Гевгелиско.

Со тоа се потврдило дека Егејска Македонија имала достојно место во борбите и страданијата на целиот македонски народ за своето национално ослободување.

Инаку, Егејска Македонија, или Беломорска Македонија е дел од регионот на Македонија, а денес е во состав на Република Грција. Овој дел од Македонија е најголемиот регион во Република Грција според областа и вториот регион според бројот на жители.

Грците овој дел го нарекуваат едноставно Македонија (грчки: Μακεδονία), како што се чувствуваат дека тоа е само птостор кој има право да го носи името Македонија. Ова е една од причините за грчко-македонскиот спор околу името на Република Македонија.

Меѓутоа, спорот за името меѓу Грција и Република Македонија опфаќа неколку главни прашања обединети околу името Македонија, етничкото потекло на населението кои живеат во оваа земја, како и ословувањето на јазикот на кој што се користи. Ескалирањето на спорот се протега на таква рамка што нејзиното решение вклучува учество на меѓународни медијатори од највисоко ниво.

Спорот, главно, е резултат на несогласувањето на Република Грција за прифаќање на уставното име на Македонија, за кое педесеттина години немаше примедба. Привременото решение “Поранешна Југословенска Република Македонија” (а го форсира кај народот името „Скопје“), го користи Република Грција, а го користат и други земји кои не го признаваат уставното име на Македонија. Сепак, сите членки на Обединетите нации, и таа самиот, како целина, е да се прифати едногласна одлука која ќе произлезе како резултат на разговорите меѓу двете земји.

Во врска со македонското иселеништво, пак, а во чест на  Илинденското востание во Егејска Македонија, ќе ја претставиме песната „Илинден – 2 Август 1903“ на Џим (Митре) Томев (на Патерој, Патерас) од Мелбурн, Викторија, Австралија. Тој е познат и признат австралиски интелектуалец од македонско потекло. Џим Томев е автор на седум драмски едночинки и подолги текстови, на стихозбирката на англиски и македонски, „Фрагменти на една историја”. и на делото на англиски јазик „Мали измислици –голема мудрост“ (Small tales- great wisdom). Тој е австралиско-македонски публицист, драматург, новинар и вљубеник во етничка Македонија, чиј корени се во селото Кабасница, Леринско. Џим Томев на Илинден  ја посвети следната поема:

ИЛИНДЕН – 2 АВГУСТ 1903

Се чинеше дека тиранијата
беше вмешана со истиот ветер
по петстотини години,
и изгледаше дека дечињата
ја цицаа од боските на младите мајки.

Во неприродната поворка
од монотоно ропство
надгробните крстови
беа се’ што надежта можеше да ни даде.

Но волјата на младите
со решителна енергија
изгради соништа од утопии
од слобода отаде безнадежноста
зашто тие ја знаеја слободата
отаде јаремот ставен само од луѓе
и дека светот не беше врзан
со непроменлива хиерархија.

Смешана со горчина и крвни паметења
 слободата разурнувачки
го прекрши парализираниот ветер.

Над вековното сонце
бели мугри изгреаја
огнот се чистеше и ги сечеше
дебелите шуми на темницата
стегата на ропството падна
на таа очајна секунда светлина,
потем монотоните жални пискоти
ужасни во своите непрекинати болки
продолжија и ние дознавме
дека славата беше наша
иако победата се изгуби.

Џим Томев (Австралијз)

(Песната „Илинден – 2 Август“ е објавена во делото „Илинденското востание 1903-2003 и македонските иселеници“, стр. 50.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top