Дијаспора

Формирање на првата МПЦ „Света Злата Мегленска“ во Загреб (8)

zagreb8

zagreb8 

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – ХРВАТСКА

Хрватска отсекогаш била интересна земја за Македонците, кои се доселувале времено или постојано. Така, еден од првите доселеници од Македонија во Хрватска е Константин Миладинов, од Струга, којшто се вработил како личен секретар на бискупот Јосип Јурај Штросмајер и со негова финансиска и морална помош, во 1861 година го издал прочуениот „Зборник на македонски народни песни“, преку кој македонското народно творештво му стана достапно на целиот културен свет и битно придонесе за афирмација на македонското литературно народно творештво.

Меѓу двете светски војни Хрватска, како најразвиен индустриски и трговски дел на новосоздадената држава СХС, привлекла многу деловни луѓе од Македонија, како и луѓе кои барале можност за работа. Исто така, многу млади Македонци се упатиле на школување, на студии. Така, на загрепските факултети биле запишани стотина студенти од Македонија, а Загреб станал центар на македонското револуционерно движење, преку студенскиот клуб „Вардар“.

Пред Втората светска војна во Загреб престојувал и големиот македонски поет Кочо Рацин, од Велес, кој, во работничките весници, напечатил повеќе статии. Кон крајот на 1939 година, во Самобор, Кочо Рацин ја отпечатил и првата збирка песни „Бели мугри“ на македонски јазик, која претставува голем придонес за македонскиот јазик и книжевност.

По ослободувањето во 1945 година, и формирањето на Народна Република Македонија, одреден број трговски и интелектуални фамилии од Македонија се преселиле во Хрватска. Исто така, млади луѓе од Македонија се запишале во средните стручни училишта, воените училишта и високите школи и факултети на Загрепското светилиште. Така, се смета дека по војната во Загреб имало повеќе од илјада студенти од Македонија. Нивниот број, во наредните години, се смалувал, паралелно со отворањето на поодделните факултети во Скопје. И по скопскиот земјотрес, во 1963 година, од Македонија организирано во Хрватска дошле голем број Македонци кои останале сè до денес.

Во Македонската заедница во Хрватска се вклучени друштвата „Илинден“ од Риека, „Македонија“ од Сплит и „Браќа Миладиновци“ од Осиек, како и македонските православни цркви: „Света Злата Мегленска“ во Загреб, „Свети Наум Охридски“ во Сплит и „Свети Јован Осоговски“ во Пула, кои претставуваат собиралишта и за млади и за стари, места каде се негуваат македонската песна и ора, традициите и обичаите, христијанската религија и културните вредности донесени од Македонија.

По основањето на Заедницата на Македонците во 1992 година, на денот на светите браќа Кирил и Методиј, во Католичката (Унијатска) црква во Загреб, беше одржана и првата богослужба на македонски јазик во Хрватска. За првпат во една од републиките на поранешна Југославија, надвор од Македонија, тогаш се слушнаа молитви кон Господа на мајчин македонски јазик. На 11 декември 1993 година, пак, беше формирана и Македонската православна црковна општина, што го доби името на светата великомаченица Злата Мегленска.

zagreb8-2
Макета на црквата „Света Злата Мегленска“

Затоа и поводот за нашето патување за Загреб (на свештеникот Ѓорѓи Кацарски, ѓаконот Александар Цандовски и авторот на овие редови Славе Катин како потпретседател на Комисијата за односи со верските заедници на Република Македонија) беше формирањето на црквата „Света Злата Мегленска“. Таа е првата македонска православна црковна општина во Република Хрватска, која припаѓа на Европската епархија на МПЦ-ОА, како дел од семејството на над осумдесетината македонски духовни, културно-просветни и национални центри надвор од Република Македонија.

Често со право се вели дека Македонците во светот оставаат бројни траги, некаде во сенка, некаде како привид, а некаде како живот кој тече. А трагите на Македонците во Загреб се повеќе од тоа: тие се значаен дел од културното и духовното наследство на Македонија и парче од мозаикот, културата и обичното живеење на суверена Хрватска.

Убавиот Загреб, една од европските метрополи на културата, широко ги отвори пазувите за Македонците кои времено или трајно свиле гнездо на тие простори. Според некои податоци во Загреб живеат околу 4.000 Македонци од сите краишта на Македонија, а од 12.000 до 15.000 во цела Хрватска; ги има од фурнаџии до универзитетски професори, но сите се со една мисла – за подобри врски со Македонија.

Во Загреб стасавме во еден сончев и убав зимски ден. Градот беше обвиен во дебела снежна покривка, а глетката беше прекрасна. Како и да не биде прекрасна кога зимата како временски период е мошне присутен мотив во хрватската литература и уметност. Беше сабота, кога патиштата за голем број Македонци водеа кон музејот „Мимара“ во строгиот центар на Загреб, прекрaсно здание спроти Хрватското казалиште, формиран од донаторство на хрватскиот сликар и реставратор, познавач на уметноста и колекционер – Анте Топиќ Мимара. Во една од салите на овој значаен загрепски музеј се одржа изборното собрание на Македонската православна црковна општина „Света Злата Мегленска“.

zagreb8-3
Богослужба на митрополитот Пимен во новиот храм

Беше прочитана Одлуката на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква, потпишана од архиепископот охридски и македонски г.г. Михаил, со која формирањето на македонската православна црковна општина во Загреб се здоби со благослов. Потоа, авторот на овие редови Славе Катин одржа предавање на тема „Улогата и вистината за Македонската православна црква“, кое беше следено со големо внимание и наградено со аплауз од присутните.

Напладне во преполнетата црква „Свети Рок“ во Загреб, се одржа богослужба на македонски јазик. Присутните ги поздрави и старешината на црквата, а како и на предавањето во „Мимара“ присуствуваа неколку новинари од Загреб и дописници на странски новински агенции. Тоа беше прва недела по Денот на Свети Климент. Затоа и литургијата беше посветена на тој наш голем учител и отец, просветител и црковен столб, родоначалник на Охридската архиепископија и првиот охридски епископ.

Огромно беше задоволството што богослужбата се одржа на македонски јазик, тоа се читаше на лицата на присутните на кои тој свечен чин им остави белег на нивните души. Тоа особено се чувствуваше кога опојниот мирис на темјанот ја исполни црквата, ги возбуди, ги обедини и ги стопли душите на собраните Македонци во тоа, инаку студено, загрепско утро.

Тој опоен мирис, кој многу од присутните не го почувствувале можеби и со децении, им ги замати главите и ги врати сеќавањата на оние далечни денови во родната земја Македонија, во која со години Црквата играла важна улога, ако не и најважна, зашто успеа да ги зачува македонските традиции, обичаи, јазикот, културата и другите обележја на македонскиот народ во еден подолг период.

По одржувањето на богослужбата, заедно со членовите на новата  црковна управа на чело со познатиот диригент Тома Прошев, заедно со надбискупот на Католичката црква господинот Кокша, со кого се знаевме уште од Ватикан, имавме срдечна средба, гозба и неколкучасовно другарување на падините на планината Сљеме. Оттаму, од еден прекрасен ресторан со поглед кон градот, ја гледавме и се насладувавме на убавината на околината и убавите предели на овој рекреативен центар кој по многу нешта наликува на Водно крај Скопје.

Токму тие сличности на овие две планини кои се издигаат над двата главни града од двете држави ги прават Загреб и Скопје блиски и ја намалуваат далечината што постои меѓу нив. Во текот на разговорите се правеа споредби меѓу Сљеме и Водно, се дискутираше за убавините што мајката природа ни ги дала и за можностите за искористување на тие дарови од природата. На моменти заборавивме дека сме на Сљеме, туку само зборувавме за Водно, за деновите од детството и од студентскиот период, за сè она што ги поврзува скопјани со Водно, како и загрепчани со Сљеме.

Продолжува

slave-katin-svedska
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top