Дијаспора

Спектакуларен Мумба фестивал во Мелбурн Австралија по повод 8 Март

gordana-dimovska

{besps}photo/mumba-festival{/besps}
На меѓународниот ден на жената се слават економските и политичките достигнувања на жените во минатото, сегашноста и иднината како и социјалната рамноправност со мажите. Првпат е прославен во 1909 година во САД. Во 1910 под закрила на Втората интернационала, во Копенхаген,беше одржана Првата меѓународна конференција на жените на која било одлучено да се прославува Меѓународен Ден на жената на 8 –ми Март, секоја година. Во 1911 година овој ден е прославен од страна на повеќе од еден милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. Денес, 8 март е државен празник во Русија, Белорусија, Молдавија, Украина, Ерменија, Бугарија, Монголија, Узбекистан, Виетнам. Во Македонија има повеќе симболично значење отколку поврзаност со идеалите за рамноправност,еднаков третман во општествено-политичкиот живот на жените со спротивниот пол.

Многу помало значење му се придава на интернационалниот Ден на жената кој се совпаѓа со Денот на трудот во Австралија. Сепак, голем број на македонски друштва, пензионерски групи, здруженија успеваат да го одржат овој празник и да го одбележат на еден достоен начин со организирање на прослави во најблиските центри, ресторани, или во градот.

Како и да е, 8 Март е голем повод за прославување па во таа прилика и честитки до сите жени во светот, посебно до македонската жена во и надвор од границите на Македонија.

По повод Денот на трудот 8 март,во државата Викторија, денес се одржа спектакуларниот фестивал на етничките заедници Мумба фестивал во Мелбурн. Секоја година на најмасовната парада по улиците на Мелбурн излегуваат и учествуваат десетици илјади Австралијани. Мумба парадата претставува место за презентација на мултиетничноста, традицијата, културата на сите нации во Австралија.Овој е најголем фестивал во цела Австралија и на парадата учество земаат голем број претставници од сите етнички групи во Австралија.Оваа година пред околу 10 000 посетители продефилираа 1 500 учесници на парадата, кловнови,Боливуд танчерки, џиновски кенгури, џиновски јадења, легендата на австралискиот фудбал Лу Ричардс. Во едночасовната парада по улиците на Мелбурн се развеа и македонското знаме. Младите играорци облечени во народни носии беа меѓу првите најавени кои со песна и игра достојно ја претставија македонската традиција и фолклор. Оваа година Мумба фестивалот имаше за цел да воведе односно врати стилот на монархија. Популарните музички имиња Кејт Собрано и Моли Мелдрум – први монарси во десет години. На тој начин се поврати сјајот и традицијата на овој спектакуларен фестивал. На овој ден се славеше за трудот на работникот, за убавото јадење, четирите временски сезони во еден ден во Мелбурн (по што е познат овој град). Низ прекрасните костими и кореографии, маски, игра и песна уште еднаш се претставија безброј етнички групи, се пренесоа илјадници пораки. Уште еднаш победи креативноста, победи културната толеранција и меѓуетничкиот соживот.

СРЕЌЕН 8-МАРТ денот на жената од Македонците од Мелбурн Австралија

gordana-dimovska
Гордана Димовска

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top