Дијаспора

РАДА ВИДИНОВСКА И НЕЈЗИНАТА ПОСВЕТЕНОСТ НА ПОЕЗИЈАТА (12)

borcevid1

borcevid1

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ И ТВОРЕШТВОТО НА БОРИС (БОРЧЕ) ВИДИНОВСКИ

Животната приказна на Борис (Борче) Видиновски е слична или идентична со историјата на голем број Македонци од сите делови на Македонија кои живеат на Северноамериканскиот континент. Во исто време неговиот живот и дело е и скромен дел од историјата на неговото родно Крстоар, на Битола, а преку него и на неговата татковина – Македонија. Зашто она што се случувало од исконските времиња од античкиот периодпа сè до прогласувањето на Република Македонија за самостојна, демократска и независна држава е само една сага на човештвото

Затоа, може да се рече дека со монографскиот труд за доблесното семејство Видиновски кое потекнува од селото Крстоар, Битолско, а живее во демократска Канада, во скромни рамки се проектира најновата фаза на македонската иселеничка историја.

Борче Видиновски е личност за почит и пример од кој можат и треба да се огледаат и други Македонци во двете татковини, Канада и Македонија. Делото што го направиле тој и неговата сопруга Рада, претставува убав пример и патоказ на еден честит и благороден македонски брачен пар во Канада.

Целосна претстава за Борче може да се добие ако за проекцијата се прекрши родното огниште – легендарното Крстоар, потоа Битола, каде го помина дел од своето детство, и неговите две татковини – Македонија и Канада. Тоа може да се види во текстовите кои се дадени во монографијата „Семејството Видиновски“.

Всушност, дел од животот и делата на Борче и Рада Видиновски е сместен во монографијата насловена „Семејството Видиновски“ што ја подготви на македонски и на англиски јазик авторот на овие редови, Славе Николовски-Катин. Монографијата е еден вид биографско-публицистичко дело и претставува своевидна сага за жилавоста, макотрпението, упорноста и истрајноста на Борче и Рада од Крстоар и од Живојно, Битолско.

borcevid2

Селото Крстоар

Монографијата за семејството Видиновски е поделена на десет дела. Во нив се претставени неговите две татковини – родната Македонија и Канада. Првиот дел е насловен „Македонија – татковината на семејството Видиновски“, во кој се поместени текстови за Македонија од античко време па до денес, за Битола и битолскиот крај и за слободарскиот дух на тие македонски простори.

Во вториот дел под наслов „Поетесата Рада Крстевска – Видиновска“ се дадени два текста за Крстоар како дел од печалбарски крај, потоа се поместени текстовите за животната приказна за поетесата Рада Видиновска, нејзините поетски остварувања во период повеќе од триесет години, како и нејзиниот израз на поетските чувства на Струшките вечери на поезијата.

Исто така, е даден дел од животната приказна на нејзиниот сопруг Борче Видиновски, како семеен човек, како бизнисмен, како активист во македонските асоцијации во Торонто и како скромен поет .

Третиот дел од монографијата „Историското и духовното живеење во Крстоар“ ги содржи тектовите под наслов „Од  Широк Сокак до манастирот Свети Христофер“ во Крстоар, потоа се поместени текстови за црквите, манастирите и другите природни знаменитости во Крстоар, како и текст за Буковскиот манастир „Свето преображение Христово“ кој е сенароден духовен центар.

Четвртиот дел кој е посветен на поетесата Рада Крстевска – Видиновска содржи текстови за значајните поетски остварувања на Рада како дек од нејзиниот живот. Посебен простор е посветен на поетските остварувања со настапите на Струшките вечери на поезијата и на други манифестации во Македонија.

borcevid3

Борче и Рафо со претседателот Глигоров

Петтиот  дел е насловен како „Семејните корени на фамилијата Видиновски“, во кој се дадени семејните дрва на Борче и Рада и нивните семејства, потоа е поместен текст  за корените на семејството Видиновски од Нивици, Преспанско до Крстоар, Битолско, за Егејска Македонија, земјата на корените на семејствата Видиновски и Крстевски, како и текст за Крстоар како дел од македонскиот иселенички регион под Пелистер.

Во шестиот дел се поместени текстовите за учителот и големиот македонски револуционер Ѓорѓи Поп Христов – Крстоарец, кој оставил вечни траги во националното живеење. Потоа е поместен текст за војводата Тодор, прадедото на Борче Видиновски кој бил во четата на Ѓорѓи Сугарев и кој бил единствен преживеан борец од битката, како и е поместен пригоден текст за борачот – најсилниот маж, Тодор Јурукот од Крстоар.

Седмиот дел е посветен на родното место на Рада Крстевска Видиновска, селото Живојно во Мариово, при што се дадени текстови за историскиот развој, за образовните, за културните процеси и културните знаменитости, како и биогравски податоци за познати и признати личности од Живојно.

Осмиот дел под наслов „Канада – Втората татковија на семејството Видиновски“ содржи пригодни текстови за Торонто, за активностите на Рада и Борче во Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“, во Организацијата „Обединети Македонци“ и посебен простор е посветен за нивните активности во Литературното друштво „Браќа Миладиновци“.

Деветтиот дел под наслов „Поезијата – дел од животот на Рада Видиновска“ е посветен на нејзиното учество на Струшките вечери на поезијата, со посебен нагласок на добивањето на престижната награда на Матицата на иселениците од Македонија „Иселеничка грамота“ што Рада ја доби на 31. Струшки вечери на поезијата. Потоа е поместен текст за Рада Видиновска и усвојувањето на првото признание „Златен клас за македонски вознес“ на Пелагониските средби во Новаци и текст за посебното признание од Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“ од Струга.

Десеттиот дел содржи текстови за познати личности кои напишале пригодни текстови за поетесата Рада Видиновска, како и се поместени објавени текстови во различни информативни гласила.

Исто така, во моногравското дело „Семејството Видиновски“ се објавени текстови за

Борче Видиновски кој спаѓа во редот на подобрите бизнисмени меѓу Македонците во Канада.Борче Видиновски заедно со брат му Мирче Видиновски беше сопственик на компанија „Пикерингауто-спрингсервис“ и компанијата Б-МОНТ.ЛИД во градот Пикеринг, Онтарио. Тие произведуваа федери за сите видови автомобили. Нивните производи се продаваат во Канада и САД, особено во Куба.

Исто така, двајцата браќа Мирче и Борче беа вклучени во акцијата  за прибавување на облека за крајно сиромашните краеви во Пиринска Македонија, во Бугарија  и во Мала Преспа, во Албанија, што во 1991 година започнаа да ја организираат македонските православни цркви „Свети Климент Охриски“ од Торонто и „Свети Илија“ од Мисисага, организацијата „Обединети Македонци“ и секцијата на ВМРО-ДПМНЕ од Канада.

Оваа акција резултираше со испраќањето авионски пратка од 290 кутии облека, со тежина од 3 тони. Пратките беа испратена до Македонската православна црква во Скопје, која понатаму ја презеде должноста за дистрибуирање. Во ова акција беа вклучени бизнисмените Борче и Мирче Видиновски, како претставници на организацијата „Обединети Македонци“, а кои и во минатото биле вклучени во вакви и слични хуманитарни акции.

borcevid4 

Куќата на Видиновци во Крстоар

Исто така, браќата Борче и Мирче Видиновски се многу заслужни за собирањето средства и нивна донација за купувањето на паркот „Илинден“ во Видби. Овој парк е со површина од околу 12 хекнатари и е местото за одржување пикници, како и просторот на  манастирот „Свети Илија“, сопственост на организацијата „Обединети Македонци“.

Борче Видиновски пред сè е бизнисмен, но поведен од својата сопруга Рада Видиновска одвреме-навреме добива инспирации да напише некоја песна. Така, има објавено десетина песни во гласилата на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“,

Во 1988 година, со играчите на тимот „Солун“ гостувал на големата светска манифестација на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија што се одржала во Скопје.

Борче Видиновски е еден од најактивните членови и донатор на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“. Денес живее и ги поминува пензионерските години во метрополата Торонто, поточно во Маркам, а неговиот иселенички копнеж тлее  и тој пее во неговите стихови за родната татковина Македонија.

Борче Видиновски е бизнисмен, но поведен од својата сопруга Рада Видиновска одвреме-навреме добива инспирации да напише по некоја песна. Така, во делото „Корени“ („Канадско-македонски литературни визии“) е застапен со девет негови песни на македонски јазик.

Инаку, делото „Корени“ е едно од позначајните поетски остварувања на членовите на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ при Македонската православна катедрална црква „Свети Климент Охридски“ од Торонто. Тоа, всушност, претставува излив на чувства, желби, соништа, копнежи, болки, вистини, страдања и радости, како и израз на голема љубов кон македонскиот и англискиот јазик.

Затоа, може да се каже дека за Борче Видиновски Македонија претставува дел од секојдневието и од вистината на демократска Канада. Како резултат на тоа, неговите поетски остварувања се тесно поврзани со родниот крај, а имаат силни носталгични изливи на љубов кон Канада, старата и неговата родна татковина Македонија.

Продолжува

 KatiN

Пишува: СЛАВЕ КАТИН   

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top