Дијаспора

РАДА ВИДИНОВСКА И НЕЈЗИНАТА ПОСВЕТЕНОСТ НА ПОЕЗИЈАТА (14)

zlatenklas1

zlatenklas1

РАДА ВИДИНОВСКА ДОБИТНИК НА „ЗЛАТЕН КЛАС ЗА МАКЕДОНСКИ ВОЗНЕС“ НА ПЕЛАГОНИСКИТЕ КУЛТУРНО-НАУЧНИ СРЕДБИ ВО НОВАЦИ

Според податоците на претседателот на Пелагониските културно-научни средби, господинот Ѓорѓи Лазаревски, средбите се формирани во 2000 година во Општина Новаци. Носители на активноста се познати писатели и научни творци кои со својот личен труд дале и даваат особен придонес за опстој на истите

Овие средби се од големо значење за Општината Новаци, за Битолскиот крај и во целост за зачувување на културно-научното наследство во Македонија. Се одржуваат секоја година, вообичаено во првата половина на месец октомври.

За одбележување е тоа што последниве две години на Пелагониските културно-научни средби настапија по 50 учесници од различни области на секоја средба.  Нивните трудови се отпечатени во 14 досега издадени зборници со повеќе од 250 разни наслови на повеќе илјади страници.

Манифестацијата Пелагониските културно-научни средби ја раководи Совет од повеќе легално избрани личности. Членови на Советот се познати писатели, поети, универзитетски професори и бројни научни творци.

Советот на своја седница го анализира творештвото на секој автор. На најстарите и заслужни автори им се доделува  „Повелба за животно дело“. До сега се доделени 18 такви признанија.

Во 2018 година Советот донесе одлука за воведување на посебно признание „Златен клас за македонски вознес“ кое, вообичаено, се доделува на познати автори кои со своето творештво го афирмираат македонскиот јазик и култура во странство.

zlatenklas2

По својата содржина и значење, Пелагониските културно-научни средби одамна ги надминале локалните рамки. Овие средби со своите прилози ја збогатуваат и осветлуваат содржината на овој крај како културно-историска ризница. Во содржината на  овие средби се вградиле и се вградуваат многу познати имиња од  Република Македонија што претставува едно големо богатство за културната историја не само на Општина Новаци, но и на цела Република Македонија.

Градењето на мостови на пријателство и соработка е макотрпна, но благородна работа. Мостовите секогаш го поврзувале она што е разделено. Затоа, сите сложно, без разлика на верска, национална или каква и да било друга припадност, на Пелагонските културно-научни средби си подаваат раце едни на други и  градат бескрајни пруги, за да се премостат сите реки и мориња, да се направат мостови, за да врват по нив сите добри луѓе.   

Пелагониските културно-научни средби успешно ја продолжуваат својата работа благодарение на големиот ентузијазам на голем број творци и поддржувачи што се добива од Општина Новаци.

Средбите особено водат грижа за афирмација на Македонците раселени по светот, кои се претставени со бројни културно-научни трудови на средбите во Новаци. За тоа посебно се грижи Советот на Пелагониските културно-научни средби, кој меѓу другото го доделува признанието „Златен клас за македонски вознес“.

Така, на својата седница одржана на 12 септември 2018 година Советот одлучи првото признание „Златен клас за македонски вознес“, чиј претседател беше Панде Манојлов да ѝ се доди на поетесата Рада Видиновска која со своето поетско творештво има особен придонес за афирмација на македонскиот јазик и литература во странство.

Дотолку повеќе што Рада Видиновска е родена 1944 година во село Живојно, во Општина Новаци, а е еден од познатите современи македонски писатели, поети, есеисти раскажувачи, кои живеат надвор од границите на Република Македонија.

zlatenklas3

Новаци

Во образложението на Советот на Пелагониските културно-научни средби, меѓу другото се вели дека Рада Видиновска со своето семејство во 1970 година ја напуштила татковината и емигрирала во Торонто – Канада, каде активно се вклучила во македонските иселенички организации и црковни општини. Како член на управата на  Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“, меѓу другото,  била претседател на женската секција и претседател на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ во Торонто.

Рада Видиновска е автор на четиринаесет поетски творби за кои добила бројни награди и признанија. Повеќе години била учесник на Меѓународната манифестација „Струшки вечери на поезијата“.

Со своето семејство живее во Канада, каде активно придонесува за ширењето на македонскиот јазик и култура, на македонска вистина. Таа живее во иселеништво, но редовно ја посетува својата татковина и нејзиното родно село Живојно и претставува мост на зближување меѓу културите на Канада и Македонија.

Продолжува

 G6

Пишува: СЛАВЕ КАТИН    

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top