Дијаспора

ИВАНОВ ЌЕ ЈА ПОСЕТИ АВСТРАЛИЈА

IVANOV PRETSEDATEL
IVANOV  PRETSEDATEL
НА ПОКАНА ОД ИСЕЛЕНИЦИТЕ ИВАНОВ ЌЕ ЈА ПОСЕТИ АВСТРАЛИЈА 
На покана од Македонското добротворно друштво (MCWA – Macedonian Welfare Association) oд Мелбурн поранешниот Претседател на Република Македонија др Ѓорге Иванов наскоро ќе ја посети Австралија.
    Претседателот Иванов ќе присуствува на гала-вечерата што во негова чест ќе биде приредена на 22 фебруари во Мелбурн, а средствата од тој настан ќе бидат наменети за купување на автобус за превоз на стари и изнемоштени иселеници – Македонци од Мелбурн и околината.
    На гала-вечерата ќе настапат солистката Тања Лазаревска со групата “Амадеус” и австралиско-македонскиот фолклорен ансамбл “Тоше”.
    Предвидено е на присутните со пригодна беседа да се обрати и екс-Претседателот Иванов.
    Поранешниот претседател на државата во текот на престојот ќе ја посети и австралиската држава Нов Јужен Велс каде во Сиднеј на 28 фебруари ќе се одржи голем сенароден настан со богата културна програма во чест на високиот гостин од татковината.
    Во текот на посетата на Австралија екс-претседателот Иванов ќе има бројни средби со македонските иселеници, претставници на македонски иселенички асоцијации и црковни општини, како и со претставници од бизнис заедницата и од автралиското општество.
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top