Дијаспора

85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС ГОЦЕ МАКЕДОНСКИ (3)

53

53

СЕМЕЈНОТО СТЕБЛО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ

Според кажувањата на Гојко Јаковлески, алиас Гојко Делчев-Рафкин – Гоце Македонски мајка му Рафка е родена некаде околу 1910 година во планинското село Куново, Сува Гора, Гостиварско. Потекнува од земјоделско и поповско семејство. Мајка му Рафка се презивала Јовановска, Јовановиќ.

Нејзиниот татко се викал, поточно бил крстен со име Јерусалим, но сите го викале и го знаеле како Русе, (дедо Русе), а мајка ѝ се викала Јонка (баба Јованка) која ја памтат по тоа што била многу мила и нејзините пазуви секогаш биле полни со оревчиња, лешници, леблебии, слатки од сусам, бисквити, шеќерчиња, чоколатца, јаболка, крушки, сливи … нејзините пазуви за  децата секогаш биле неисцрпен извор на убави и слатки нешта. Таа знаела многу сликовито да им раскажува страшни приказни за разбојници или за починати луѓе кои повторно се појавувале и за убави нешта и така слушајќи заспивале.

Дедото на мајка му Рафка бил поп, а нејзиниот татко млад заминал на „гурбет“, на печалба, во Романија за да му овозможи поудобен живот на своето семејство, но од печалба никогаш не се вратил и никој не знае како починал или загинал, ниту, пак, некој го знае неговиот гроб. Нејзината мајка, баба Јонка, или, како што тие како деца ја викале „баба Ѓера“, се премажила во село Дебреше, село кое е претежно населено со турско и албанско население, со човек кој имал три машки деца од првата сопруга. Најмалиот се викал Геро (подоцна во војната ја изгубил ногата), средниот Гине и најстарото – Обре.

Според сеќавањата на Гојко, Гине и Обре биле многу мили и многу ја сакале баба им и покрај тоа што таа не им била вистинска мајка. И Гојко, како нејзино внуче многу го сакале, имале големо трпение, го земале на поле, го качувале на магаре, го носеле на грб и секогаш му угодувале.

Понекогаш, кога ќе го налутеле неговите  родители тој, веднаш, трчајќи, а понекогаш и плачејќи одел кај баба му Ѓера, преку зубовските лозја, покрај „Малкамен“, нивното лозје, и кога ќе стигнел на една височинка викал и ја барал, а таа постојано се врткала и работела нешто низ дворот на нејзината куќа и ќе го приберела крај себе.

54

Гојко со родителите

Во врска со животната сторија на мајка му Рафка, Гојко вели дека на десетгодишна возраст таа останала да живее со нејзиниот дедо, поп Младен. Уште во млади години готвела, чистела, го одгледувала добитокот и се грижела за дедо ѝ Младен, а и тој се грижел за неа. Мајка му многу тагувала по својата мајка, често пати плачела и се чувствувала многу осамена и несреќна. Одвреме-навреме имала желба да ја види мајка ѝ, па дедо Младен ја носел во Дебреше каде ќе ја оставел да поседи некое време кај мајка ѝ. Но, брзо се враќала во Куново, не сакала да го остава дедо ѝ да биде сам. Така со маки и проблеми минувале годините, мајка му и покрај сите тегоби добро се развивала и се разубавувала.

Мајка му Рафка имала долга и права црна коса и многу нежна бела кожа. Таа имала стројна става, питом, милозлив но остроумен поглед во кој понекогаш се забележувала нејзината тажна судбина. По повод некоја веселба, слава или свадба, таа навраќала во Дебреше, а понекогаш и до соседното живописно село  Зубовце, едно од ретките села во тие краеви во кое живееле само христијанско православно население, а кое надалеку било познато за многу убавите и напредни девојки и момчиња.

Исто како и мајка му Рафка, татко му Делче, роден во Зубовце, уште мал, на десет годишна возраст останал без татко. Предците на татко му сѐ до 1960. година се презивале Манојлоски, Манојлов, Манојловиќ, но од таа година одлучиле да се презиваат Јаковлески.

Таткото на Гојковиот татко Делче, дедото Петко, заминал на печалба во Истанбул, Цариград, каде починал во 1920. година, а мајка му на Делче, бабата Сирма, која тие како деца ја викале „баба Буља“, бидејќи постојано одела „забулена“, главата и била заврзана со марама и како деца се плашеле од неа, со нејзината свекрва – прабабата Манојлица (која се викала Јонка), заминале во Истанбул за да разберат нешто за дедото Петко (син на прабаба Манојлица, а сопруг на баба Сирма) од кого немале никаков абер.

Кога стигнале во Истанбул, разбрале дека дедото Петко починал во овој град и таму бил погребан. Бабата Сирма која од дедото Петко имала три мали деца – татко му на Гојко – Делче (10-годишен), чичко му или „тате Јорде“ (11-годишен) и тетка му Васка (12-годишна), ги напуштила, бидејќи додека била со свекрвата и во Истанбул се запознала со еден човек по име Дуке, од соседното село Волковија и за него се премажила и ги оставила своите три деца да живеат со прабаба Манојлица.

На прабаба Манојлица, која многу тагувала и била многу ужалена што дури и дошле мисли да се фрли во Мраморното Море и да се удави. Но, размислила дека ако го стори тоа нема кој да ги гледа трите златни мали внучиња – Делче, Јорде и Васка и се откажала од таквата мисла и намера. Но, затоа се заколнала дека никогаш нема да ѝ дозволи на својата снаа (баба Сирма), која ги напуштила трите деца за да се премажи, да ги види своите деца.

Гојко, пак, оваа тажна сторија долго време не ја слушнал и ништо не знаел за тоа. Но, многу години подоцна, додека живеел со „тате Јорде“ во Софија, тој ова му го раскажал и често знаел да рече: „Таа (мајка му Сирма) не е мајка, таа е кучка“.

Инаку, според зборовите на Гојко, неговата мајка Рафка пораснала и доаѓала во Зубовце, зубовските девојки ја користеле како курир и ја праќале кај Делче, кој бил убаво момче, беќар, да му носи по некое црвено јаболко, или некакво марамче, во знак на симпатија и заинтересираност.

Ова често се повторувало, и татко му почнал да ја забележува мајка му која била убаво девојче, стројно, паметно и доаѓало од подалечното село Куново. И покрај тоа што на свадбите и празничните денови сретнувал многу девојки кои биле облечени во убави носии, со опрегачи, минтани, појаси, со разни украси и со алтани, сепак, татко му сѐ почесто ја загледувал и почнал да разговара со неа и ја распрашувал од каде и како доаѓа во Зубовце.

Мајка му на Гојко му раскажувала како од малечка останала сираче, без татко, а мајка ѝ се премажила во Дебреше. Татко му Делче бил изненаден, трогнат што двајцата споделувале слична судбина. Тој интензивно почнал да се интересира за девојката од подалечното село. Една од убавите девојки од Зубовце се досетила и рекла: „Џабе ние се надеваме на Делчета, него Рафка ќе го земе“. Тоа и се случило.

Татко му Делче одлучил да се ожени со мајка му Рафка токму на денот на „Огнена Марија“ кој во Зубовце се смета за најтоплиот ден во годината. На тој ден во Зубовце не се работи и се прават свадби. А, има и причина. Некогаш на овој ден во Зубовце избувнал пожар и била направена голема штета.

55

Гојко со дел од семејството Јаковлески

Изгорело сѐ што било вредно и корисно, бавчите, жетвата, плодовите. На тој ден зубовчани не работат. Значи, свадбата, односно венчавката на татко му кој имал 20 години и на мајка му која имала 18 години се случила на 31 јули 1930 година. На истиот датум, на Света Марена, „Огнена Марија“, во Зубовце, на 31 јули, се венчал и „тате Јорде“ со тетка му Филка од Пожаране.

Мајка му и татко му на Гојко се венчале, направиле убава свадба, а потоа им се родиле повеќе дечиња. Првото Виктор и второто, девојченце по име Анча, умреле уште како мали. Гојко е нивно трето дете. Тој бил прилично нежен и болешлив, но подоцна закрепнал. После Гојко се раѓаат неговите сестри Нада, Миља, па Рајна и четвртата сестра се вика Сирма, и најмалиот брат Мане, кој е шеснаесет години помал од Гојко.

Споре податоците на Маноил Мане Јаковлески во делото „Македонија мојот копнеж“, родителите на Гојко, Делче и Рафаелка Јаковлески, имаат шест живородени деца: двајца синови, Гојко и Манојил, и четири ќерки: Нада, Миља, Рајна и Сирма. Гојко е роден во 1935 година, а се ожени за Загорка, родена 1944 година, во село Раѓеш, Пиротско, Република Србија. Бракот го регистрираа во 1966 година, во Западен Берлин.

Тие имаат три деца: Татјана – родена 28.10.1967 година, Александра – 30.10.1973 и Виктор – Македон 26.01.1983 година. Татјана склучи брак со Северин Бонетти и имаат две деца: Лара (Паулина), родена во Минхен, СР Германија, на 19.03.2006 година и Александар, роден 2009 година во Берлин.

Продолжува

 B3

Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top