Дијаспора

85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС ГОЦЕ МАКЕДОНСКИ (10)

4.5

4.5

ВО „НЕПОЗНАТИОТ СВЕТ“ –  ГЕРМАНИЈА

Патувањето од Белград  до Западна Германија му останало на Гојко Јаковлески како во магла. Додека патувал со возот имал многу време да размислува, да планира, да се радува, а во исто време и да тагува. Постојано си ги поставувал прашањата: како ќе се снајде во „непознатиот свет“ – Германија, колку ќе му значи специјализацијата, што потоа… Многу дилеми и прашања без одговор.

Германија, европскиот и светскиот џин и водечката сила во Европската Унија, е примамлива дестинација во која се доаѓа, се гледа, се шета или се работи и се заминува, а патеписецот останува со извонредни впечатоци за минатите времиња и времињата што доаѓаат.

Германија, или како службено се вели Сојузна Република Германија, втората татковина на Гојко Јаковлески е сојузна парламентарна република во Европа. Државата се состои од 16 покраини, додека главен и најголем град е Берлин. Во Берлин човек во поголема мера се соочува и со германската историја – со објекти и споменици на Прусија и на Германското Царство, со архитектура на Вајмаровата Република, со докази за Третиот рајх со места од кои се вршени прогони на Евреите, со докази за едно поинакво време и настани. Ова соочување со минатото, исто така, може да предизвика политичарите на новата генерација да бидат предводници на сосема друг курс во модерните текови и предизвици.

Според пишаните информации, Германија покрива површина од 357.021 км² и, главно, има умерена сезонска клима. Со речиси 90 милиони жители, таа е најнаселена земја членка и најголема економија во Европската Унија. Таа е една од најголемите политички сили на европскиот континент и технолошки лидер во многу полиња.

Регионот именуван Германија, населен од страна на Германите, бил документиран пред 100. година од нашата ера. Во текот на Големата преселба, германските племиња се прошириле на југ и основале наследнички кралства низ поголемиот дел на Европа.

4.6 

Почнувајќи од X век, германските територии го формирале централниот дел на Светото Римско Царство. Во текот на XVI век, северните германски области станале центар на протестантската реформација, додека јужните и западните области останале доминантно римокатолички, со две спротивни фракции во Триесетгодишната војна, обележувајќи ја католичко-протестантската поделба, која оттогаш го карактеризирала германското општество.

Во историскиот развој на Германија се вели дека како и многу простори во Европа, така и Германија била окупирана за време на Наполеонските војни.

Тогаш се случил подемот на пангерманизмот внатре во Германскиот Сојуз, поради што дошло до обединување на повеќето германски држави во Германското Царство во 1871 година, кое било предводено од Прусија. По Германската револуција од 1918-1919 година, а потоа и военото предавање во Првата светска војна, Царството било заменето од Вајмарската Република во 1918 и поделено со Версајскиот мировен договор. Во текот на Големата криза, Третиот рајх бил прогласен во 1933 година. Подоцнежниот период бил обележан од фашизмот и Втората светска војна.

По 1945 година, Германија била поделена од страна на сојузниците во четири окупациски зони, кои се развиле во две држави, Источна  и Западна Германија. Во 1990 година, Германија повторно се обединила и била еден од основачите на Европската заедница во 1957 година, а во 1993 година станала членка на Европската Унија. Таа е дел од Шенгенската зона и од 1999 година е членка на еврозоната. Германија е членка на Обединетите нации, НАТО, Г8, Г20, ОЕЦД и Советот на Европа.

4.7 

И не само тоа, татковината на Гојко Јаковлески, Германија е четврта најголема економија во светот по номинален БДП и петта најголема по паритетот на куповна моќ. Воедно, таа е втор најголем извозник и трет најголем увозник на материјални добра. Има развиено многу висок стандард на живот и сеопфатен систем на социјална заштита.

Германија е дом на многу влијателни научници и пронаоѓачи и позната е по нејзината културна и политичка историја.

Врз основа на законот Берлин/Бон, донесен на 10 мај 1994 година, Берлин повторно станал главен град на обединета Германија, додека Бон го добил уникатниот статус на Bundesstadt (сојузен град), задржувајќи некои сојузни министерства. Преместувањето на владата било завршено во 1999 година. 

Од нејзините корени, културата во Германија била обликувана од главните интелектуални и популарни струи во Европа, како религиозни, така и секуларни. Германија била нарекувана – земјата на поети и мислители, при што сојузните покраини се задолжени за културните институции.

Во Германија постојат 24- субвенционирани театри, стотици симфониски оркестри, илјадници музеи и повеќе од 25.000 библиотеки низ цела држава. Овие културни можности се користени од многумина: годишно има повеќе од 91 милион посети во германските музеи; 20 милиони лица секоја година одат во театар и опера; 3,6 милиони лица секој година ги слушаат симфониските оркестри. Под заштита на УНЕСКО има впишано 33 објекти како светско природно и културно наследство.

Продолжува

 B3

Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top