Дијаспора

ВЕРА ВРЖОВСКА – ПЕТРЕВСКА – ВЉУБЕНИК ВО ПИШАНИОТ ЗБОР (4)

6.5

6.5

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – КАНАДА

 Името и делото на Вера Вржовска – Петревска  е тесно поврзано со Литератуеното друштво „Браќа Миладиновци“ од Торонто, на кое таа беше прв претседател во 1987 година. Исто така, била и е активна во Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“, особена во Женската секција

Затоа со право се вели дека Вера Вржовска – Петревска е позната во македонската заедница во Канада како Македонка, која во период од педесеттина години дала голем придонес во напредокот на општественото живеење. Повеќе децении активно е вклучена во различни македонски асоцијации, особено во македонските православни цркви, каде несебично работи за доброто на Македонците во Торонто и пошироко. Долги години била активна, а во 1986 година беше претседател на Женската секција на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто. Но посебно место кај Вера има Литературното друштво „Браќа Миладиновци“, а членува и во Брајчинското друштво и други бизнис заедницо во Онтарио.

Затоа често велат дека таа е позната и призната Преспанчанка во Канада која, меѓу другото, е вљубеник во Македонија и во пишаниот збор, а работи и е многу заинтересирана за модата и духовното живеење на Македонците од сите делови на Македонија. Од секогаш, таа сака да им помогне на младите жени во областа на убавиот изглед и модното облекување, со што придонесува Македонките да бидат едни од убавиците на тие канадски простори.

Во биографските податоци на Вера Вржовска е забележано дека е родена во 1949 година, во убавото Брајчино, во Долна Преспа и е една од ќерките на Петра и Ристо Вржовски. Детството го поминала во родното Брајчино, каде го завршила основното образование, а осумгодишното училиште го завршила во Љубојно, за потоа да се запише во средно училиште во Битола. Меѓутоа, како ученичка, во далечната 1965 година, го напуштила родниот крај, убавата Преспа и пристигнала кај своите родители во Торонто, каде и стапува во брак со Томе Петревски од Коњско, Горна Преспа, со кого имаат еден син и две внучиња Во демократска Канада го започна нејзиниот нов живот, но родната Македонија секогаш ја носи во своето срце. Тоа го потврдила со нејзиното доаѓање во родниот крај во последната деценија.

Инаку, корените на Вера Вржовска – Петревска се протегаат во селото Брајчино, едно од најубавите локации во преспанскиот регион. Тоа се наоѓа под југозападниот срт на Баба Планина, каде што се дели со атарите на селото Бистрица, Битолско и со државната граница на јузниот сосед, на надморска височина од околу 1. 000 метри. Брајчино е сместено на крајниот југоисточен дел на Општината Ресен, од каде е оддалечено 32 километра.

6.6
Панорама на Брајчино

Распространето на двете страни на Голема Река, односно Брајчинска Река, недалеку од питомото Преспанско Езеро, а во подножјето на гордата како орел Баба Планина, Брајчино се вбројува меѓу настарите и најубавите населби во Долна Преспа и е еден од најпечалбарските краеви во Македонија.

Интересно е да се одбележи дека во Брајчино имаше основно училиште во кое се изведуваше настава до четврто одделение (изградено во 1921 година), каде го заврши своето образование и Вера Вржовска. Денес во селото, останаа само споменикот на НОБ во училиштето, продавницата на сретсело и угостителските  објекти. Брајчино пред педесетина години броело преку илјада жители, но во последните децении многу од жителите се иселиле во: Канада, Австралија, Америка и Шведска, како и во градовите низ Македонија, затоа бројот на жителите е доста намален.

Според некои податоци, само во Торонто живеат околу сто семејства од Брајчино. Затоа во Брајчино останаа да живеат само стотина жители и сите се православни Македонци. Но, среќата на ова преспанско село е во тоа што како во Македонија се развива селскиот туризам, така Брајчино е на пат да стане привлечно туристичко место.

За Брачно се карактеристични едукативните и културолошките процеси. Тоа е село, кое отсекогаш  било расадник на високообразовани кадри кои нашле свое место во македонското и други општества како воспитувачи, педагози, професори, писатели, новинари, доктори, инженери, правници и други професии, кои придонеле за подобро и посреќно утре. Сите тие учени кадри своето образование, најнапред го стекнале во Основното училиште во Брајчино и во Централното осумгодишното училиште „Димитар Влахов“ во Љубојно, а потоа во Македонија и на различни страни на светот.

6.7 

Според податоците на авторот на овие редови, Славе Катин, од Брајчино потекнуваат 107 дипломирани интелектуалци, од кои 39 се инженери, 27 економисти, 17 со Филозофски факултет, 10 правници, 11 лекари, 2 фармацевта и 3 режисери, меѓу кои се: Мето Јовановски-писател, Љупчо (Луи) Темелковски – канадски политичар; Ристо Мачковски, познат градежен инженер од Лас Вегас; Танас Јовановски – одговорен уредник на весникот „Македонија“ во Торонто; Љупчо К. Вржовски, доктор по правни науки, во Бафало, Соединетите Американски Држави, потоа иселениците, Борис Метеловски, Јонче Поповски, Владе Мачковски, Крсте Гаговски и други.

Меѓу брајчинци во Македонија, пак, треба да се споменат: спортистот Мето Ѓорѓиевски (Плавиот) – син на полковникот Петре Ѓорѓиевски, учителот Ефтим Томевски, екс министерот Михајло Толевски, д-р. Методија Томовски, Здравко Петковски, Митре Петковски, Александар Диневски, Менде Диневски, Спасе Толевски, Светлана и Борјан Јовановски, Илијанчо Гаговски, Владе Јовановски, Драги Ангеловски, Ирина и Елизабета В. Томевска, доктор по педагошки науки, м-р Бојана Поповска, Дијана Т. Јовановска, м-р Стив П. Петревски, Драган Томевски, м-р Биљана Петковска, Патриција и Анита М. Томевски, Ирина и Драган Томевски, како и почесните граѓани на Брајчино, Васил Грежловски, Периклија Дурловски и пејачот Мишко Крстевски, кој му посвети песна за Брајчино.

Посебно место во литературата и културата за Брачино имаат писателот Мето Јовановски, еден од најпознатите раскажувачи и романсиери во Македонија, автор на дваесеттина дела, а кој меѓу другото, беше и претседател на Македонскиот ПЕН центар и прв претседател на Хелсиншскиот комитет за човекови права. Во Канада, пак, значајно место и’ припаѓа на поетесата Вера Вржовска-Петревска која пишува носталгична и патриотска поезија на македонски и на англиски јазик.

Вера Вржовска е автор на стихозбирката „Далечни корени“. Тоа е издание на „Матица македонска“ од Скопје, 1996 година. Ова интересно издание содржи четириесетина песни на македонски јазик, со кое Вера Вржовска се претстави со својата поезија со носталгичен, љубовен и патриотски дух, Книгата „Далечни корени“ е нејзино прво покомплетно претставување пред поширокиот читателски аудиториум.

Книгата „My Broken Heart“ („Моето скршено срце“), пак, е дело на книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје, кое е отпечатено во 2018 година, на 200 страници и на англиски јазик. Делото доживеа голема афирмација во информативните гласила во Македонија. Но се чини промоцијата на ова книга во Торонто ќе остане во трајни спомени.

Имено, по повод 30-годишниот јубилеј на Македонското литературното друштво „Браќа Миладиновци“ од Торонто, на кое Вера беше прв претседател во 1987 година, беше промовирано автобиогравското дело под наслов „My Broken Heart“ („Моето скршено срце“), (на англиски јазик), од Вера Вржовска -Петровска.

Ова најново дело на еден од основачите и првата претседателка на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“, Вера Вржовска – Петревска беше промовирано во Катедралната македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто на 28 октомври 2018 година. Пред поголем број присутни, особено членови на Друштвото, книгата ја претстави Ели Танасковска, уредник во Македонската телевизија – Скопје.

Исто така, на присутните им се обратија членови на Друштвото „Браќа Миладиновци“, меѓу кои: претседателката на Друштвото Маја Доневска – Ивановска, потпретседателката Драгица Димовска, потоа поетесите Рада Видиновска, Блага Дафовска, свештеникот Илија Донев и други, а присутните ги забавуваше естрадниот уметник, Соња Лозановска. Исто така, присутните ги поздрави и д-р Јовица Палашевски, генерален конзун на Република Македонија во Торонто, Канада.

6.8 

Членови на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“

Поетесата Вера Вржовска-Петревска има објавено свои песни во голем број информативни и други гласила, но се чини нејзиниот удел е голем во книгата „Корени„ на Македонското литературно друштво „Браќа Миладиновци“. Ова е дело на книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје, отпечатено во 2003 година, на 145 страници. Во него се застапени триесетени поети со свои песни на македонски и на англиски јазик. Поетесата Вера Вржовска-Петревска е застапена со пет песни и тоа „Еј, Клименте“, „Бол“, „Мајко“, „Од една жена“ и „Канада“.

Кога се зборува за Македонците со потекло од Брајчино кои свиле нови гнезда не само во Торонто и околните места, туку и насекаде во светот, треба да се нагласи дека во 1986 година е отпечатен „Првиот брајчински календар“. Ова скромно дело е на Мето Јовановски кое е издадено по желба на Друштвото „Брајчино“ од Торонто и голем број брајчинци. Тоа содржи голем број податоци за Брајчино и за брајчинци ширум светот и е од многу големо значење за историскиот развој на Брајчино во минатото.

Денес амбиентот на Брајчино го збогатуваат брајчинци од дијаспората кои секое лето доаѓаат да ги посетат дедовските корени. Една од посетителите на Брајчино е, секако, Вера Вржовска, која заедно со сестра и’ Тодорка Вржовкса-Мачковска, доаѓаат во куќата на своите родители, која доживеа реновирање и прекрасен изглед.

Инаку, Брајчино е познато по средновековната тврдина „Кула“, како и по петте цркви и еден манастир. Црквата „Свети Никола“ е селска црква, која е изградена во 1871 година и до која се наоѓаат селските гробишта, потоа црквите „Света Богородица“, „Свети Илија“, „Свети Архангел“ (обновена 1916 година), и „Свети Атанас“ (обновена 1984 година).

Сестрите Вера и Тодорка посебно внимани посветуваат и се донаторки на Манастирот „Света Петка“, кој  е едно од поважните духовни светилишта во Преспа. Тој се наоѓа во непосредна близина на селото, на едно ливадско плато, а бил изграден во XVI век. Во 1902 година му биле запалени конаците, но во 1985 година повторно се обновени со приватни донации и се приспособени за туристички цели.

Во чест на ова манастирска црква се организирани „Брајчинските иселенички средби“. Така, на седми и осми август секоја  година, на денот на прославата на празникот посветен на света Петка, се одржуваат „Брајчинските иселенички средби“. Тие се најзначајна манифестација за селото Брајчино. Празникот св. Петка се се слави многу одамна како селска слава. Меѓутоа, од 1995 година прославата прераснала во манифестација под името „Брајчински иселенички средби“.

Затоа, во изминатиот период брајчинци и нивните пријатели се потрудиле да создадат подобри услови за луѓето кои доаѓаат од многу места од Преспа, Македонија и од дијаспората. Како резултат на тоа, во манастирската црква „Света Петка“ сé е обновено: конаците, фасадата, чардаците, скалите, изградени се кујна, две трпезарии, гостинска соба за дневен престој, владичка соба и три соби за спиење. Тоа помага да заживее Брајчино и Долна Преспа.

Продолжува

 c6

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top