Дијаспора

Сеќавање: 30 години од смртта на Јован Кокаловски

1j11

1j11

ПОЕТ, НОВИНАР И ОПШТЕСТВЕНИК

На 30 мај 2020 година се навршија 30 години од смртта на Јован Кокаловски, еден од најголемите оштественици во македонската заедница во Сиднеј.

Роден е во с. Брусник, Битолско, на 6.11.1921 година. Неговата културна дејност започна во далечната 1947 година кога беше вработен како артист во Народниот театар во Битола. Од 1953 до 1958 година работел во Охридскиот народен театар, во кој повеке години работел како директор . Кокаловски станува и дописник на весникот „Нова Македонија“ , членува во Друштвото на млади поети од Охрид и работел како секретар на Црвениот крст во Охрид.

Во 1970 година Кокаловски со фамилијата се доселува во Сиднеј каде до својата смрт активно членувал во повеќе македонски организации. Тој неколку години работел на државната радио станица 2АЕ,  во Просветниот училишен одбор за НЈВ, во Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, каде е прогласен за почесен член, во МПЦО „Св. Петка“ од Рогдаел, каде е прогласен за почесен претседател, и подолго време членувал во КУД „Илинден“ од Рогдаел. Кокаловски беше еден од градителите на МПЦ „Св Петка“ и Културниот центар „Илинден“ во Рогдаел и главниот организатор на културните активности во оваа општина.

Од 1970 година го издава весникот „Македонски збор“ и станува редовен дописник на весникот „Нова доба“ и списанијата „Повод“, „Македонија“ и во други гласила во Австралија и Македонија. Автор е на монографијата „Брусник“, на монографијата за КУД „Илинден“, на поемата „Илинденска приказна“ и на стихозбирката „Атомски протест“ (1987). Со поезија е застапен во зборниците/антологии: „Видици“ (1984), „Поетски иселенички меридијани“ (1996), „Коти на копнеж и страст“ (2003), Macedonian Poetry in Australia (1996) и „Ѕуница“ (2018).

АХ ТИ

Сламка по сламка беревме

и седело двата градевме

Љубовта ни подари

две пиленца женски

Уште крилца нениканати

ти далеку одлета

и понесе две срца малечки

и моето

за љуов таговито

Стопану мој

кога би слушнал

како твоите пиленца плачат

и за лепче

сироти грачат

јас немоќна сум

со бури да се справам

Лутица –

немаштија

низ дворот ни лази

и срам

од познати

не гази

А ти?

Ти во туѓина негде

разум си пиеш

и во разумот темен

изгубен

се криеш.

000

Душан Ристевски

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top