Дијаспора

ВЕЛИЧЕСТВЕНА ИЛИНДЕНСКА ПРОСЛАВА ВО БЕРЛИН

1.4.4

1.4.4

85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС ГОЦЕ МАКЕДОНСКИ (15)

Во чест на 73-годишнината од Илинденското востание, во 1976 година, во Западен  Берлин, била организирана величествена прослава. Сѐ било во знакот на Илинден, 1903 година. Тоа било вистинска македонска прослава. За првпат, прослава на најголемиот македонски празник, била одржана без југословенски симболи. Организатори биле браќата Гојко и Манојил Јаковлески, со помош на многу патриоти во Берлин, кои одолеале  на невидените притисоци, вршени од Воената мисија на СФРЈ, во Западен Берлин. За текот на подготовките за празнувањето, притисоците и заканите Манојил вели:

„Брат ми Гојко, имаше голема желба таа, 1976 година, Илинден да го прославиме на вистински македонски начин, без југословенското знаме и химна. Подготовките одеа тешко, бидејќи имавме опструкции од многу страни. За наша радост, мнозинството Македонци во Западен Берлин, ја прифатија идејата за прославата, и ни ветија дека активно ќе се вклучат во организацијата, а со членовите од фамилијата и со пријателите ќе присуствуваат на прославата. Тоа ни беше голема гаранција, дека ќе успееме и во целост ќе ја реализираме илинденската прослава. Пред прославата, го поканивме Јонче Христовски, легендата на македонскиот фолклор и кантавтор.

Знаевме дека како  поранешен член и кореограф, на фолклорниот ансамбал „Танец“ и сестран уметник, ќе може да ни помогне многу во подготовките на програмата, а и да исполни повеќе македонски патриотски песни. Со задоволство ја прифати поканата, дојде и веднаш се вклучи во подготовката на музичката програма. За неколку дена, го подготви хорот и на прославата беспрекорно ја испеа македонската химна „Денес над Македонија се раѓа, ново сонце на слободата…“

Вработените во Воената мисија на СФРЈ, во Западен Берлин, беа максимално ангажирани, да нѐ спречат во нашите настојувања. Ги заплашуваа Македонците, да не учествуваат во програмата и да не присуствуваат на Илинденската прослава. Но, нивните напори, не вродија со плод. Исто така, невиден притисок беше вршен  врз Гојко, да ја откаже прославата, или, пак, ако  сака да се одржи, тогаш тоа да биде под услови, што ќе ги постават тие и според нивно сценарио.

1.4.5

Мотив од ресторанот „Ново Скопје“

И едниот и другиот предлог Гојко, без размислување, ги одбил. Воената  мисија, откако увидела дека со сила не може да успее, по доживеаниот неуспех во преговорите, тактиката ја сменила, кон Гојко почнале да се однесуваат пријателски. Предложиле и тие да учествуваат на прославата, со тоа што ќе го напишат  поздравниот говор, а Гојко да го прочита.

Но, тој  категорички ја одбил понудата, одговарајќи им дека нема намера да чита туѓ говор. Потоа, кон нас беа упатени  закани и уцени. Ни се закануваа, дека ќе ни ја одземат патната исправа и дека ќе не затворат, кога ќе влеземе во Југославија. Не потклекнавме на притисоците и на 2 Август, на Илинден, ја одржавме прославата. На наша покана, како гости  присуствуваа македонски мигранти и од други делови на Европа.

Организиравме и фудбалски турнир, на кој учествуваше и ФК „Хајдук“, од нашето родно село Зубовце. Нашата цел  беше заедничко дружење на Македонците од Македонија, со Македонците кои времено живееја и работеа во Европа. Сакавме   младите да видат, дека не е сѐ така лошо на Запад, како што се проповедаше и како што ги учеа во Југославија. Прославата помина во најдобар ред. Имавме обезбедување од германската полиција, која ни ја гарантираше безбедноста. По нивен совет и ние поставивме наше обезбедување, на влезот во салата. На прославата, беа присутни околу 800 луѓе.

Во Западен Берлин и пошироко во Европа,  дотогаш не беше одржан  така масовен собир на Македонците, на кој првпат јавно беше искажан македонскиот патриотизам, без југословенски обележја. Фудбалскиот турнир, го следеа неколку илјади гледачи и на наше големо задоволство, првото место го освои ФК „Хајдук“ од Зубовце. Гојко Јаковлески на свечената прослава во чест на 73-годишнината од Илинденското  востание одржа дваесетминутен инспиративен говор  пред неколку стотина  Македонци од Западен Берлин и од неколку градови на Западна Германија, кои се наоѓаа на привремена работа и гости од Македонија.

1.4.6

Откако направи осврт на херојската борба на илинденците – за големата велика Илинденска епопеја, за маките и животот на македонскиот народ низ вековите под окупаторите, потенцира дека историјата може да биде фалсификувана, но историската вистина не може да биде скриена од фалсификаторите. „Илинденското востание  не било насочено против  турскиот народ, туку против султанскиот деспотизам, против неподносливиот гнев и жестоката експлоатација на пашите и кајмакамите кои предизвикувале несреќи и страдања не само на македонскиот, туку и на турскиот народ. Како што вели Гоце:

„Јас не ги мразам Османлиите како народ, јас војувам против Османлиската Империја како господаречки систем“. На крајот Јаковлески ќе заклучи дека Македонците се бореле со векови, борбата не престанува сѐ до целосното обединување: „Под знамето на Илинден 1903 година се роди нов македонски Илинден, се роди нова македонска република, како национална држава на македонскиот народ.

За жал, плодовите од тој втор Илинден останаа недостапни за Македонците во Егејска и Пиринска Македонија, кои и денеска уште се наоѓаат под национално ропство, кое е потешко и од турското, бидејќи грчките и бугарските завојувачи плански работат за тоталното истребување на македонскиот народ, односно на македонската нација и на тој начин вршат нечуен геноцид, физичко и морално истребување на цела една нација во тие земји.

Денеска со право може да се каже дека идеалите на Големиот Илинден уште не се остварени, заветите на илинденците уше не се остварени. Тие завети ќе бидат остварени кога сонцето на националната слобода ќе изгрее за сите Македонци, а тоа ќе биде кога сите Македонци и во Пиринска и во Мала Преспа и во Егејска Македонија ќе имаат право да кажат дека се Македонци! Затоа Македонците се бореле  со векови и ден денес  не престануваат да се борат, за целосно обединување на Македонија. НЕКА ИМ БИДЕ ВЕЧНА СЛАВАТА НА ХЕРОИТЕ НА ДВАТА ИЛИНДЕНА!“

Продолжува

 KatiN 
Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top