Дијаспора

ОМД ја Повикува Грција да ги Укине Законите од 1982 и 1985 Година

Темата на Обединетите Нации за Светскиот ден на бегалците 2020 година, „Секоја акција сè брои“, ја зајакнува потребата за сочувство и инклузивност.

Додека ја одбележуваме 76-годишнината од маките и масовните изнесувања од Егејска Македонија (денешна северна Грција) на илјадници македонски деца наречени „Деца бегалци.“

„Жал ми е што морам да речам дека ова е уште едно поглавје од модерната и одлучувачка историја за која не сè разговара толку колку што треба. Грчката влада мора да стигне со времињата за да сфати дека човечката трагедија не значи влегувајќи во изјави за хоминеми и негирања. Доколку сè сериозни со нивната цел за да одат напред, владата мора да ја поправи оваа состојба и тоа започнува со признавање на незгодни историски вистини“, рече Претседателот на ОМД Методија А. Колоски.

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ја повикува Грција да го укине законот за амнестија од 1982 година со кој сè исклучуваат грчките граѓани од македонска етничка припадност, како и законодавството донесено во 1985 година со цел да се вратат одземените имоти, но само на „Грците по род“.

Крајот на Втората светска војна не донесе глобален мир; ја предизвика Грчката граѓанска војна, која траеше од 1944 до 1949 година. Во овој период, македонските деца беа насилно протерани од грчките воени сили од северна Грција (Егејска Македонија). Повеќе од 44.000 македонски деца бегалци (на возраст меѓу 2-14 години) беа раселени и преместени во локации како Скопје, Белград, Будимпешта, Прага, Букурешт, па дури и подалеку од Москва, Варшава и Ташкент. Денес, нивните потомци престојуваат во Австралија, Канада, САД, Полска, Унгарија, Чешка, Германија и други земји.

Во 1947 година, тие што сè бореа против грчката во егзил влада, контролата на Грчката православна црква и грчките монархистички сили во Граѓанската војна, беа лишени од грчкото државјанство и имот и на крајот им беше одземено правото за да сè вратат во земјата. Како резултат на тоа, децата бегалци сè соочија со константна дискриминација од страна на грчката влада, кулминирајќи во 1982 година кога грчкиот парламент го донесе Закон 1540  – законодавство со кое сè дава амнестија и репатријација на сите политички бегалци кои заминаа за време на Граѓанската војна. Но, дури и до денес, законодавството не сè однесува на децата раселени од Грција, особено за грчките граѓани од македонска етничка припадност.

Грчката влада им забрани на децата бегалци да сè вратат во Грција затоа што нивната цел беше да ја населат територијата на Егејска Македонија во Грција со „чисти“ Грци. Ова не само што укажува непочитување на основните и меѓународно загарантираните човекови права, ОМД верува дека тоа исто така покажува основно занемарување на човековото достоинство, покажувајќи и недостаток на сочувство. Децата бегалци биле присилени да растат раселени од домовите, семејствата и пријателите. До ден денес, многумина од нив носат длабока траума заради тие тешки времиња, честопати надополнувајќи сè со неможноста да сè вратат и повторно да сè поврзат со нивните корени. 

Понатаму, почнувајќи од анексијата на Егејска Македонија од страна на Грција според Договорот од Букурешт во 1913 година, грчката влада и Грчката православна црква ја поддржаа политиката на систематско и присилно асимилирање, и културен геноцид на македонското малцинство во северна Грција. Ова е дел од нивниот обид на тврдење дека Грција е етнички хомогена нација, и покрај доказите за спротивното од американскиот Државен секретаријат, Британската канцеларија за надворешни работи и Комонвелт, Амнести Интернешнл, Хелсиншки Воч, Советот на Европа, ОБСЕ и Обединетите Нации. 

Според оваа политика на асимилација, Македонците во северна Грција биле предмет на етничко чистење, политички прогон, затвор и вознемирување. Нив, исто така, им сè ускратуваат основните слободи, како што сè:

1. идентификување себеси како Македонци и можноста на држење македонски имиња;

2. зборување или изучување на македонски јазик;

3. искажување на нивната македонска православна верска припадност, вклучително и држење литургија на нивниот јазик;

4. споделување на нивната етничка македонска култура со своите сограѓани;

5. формирање етнички македонски културни здруженија; и

6. правење на петиции до грчката влада за надомест на нивните поплаки и повреди.

На овој Светски ден на бегалците, ја препознаваме долгата борба на Македонците за основните човекови права како што сè слободата на здружување и етничката припадност, без оглед каде живеат во светот. Особено, ја признаваме траумата на децата бегалци и ги повикуваме демократските влади да одговорат на конструктивни начини за да помогнат со нивното лекување.

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top