Дијаспора

МАКЕДОНСКИ ПРАВОСЛАВНИ ЦРКВИ ВО ГЕРМАНИЈА

1.7.1

1.7.1

85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС ГОЦЕ МАКЕДОНСКИ (17)

Меѓу двете светски војни од властите во Австралија, Канада, САД, европските држави и во други земји во дијаспората не се регистрирани верски објекти на Македонците како македонски институции, бидејќи дури и во сопствената земја немале автокефална црква во тоа време. Така, според патните исправи македонските иселеници не можеле да се запишат дека се Македонци. И таму им бил негиран националниот идентитет, што е дел од историската објективна вистина за Македонците во дијаспората.

Затоа, во минатото одреден број на македонски доселеници своите црковни, семејни, брачни, традиционални, културни и слични потреби ги извршувале во другите православни цркви. Особено во бугарски, грчки, српски, руски, украински, сириски и други православни цркви, како и во објекти на Католичката, односно Англиканската црква и некои протестантски цркви.

За црковното, духовното и националното живеење за Македонците во Германија, втората татковина на Гојко Јаковлески, секако е најзначајнаЕвропската епархија, како дел од Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Имено, со зголемувањето на бројот на македон­ските православни црковни општини во западноевропските земји се појави потребата од формирање на нова епархија на Македонската православна црква. По примерот и начинот на работењето на Американско-канадската и Австралиската епархија, започна да се размислува за организираноста на македонските православни црковни општини и во Европа во една епархија што ќе го носи името „Европска епархија на МПЦ“.

Така, оваа идеја беше искористена во текот на посетата на високата делегација на МПЦ предводена од поглаварот господин господин Михаил, прва од таков вид во Германија, во февруари 1994 година. Тогаш се формира и голем иницијативен одбор за основање на Европската епархија. Имено, на 27 февруари 1994 година во Мајнц се собраа претставници на МПЦО од СР Германија, Шведска, Данска и Швајцарија, при што беа прифатени одлуките на Црковно-народниот собор на МПЦ од 4 до 6 декември 1993 година за основање на европска епархија.

Потоа беше избрано времено тело што ќе ги врши сите работи околу основањето на епархијата, а беше формиран и фонд на име на епархијата. Посебна важност и време делегатите посветија на прашањето околу пополнувањето на црковните општини со редовни свештеници.

1.7.2 

Реалноста говори дека Македонците во западноевропските земји своите верски празници ги прославуваат во клупските простории, или, пак, во изнајмени црковни објекти, обично Католичката и Методистичката црква во Германија, кои за среќа, секогаш им излегувале во пресрет. Меѓутоа, Македонците сѐ повеќе сакале да се организираат во свои цркви во кои ќе се одржуваат богослужби на македонски јазик, крштевања и други активности поврзани со црковниот живот. Затоа беше неопходно да се формира Европската епархија.

Прв надлежен архијереј за Европската епархија беше владиката Петар, потоа од 1995 година е избран за надлежен архијереј владиката Горазд, а подоцна во 2006 година е избран митрополитот Пимен кој и денес е на таа должност.

Митрополитот Пимен, чие родено име му е Сотир Илиевски е роден на 3 октомври 1971 година во Ресен. Уште како студент на Теолошкиот факултет, кај него се родила желбата да отиде во манастир, па по завршување на трета година факултет, заминал во Водочкиот манастир во Струмица во 1997 година, каде и го добил монашкиот потстриг. Набрзо потоа, станал игумен на истиот манастир, период кога и вонредно го завршил Теолошкиот факултет.

На предлог на Синодот на МПЦ, како архимандрит, заминал во Париз во 2004 година, на постдипломски студии на „Свети Сергеј“ факултетот, каде и ја извршува парохиската служба во тамошната црковна општина. За време на студиите, господин Пимен е хиротонисан, заедно со Методиј и Климент, при што станува викарен епископ Пољански и како таков е ракоположен на Собирот на сите македонски светии во октомври 2005 година во црквата „Света Софија“ во Охрид. Најпосле на 6 април 2006 година е поставен за митрополит европски, при што го сели седиштето на епархијата во Малме, Шведска.

Како митрополит, по барање на некои дневни весници и интернет-портали пишува и колумни секогаш со теолошка содржина и смисла. Како плод на ова творење во 2011 година ја издаде и збирката колумни со еклезијастички дух „Што напишав, напишав“ (Quod scripsi scripsi).

1.7.3

Во Германија постојат следните црковни општини:

„Света Тројца“ во Минхен. Македонците во Минхен започнале да се организираат на национално и културно спортско поле во 1972 година. Тогаш е формиран Клубот „Илинден“ кој бил регистриран пред германските власти во 1975 година под името Македонски културен центар „Илинден“. Во Центарот со успех работела фудбалската екипа, шаховската секција и играорната група. Идејата за формирање религиозна заедница за Македонците од Минхен датира од 1972 година, меѓутоа, конкретни чекори се преземени во 1976 година кога е одржан првиот иницијативен состанок.

На 19 јануари 1987 година е одржана првата богослужба на мајчин македонски јазик. Членовите на црквата „Света Тројца“ имаат поддршка од Католичката и Евангелистичката црква, како и од германските црковно-државни власти. Црквата е регистрирана пред надлежните судски власти во 1990 година, а во 1992 година е пререгистрирана како црковно-национална институција на македонскиот народ во Минхен и околината. Оваа црква во јуни 1997 година го прослави својот 10-годишен јубилеј.

„Свети Ѓорѓи Кратовски“ во Хамбург. Македонскиот клуб „Илинден-1903“ бил формиран во 1978 година. Членовите на овој клуб биле иницијатори за формирање на Македонска православна црковна општина, чии активности започнале на 14 јануари 1991 година. На 6 април истата година бил формиран Црковниот одбор кој одлучил црквата да го носи името „Свети Ѓорѓи Кратовски“ а активностите започнале на 12 мај 1992 година.  Македонците во Хамбург земале под наем евангелистичка црква каде ги одржувале богослужбите.

„Свети Климент Охридски“ во Берлин.  Иницијатори за формирање на Црковната општина „Свети Климент Охридски“ се членовите на Македонскиот клуб „Гоце Делчев“. Иницијативата за формирање на црковна општина датирала од ноември 1972 година, а на 8 март 1973 година Светиот архијерејски синод го потврдил нејзиното постоење.

Црковната општина „Свети Климент Охридски“ го започнала својот духовен живот на 17 мај 1991 година кога се одржало првото собрание.

„Свети Кирил и Методиј“ во Штутгарт.  Во Штутгарт со успех работи Македонскиот клуб „Вардар“ и Македонската православна црковна општина „Свети Кирил и Методиј“, кои се носители на бројни активности.  Во Штутгарт секоја година се одржуваат поетски вечери посветени на светите Кирил и Методиј. Црковната општина за секој поголем христијански празник организира доаѓање на свештено лице од Македонија кое врши црковни потреби.

„Свети Никола“ во Мајнц.  Иницијативата за формирање на оваа Црковна општина се родила на 23 декември 1990 година, за потоа на 19 јануари 1991 година Црковната општина да биде регистрирана пред германските власти.  Богослужбите се одржувале во Католичката црква „Свети Бернард“ во Мајнц во која имало поставено иконостас по православните канони и кој е осветен од владиците Михаил и Стефан.

„Свети Спас“ во Хановер. Првите иницијативи за дружење меѓу Македонците се јавиле во Фудбалскиот клуб „Вардар“ кој бил формиран во 1975 година.  Потоа на 27 мај 1979 година се формирало Спортското друштво “Илинден“ кое од 1985 година го носи името Македонски клуб „Илинден“. Македонците во Хановер се организирани и во Црковната општина „Свети Спас“ која претставувала прва регистрирана македонска црква пред надлежните власти во Германија.

Продолжува

 B3

Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top