Дијаспора

Press release: Македонија – Единство- Доблест „Македонскиот јазик и демократијата“

168

168Жаклина Михајлова

Под мотото„ Македонија- Единство- Доблест“, Македонците- патриоти од целиот свет, обединети учествуваа на првата  Интернационална ЗУМ Академија на тема „ Македонскиот јазик и демократијата“.

Интернационална ЗУМ Академија, организирана по иницијатива на Австралиско македонскиот совет за НЈВ; Австралија и Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ; Австралија и во координација на движењето „Ние сме Македонија“ се одржа во живо, во неделата на 14 јуни, 2020 година.

Целта на оваа Академија е македонската дијаспора во светот и македонските патриоти од Македонија да се обединат и заеднички ,  да ја разгласат денешната незавидната положба на Македонија, македонскиот јазик и македонскиот културен идентитет и геноцидот кој се извршува врз сите Македонци, во и надвор од Македонија.

 Денеска кога демократијата во светот би требало да биде на највисоко ниво и да биде почитувана од Организациите како Европската Унија, Обидентетите нации, европските и другите светски држави, кои во своите пишани документи имаат декларации за човекови права, таа едноставно, во практика е узурпирана.

 Говорниците, Проф. Д-р Веселинка Лаброска, научен советник во Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ во Скопје; Проф. д-р Елка Јачева Улчар, научен советник во Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ во Скопје; Господинот Ефтим Клетников, врвен  македонски писател, основач и претседател на патриотската организација „Македонски Манифест“ ; Госпоѓата Жаклина Михајлова, автор, новинар, публицист, учителка и истакнат општествен работник во македонската заедница во Нов Јужен Велс, Австралија и Господинот Златко Николовски, Основач и претседател на повеќе културни и образовни здруженија во Франција и Швајцарија, меѓу кои и Културната македонска асоцијација „Пелистер“ од Париз, организацијата „Македонска дијаспора“ со седиште во Лозана, Швајцарија и Унијата на македонски училишта во Швајцарија – француско говорно подрачје, во своето излагање, укажаа на проблемите и импликациите во Македонија и во светот, од Договорите кои ги потпиша актуелната влада во татковината, а кои се погубни по Македонија, Македонците , македонскиот јазик и македонскиот културен идентитет.

Македонистите,  Јачева-Улчар и Лаброска, истакнаа дека македонскиот јазик  е кодифициран јазик со сите обележја на званичен јазик и дека има длабоки корени. Лингвистичките истражувања на светско ниво укажуваат на специфичностите и точно се знае дека од нашите крашта потекнуваат говорите, врз чии корени почиваат многу јазици во светот. Тоа во светската карта на јазиците е многу познато и научно прифатено. Македонскиот јазик е специфичен и никогаш не може да биде дијалект на бугарскиот.

Но, исто така истакнаа дека иако, кога случајно ќе откријат , како се третира македонскиот јазик во практика во Македонија, реагираат како Институт за македонски јазик или како поединци или група македонисти, но имаат впечаток дека нивниот глас како стручњаци за македонскиот јазик не секогаш се слуша. Ги загрижува и фактот на Европската унија и западноевропските земји кои се почесто тактизираат и веќе имаат историја на избегнување на споменување на македонскиот јазик.

Писателот Ефтим Клетников, со низа факти укажа на небулозите дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, но исто така истакна дека најтешкото за Македонија, македонскиот јазик и македонскиот културен идентитет допрва доаѓа.

-Затоа, ние не  треба да се браниме, туку да напаѓаме со факти, научни студии и со информирање на меѓународната заедница, за овој геноцид што ни го прават , нам на Македонците, истакна Клетников.

Говорниците од дијаспората, Михајлова и Николовски, потврдија дека импликациите од Договорите се погубни за Македонците низ светот. Постојат високообразовни институции каде што се изучува македонскиот јазик, училишта за ученици од сите возрасти и евидентно е дека актуелната власт ги повлекува поставените учители и не испраќа нови за потребите на македонските училишта. Постојаните проблеми во земјите во кои што живеат иселениците се креирани директно од актуелната власт, која наместо да го сочува македонското низ светот, едноставно го ништи. Затоа иселениците се исправени пред постојан притисок да укажуваат на сопственото македонско потекло и  на македонскиот културен идентитет, кој си го ностат во гените.

На Академијата беше истакнато, дека е жално што политиката го креира и, за жал, реализира молчешкум, укинувањето на македонскиот јазик во самата држава Македонија, но и со дипломатски документи им наложува на сите земји во светот да нѐ нарекуваат со генитив, како жители на државата од која потекнуваме, со додавката која насилно и без пристанок на македонскиот народ  ја наметнаа. Актуелната власт, бескурполозно извршува самоубиство и полошо толкување од запишаниот текст на Договорите, кои самоволно ги  потпиша  во име на народот.

– Денеска во Македонија, истакнаа учесниците на Зум Академијата, кои се вклучија од секаде во светот,  македонскиот јазик е толкуван како мајчин јазик и тоа толкување е присутно во официјалните документи на Министерството за образование, како што се дневниците, во публикациите намети за дијаспората кои се објавуваат на мајчин и албански јазик, во строгото бришење на македонскиот јазик на знаците ширум Македонија, во документите на Владата, во злоупотребата на нашата официјална азбука.

Македонија не се грижи за човековите права на Македонците и не реагира на Извештаите на Европската унија во кои, дури и во обичните елаборати во кои се вложуваат минимални европски средства, македонскиот јазик е изоставен како официјален јазик во Македонија, туку се наредени сите јазици на малцинствата што живеат во нашата таковина, освен македонскиот јазик.

Едногласно беше заклучено дека дефинитивно Македонците во светот треба званично да реагираат на дрскоста на македонската актуелна власт, но и на блиската историја на понижувањата на Европските пратеници и на бугарската уцена за вето за датум за преговори за влез во ЕУ и на сите оние низ светот кои со најразлични тактики посакуваат да ја избришат Македонија и сѐ македонско од светската мапа на народите, на јазиците , на земјите.

Дијаспората не може да го разбере молкот на македонската интелегенција, на академскиот свет и на сите МАКЕДОНЦИ. До малиот проток на вистинити податоци се доаѓа, не со транспарентно известување од страна на актуелната, власт, туку како резултат на сопствено согледување на веќе аплицираните промени во секојдневниот живот во Македонија и со сопствено истражување на МАКЕДОНЦИТЕ во дијаспората. Македонците остануваат изненадени од фраглантното кршење на основните човекови права, кои ги заслужува секој жител на планетава. Непријателите, пак, тие слабости и недоветности на актуелната власт, ги злоупотребуваат и грабаат сѐ што ќе посакаат. Во сите овие политички игри на дај ми – еве ти, најмногу страда македонскиот народ, македонскиот јазик, македонскиот културен идентитет- Македонија.

Учесниците заклучија дека  дефинитивно, писмено треба да се реагира низ целиот свет и дека треба да се укаже на моментното кршење на човековите права на МАКЕДОНЦИТЕ каде и да се во светот, специјално во нашата Македонија и да се нагласи дека демократијата е за сите, а не само за привилигираните.

На првата ЗУМ Академија модератор беше Госпоѓицата Ана Дукоска од Вашингтон.

Организаторите најавуваат нови Интернационални Зум Академии на актуелни теми во Македонија.

Живи сме. На секаде сме. Македонија е на МАКЕДОНЦИТЕ!  Да живее МАКЕДОНИЈА!

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top