Дијаспора

ПРИДОНЕСОТ НА ГОЈКО ЗА ФОРМИРАЊЕТО НА ПАРТИЈАТА ВМРО-ДПМНЕ (21)

2.5.3

2.5.3

85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС ГОЦЕ МАКЕДОНСКИ 

Гојко Јаковлески, алиас Гојко Делчев-Рафкин – Гоце Македонски повеќе од 30 години пред да се осамостои Македонија започна да работи за македонската кауза. Интензивно преговараше со меѓународните фактори за признавање на Република Македонија, за нејзиното отцепување од Социјалистичка Федеративна Република Југославија и за нејзино осамостојување и стекнување независност и воедно главна улога има во основањето на партијата ВМРО-ДПМНЕ и демократизација во државата.

Покрај големиот патриотизам и силната љубов и грижа кон својата држава, тој истовремено е многу скромен, повлечен, а силен со темелит и аналитичен карактер, личност која студиозно размислува пред да донесе каква било одлука, со висок праг на издржливост и голема упорност, цврст и стабилен кој токму поради овие карактеристики успеал да издржи во справувањето со бројните предизвици, препреки, интриги и игри, и во разните битки.

Но, се чини многу значајно е тоа што  успеал да помогне во остварувањето во најголемиот македонски идеал и сон, и да помогне во осамостојувањето, односно стекнувањето на самостојност на Република Македонија. И тоа, како што и тој самиот вели: „Не со пролевање крв, туку со интелигенција, мудорст и ум!“

Во ова прилика ќе нагласиме дека животописот на големиот родољуб, бизнисмен, докажан  активист, борец за правда и правдини и хуманост Гојко  Јаковлески, се богати отворени  енциклопедиски  страници, испишувани  низ  повекедеценискиот времеплов. Објавени се многу  интервјуа,  многу  средби  и разговори  за  неговата силна роднокрајна љубов, за исклучителната посветеност на македонското прашање низ историски и современи настани, потоа за самоорганизирањето на нашите луѓе во Европа – со многуте  успеси,  афирмативни блесоци, турбуленции, истрајност и  неотстапност, и, секако, за низата политички процеси во Република Македонија  и пошироко.

 Во врска со прашањето како дојде до формирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Гојко Јаковлески, алиас Гојко Делчев-Рафкин – Гоце Македонски вели дека негова единствена цел како учесник во удирањето на темелите на оваа партија, е да ја изнесе вистината и да се престане со публикување неточности и искривоколчување на историјата.

Затоа, кога разговаравме за формирањето на партијата ВМРО-ДПМНЕ, тој со задоволство ни ја раскажа сторијата за почетните активности и го изјави следното:

„Драган Богдановски живееше во Гетеборг, Шведска, а нашите контакти беа постојани. На телефон ми се јави да ме запознае со идејата за формирање партија. Притоа, ми рече дека со паѓањето на Берлинскиот ѕид и во Македонија дуваат нови демократски ветрови. 

Создадени се услови за нашата неколкудецениска политичка борба водена во емиграција за обединување и за демократизација на нашата мила и сакана Македонија, да ја префрлиме во татковината и политички да дејствуваме. Ми предложи заеднички да ја формираме партијата ДПМНЕ. Истакна дека во Македонија има млади луѓе кои ја поддржуваат идејата и се подготвени заедно со нас да учествуваат во нејзината реализација. Доколку се согласувам, да предложам термин и место за одржување на состанокот и да ги удриме темелите на партијата.

2.5.4

Дел од активностите на партијата ВМРО-ДПМНЕ

Откако добро размислив, ја прифатив идејата, му се јавив на Богдановски и му го соопштив мојот став. Средбата требаше да ја одржиме на 26 и 27 мај 1990 година во хотелот на Илија Грнаров во Целе, близу Хановер, Германија. Но, од оправдани причини состанокот го одржавме во Минхен на 31 мај и на 1 и 2 јуни 1990 година.

На 31 мај 1990 година напладне пристигнав во Минхен, во хотелот кој се наоѓаше во близина на Shiller – Str Hauptbahnhof и Mathauser Brau. Тука ме пречекаа Драган Богдановски, Љубчо Георгиевски, Борче Змејковски и Владо Транталовски. Три дена се дружевме, разговаравме и разменувавме мислења за формирање национална партија. Разговаравме за програмските цели, за формирањето на општинските комитети во сите градови и поголемите села. 

Заклучивме што поскоро да го одржиме основачкото собрание и да ја регистрираме партијата. Се договоривме за подготовката и за дистрибуцијата на материјалите за основачкото собрание и за другите прашања. Дискутиравме и за тоа дали пред ДПМНЕ да стои префиксот ВМРО. Мое мислење беше дека ВМРО е свето име и не треба да се користи за политички цели. И без префиксот ВМРО, партијата на парламентарните избори ќе постигне голем успех. ДПМНЕ ќе настапи со програма многу поразлична од другите политички конкуренти. „Македонија да биде независна и суверена држава, со сопствена валута, со армија, со самостојна дипломатија, со репрезентација во фудбал, во кошарка, во ракомет и во други спортови.

Исто така, ќе се ангажира во реализација на идеалите на Илинден, кои ги негуваше емиграцијата, за ослободување и обединување на трите распарчени дела на Македонија. Сето тоа ќе го оствариме со создавање услови Македонија да биде примена за рамноправна членка на големото семејство на Европската Унија и во НАТО алијансата.
Шетајќи се низ минхенските улици, Богдановски ме праша дали се согласувам Љубчо Георгиевски да биде претседател на партијата?
 

Му забележав дека е многу млад и дали ќе може успешно да раководи со партијата? Ми одговори: „Млад е, но е многу интелигентен, харизматичен и вистински војвода!“ Го прифатив предлогот. Во Минхен ги удривме темелите на ВМРО-ДПМНЕ. Гостите од Македонија, нашите истомисленици, на 3 јуни 1990 година се вратија назад да ги реализираат обврските што ги презедоа за успешно да се одржи основачкото собрание на партијата. 

Вечерта (16 јуни 1990 година) спроти одржувањето на Основачкото собрание, во хотелот „Арапска куќа“ („Јадран“) во Скопје, каде што бев сместен, со господин Борче Змејковски се договоривме Јонче Христовски да ја исполни химната „Денес над Македонија се раѓа ново сонце на слободата…“, во придружба на хармоникашот Зоран Марковски. На господин Змејковски му реков во работното претседателство да бидат и Стево Доневски-Мајката и Ванчо Механџиски, иако не учествуваа во формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, а јас повеќе сакам да седам во салата заедно со моите истомисленици од емиграцијата, кои беа дојдени од повеќе западноевропски држави, ни рече Гојко.

Продолжува

1KatiN
Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top