Дијаспора

СВЕТСКИОТ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС ВО СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ (13)

3.2.8

3.2.8

Бизнисменот Ѓорѓија–Џорџ Атанасоски е активен во македонските организации од неговото пристигнување во САД па до денес. Toj особено е активен во „Светскиот македонски конгрес“ (СМК). А, СМК е широка организација која го форсира цивилното општество и економскиот развој, ги координира и им дава техничка поддршка на невладините органи- зации.

Оваа организација е една од највлијателни- те македонски невладини организации во светот. Еден од најактивните членови на Конгресот, секако, бил бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски, кој во 1993 година беше избран за претседател на Светскиот македонскиот конгрес за Северна Америка. Неговата работа во СМК особено резултираше со организирање хуманитарни активности за спонзорирање на истражувачки работи од областа на историјата на Македонија.

Во исто време кога бизнисменот Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски како еден меѓу економски најуспешните Македонци во светот, беше претседател на Светскиот македонски конгрес за Северна Америка беше и потпретседател на Светскиот македонски конгрес.

Во  август  1994  година  –  претседателот  на „Македонскиот  светски  конгрес“  за  Северна

Америка, господинот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски, кога  Македонија  беше  меѓународно  призната, иако не под нејзиното уставно име, ги изложи своите  погледи  за  можностите  за  македонски економска преродба и за нејзиниот натамошен демократски развој. Тој му порача на македонскиот  народ  дека  заслужува  да  има  повеќе  и, меѓу другото,  рекол:

„Драги браќа и сестри Македонци и Македонки, од мое лично име и од името на Светскиот македонски конгрес за Северна Америка, сакам да ве поздравам сите коишто сте присутни овде, и другите коишто ја следат програмата на Радиото и на Телевизијата во Македонија. Јас би сакал уште еднаш да ја потенцирам улогата на Светскиот македонски конгрес и работата која минатата година ја оствари овој Конгрес за Северна Америка.

Ние активно се вклучивме со американските колеги и бизнисмени во заедничката соработка во што побрзо воспоставување на дипломатска соработка и дипломатски односи меѓу Соединетите Американски Држави и Република Македонија, а што е многу значајно и да се отвори американска амбасада во Македонија. Но, сè уште тоа не е направено, а не е направено поради тоа што некои состојби во Македонија треба да се расветлат, а американската влада и американските сенатори веќе суштествено ги согледуваат работите во нашата земја.

3.2.9  3.3.0 

                                                                     Њујорк

Оние луѓе кои денес се наоѓаат на власт, не ја водат политика- та по демократски пат. Затоа, јас ги поканувам сите Македонци да работиме заедно во името на демократијата во Македонија, а со тоа останатите западни земји, кога ќе видат дека ние работиме на една таква западна демократија, најверојатно ќе се  обидат да ни помогнат во изградбата и иднината на државата Македонија.

Друго што би сакал да го напомнам е дека Македонија треба да се изгради како правна држава во која на секој Македонец ќе му бидат загарантирани исти права, а со тоа, се разбира, и еднаквост пред законот. Исто така, сакам да напомнам дека  Светскиот македонски конгрес се заложи преку светските организации за човекови права да испрати комисии во егејскиот дел на Македонија за пребројување на македонското население, кои констатираа дека има повеќе од еден милион Македонци.

Јас конкретно сум разговарал со повеќе сенатори  од  Соединетите  Американски  Држави и веднаш по моето враќање и по завршувањето на Второто генерално собрание, веќе имам закажано состанок со неколку сенатори кои ќе ги запознаам со ситуацијата во Македонија. Уште еднаш сакам да  напомнам дека македонскиот народ заслужува повеќе отколку што има денес.

Тоа ние можеме да го оствариме со една економ- ска програма, а познато е дека Македонците се способни луѓе зашто во коренот и генот тоа им е всадено од памтивек. Некои Македонци, овде во Македонија, велат дека не сме организирани и дека не можеме да работиме, а како може Македонецот патувајќи надвор од Македонија, во Германија, Америка и Австралија да биде меѓу првите.

3.3.1 

Зградата на ОН во Њујорк

Со тоа тенденциозно сакам да кажам: како што можеме да ги изградиме западните земји, уште поубаво можеме да ја изградиме нашата земја. Затоа, уште еднаш ги повикувам сите Македонци со заеднички сили и од срце да почнеме да работиме заедно за изградбата на нашата татковина. На крајот – Да живее Македонија!“, рекол Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски.

Во историјата на Светскиот македонски конгрес (СМК) е забележано дека тој е прва и единствена меѓународна невладина, непартиска и непрофитна организација кога и да е формирана во историјата на македонскиот народ која претставува неформален Светски Парламент на Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет. Мисијата на СМК, пред сè, е благородна и патриотска. Имајќи предвид дека секоја  благородна  работа  е  неблагодарна,  не се очекуваат ниту ќе се очекуваат ексклузивни резултати преку ноќ. СМК, всушност, не е манифестација, туку континуиран долгорочен процес на кој влијаат голем број поединци, групи, движења, настани, интереси, држави, разузнавачки служби, меѓународни процеси…

Основна цел во почеток беше да се подигне нивото на свеста кај Македонците во сите делови на   Македонија и во целиот свет. Бидејќи, македонското прашање на Балканот не може да се решава и да се третира парцијално, сепаратно, туку интегрално, СМК има за цел да ја наметне свеста за потребата од помирување и обединување во една единствена меѓународна организација. Преку таквата организација ќе се артикулираат интересите на Ма- кедонците независно од нивната политичка припадност, верско уверување, социјално потекло, општествена положба и државјанство кое го поседуваат.

Исто така, не треба и нема да се прави разлика на национално ниво пред домицилните власти во земјите каде што Македонците живеат, работат, престојуваат, учат, студираат, така и на меѓународно ниво пред меѓународните организации  кои  ги  третираат  човековите  права и слободи. Во овој поглед, СМК ја оправда таа своја мисија. Се разбира, престојат уште многу задачи, затоа што освојувањето на правата е динамичен процес, еднаш стекнатите права треба постојано да се унапредуваат, да се повторуваат, бидејќи права кои не се знаат или забораваат, исто како и да не постојат. Таквите обврски за правата на Македонците во етничка Македонија и насекаде во светот се, токму, на Светскиот ма кедонски конгрес.

Продолжува

 1SK

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top