Дијаспора

ПОЛИТИЧКИТЕ АКТИВНОСТИ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ (14)

2kat

2katВо организација на Иницијативниот комитет за обединување на Македонците од Чикаго 18 мај (косар), 2002 година во  овој  град  се  одржа  конференција на која биле поканети претставници на сите македонски организации во Северна Америка. Свесни за тешката положба во која се наоѓа Македонија, организаторите на хуманитарната организација од Чикаго по успешното собирање на помош од 25.000 американски долари за семејствата на загинатите во воениот   конфликт од 2001 година  во Македонија решија дека во интерес на сите Македонци, крајно време е да се обединат сите сили за да се помогне во излегувањето од тешката криза во која се  наоѓа нашата татковина, криза за која се одговорни сегашните партии на власт како и поранешната владејачка гарнитура.

Инцијативниот комитет бил   составен од добро познатите македонски патриоти и активисти: Дане Поповски, Раде Јанковски, Митко Ристев и Блаже Мицкаловски. На конференцијата беа поканети претставници на сите македонски цркви и организации во Северна Америка, а присуствуваа и претседателот на „Македонска алијанса“, Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски, Васил Бабамов и Марјан Кочовски од Македонско-американската асоцијација за пријателство, претставникот на Македонската заедница од Детроит, Бошко Рајчoвски-Пелистерски и претставникот д-р Стојадин Наумовски.

Васил Бабамов од Македонско-американската асоцијација за пријателство зборувал за итната потреба за здружување и дејствување преку лоби. Тој истакнал дека Албанците оствариле преку 100 средби со Стејт департментот, а Македонците само една средба. Резултатот се гледа.

3katВо врска со лобито, бизнисменот Атанасо- ски подвлекол дека е потребно пошироко учество на сите македонски организации во САД и избор на општоприфатени делегати кои ќе ги претставуваат македонските интереси пред американските власти. Истакнал дека, сепак, залудни ќе бидат сите напори ако нема соработка и заедничка политика со Владата на Република Македонија и затоа е потребно на следните избори да дојде на власт влада која ќе го разбира придонесот и важноста на Македонците надвор од Македонија и ќе работи заедно со нив на лобирањето пред властите на државите каде што живеат. Исто така, Атанасоски рекол дека на Македонија не ѝ се потребни 54 политички партии, туку една вистински македонска партија како што е „Македонска алијанса“.

Потоа им се дало можност на присутните да им постават прашања на излагачите. Според некои од учесниците, настапила бурна и доста остра дискусија и полемика меѓу претставникот на ПОМНИ и присутните. Општиот заклучок бил дека треба да се избегнуваат партии и органи- зации со самоизбрани раководители кои единствено водат сметка за личните и партиските интереси. Се рекло дека таквите партии ја довеле Македонија во пропаст и во иднина не смеат да се повторуваат истите грешки и дека времето минува и не смеат да се повторуваат истите работи кои довеле до крајно лошата ситуација во која се наоѓа Македонија.

Исто така, според пишувањето на „Македонско сонце“ бр. 417 од 28. 6. 2002 година, ма- кедонските иселеници во Америка се состанале во градот Детроит, Мичиген за да се запознаат и да разговараат за најновите политички состој- би во Република Македонија во јуни (жетвар) 2002 година. Оваа средба ја организирала Македонската црковна општина „Света Богородица“, која е една од  најорганизираните општини на американскиот континент. Македонските иселеници најмногу се организираат преку Македонската православна црква која помага во формирањето на општините кои ги обединува- ат Македонците во светот. На оваа средба се обиделе  да  се  организираат  и  да  проговорат за нивно учество во претставувањето на македонските национални интереси во Америка.

4kat

На средбата на македонските иселеници во Детроит присуствувал заменик-гувернерот на Ми- чиген, Дик Постхумус, кандидатот за сенатор Алберт Росковски, претседателот на Организацијата на Латиноамериканците, Виктор Дијаз, како и тогашниот потпретседател на СДСМ, Владо Бучковски. На македонската средба во „Света Богородица“ во Детроит, претседателот на „Македонска алијанса“ Ѓорѓија-Џорџ Атанасо- ски меѓу другото потенцирал:

„Онолку колку што е можно соработувам со американски конгресмени и сенатори. Проблемот не е дали лобираме ние, туку проблемот е што ние не сме единствени. Ние немаме дефинирано една заедничка политика со власта во Македонија и Македонците кои живеат тука. Ние не можеме да работиме на две бранови должини, а сè дури ние не се синхронизираме и не ги издефинираме македонските национални стратешки интереси, не можеме да лобираме во САД. Властите лобираат едно, ние  лобираме друго. Без една синхронизирана политика ние нема да имаме успеси. 

А тоа многу лесно може да се направи. Тоа може да нè чини многу малку за да се дојде до една македонска лоби група во САД. Многу луѓе зборуваат дека Албанците потрошиле еден милион долари. Тоа не е голема пара. Во Америка ако сакаш да успееш треба да земеш група луѓе коишто биле и работеле во државата и можеш да ги земеш да работат за Македонија, а тоа чини некаде од 8 до 15 илјади долари месечно. Зборуваме за 150 до 200 илјади долари годишно. Ако ние не можеме да платиме една таква група, тогаш ние Македонците не треба и да бидеме Македонци.

Ние во Македонија и овде не ги искористуваме методите коишто се употребуваат во САД. Никогаш не сме седнале за да дефинираме како ќе настапиме. Сè додека не го направиме тоа единство и не застанеме зад една платформа, нема да имаме никакви успеси. Нам ни се потребни сите Македонци, да се вклопиме во тој систем ако сакаме да успееме за Македонија“, нагласил  бизнисменот Џорџ Атанасоски.

Продолжува

1901katПишува; СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top