Дијаспора

ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ И НЕГОВОТО ВЕТУВАЊЕ НА БИГОРСКИОТ МАНАСТИР (26)

1901katim1

1901katim185 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС ГОЦЕ МАКЕДОНСКИ 

Според текстот под наслов „Исполнето ветување по 80 години“ од Киро Кипровски, објавен во „Утрински весник“ на 10 април 2015 година, пред осумдесет години Гојко Делчев-Рафкин, од гостиварското село Зубовце, од мајка му Рафка и од прабаба му Јонка бил ветен да му служи на Господ и на свети Јован Крстител во Бигорскиот манастир.

Инаку, Гојко бил ветен бидејќи молитвите му помогнале да ја преброди тешката болест, да оздрави, по десетдневна агонија, кога бил ни жив ни мртов. Неизвесноста да преживее била под голем прашалник. Целото семејство „било на нозе“ око не склопувало, биле покрај него, преземале сѐ што требало за да му го спасат животот и со нетрпеливост го очекувале исходот.

Сите се плашеле да не се повтори судбината со неговото братче Виктор и сестричето Анча, кои пред него починале на неколкумесечна возраст. Мајка му правела сѐ за бебето да ѝ оздрави, да го порасне, да формира семејство, да остари, да обеле… Молитвите вродиле со плод. Гојко, како момче од мајка си дознал дека бил ветен да служи во Бигорскиот манастир.

Ветувањето го прифатил. На мајка си често ѝ говорел дека кога тогаш ќе го исполни ветено и достоинствено ќе се оддолжи. Минувале години Гојко од субјективни причини не можел да дојде и да служи во манастирот. Меѓутоа, тој товар го носел со децении и барал начин барем со средства да се оддолжи.

Во 1992 година, во Берлин се осветувал иконостасот на Македонската православна црковна општина „Свети Климент Охридски“ при што присуствувал и митрополитот господин Тимотеј, надлежен архијереј на Дебарско-кичевскаа епархија на Македонската православна црква, во чии рамки спаѓа и Бигорскиот манастир. Гојко на владиката господин Тимотеј му ја раскажал прикаската за тоа дека бил ветен да служи во Бигорскиот манастир и од него побарал совет како да се оддолжи. 

1deb„Дебарско-кичевската епархија има подготвено монографија за Бигорскиот манастир во која со свои научни трудови од повеќе области ја расветлуваат историјата, архитектурата, монаштвото, за духовноста, за изградбата, за иконостасот, за живописот и слично, текстовите напишани од неколкумина академици, еминентни научни работници и владици.

Проблемот е недостигот на средства за печатење, а епархијата не може да ги обезбеди. Ако си расположен да го помогнеш финансирањето на монографијата, тоа е добар начин да се оддолжиш, односно да го откупиш ветувањето“, му рекол Тимотеј на Гојко. Тој, со големо задоволство ја прифатил понудата и веднаш на владиката му ги дал потребните средства.

Во изминатите години неколкупати Гојко на Бигорскиот манстир му дарувал парични средства, како и донации за обновата на изгорениот Горни Палат.

„Ветувањето го исполнив, меѓутоа желбата да служам во манастирот „Свети Јован Крстител“ ми остана неисполнета. Многу пати правев обиди, но пред да дојдам ќе се појавеше некој проблем и така со децении одложував“, раскажува Гојко. „Но, Господ е голем и ми ја исполни желбата. Минатиот месец десетина дена служев во Бигорскиот манастир со физичка активност и со присуството им се оддолжив на моите предци, а со тоа од грбот ми се стркала цела карпа со грижа носена со децении…“, раскажува Гојко.

„Прекрасно се чувствувам откако со слугување и со работење им ја исполнив желбата и ветувањето на моите најблиски, кои со ноќи бдееле и се грижеле за моето здравје. Секој ден го палеле кандилото во куќата во село Зубовце, пред иконата на светата Мајка Божја со нејзиниот син во рацете- Исус Христос и се молеле за да оздравам. Се молеле и ме ветиле во Боженствениот храм – Бигорски манастир, древномакедонско светилиште, прекрасен, привлечен, препознатлив со македонската црковна архитектура и со иконостасот.

1jov

Икона во Свети Јован Бигорски 

Господ ги слушнал молбите на прабаба ми и на мајка ми, да оздравам, да закрепнам, да раснам, да пораснам и да имам долг живот. И така на 20 февруари 2015 година, со најблиските во семејството го празнував 80. роденден“, со задоволство ни зборуваше Гојко и продолжи да ни ги раскажува впечатоците од престојот во манастирот.

„Секое утро станував во 5 часот за да учествувам на утринската богослужба, а во попладневните часови и на вечерната богослужба. Прекрасно беше чувството да се биде на богослужбите, на бдеењата кои траеја по неколку часови длабоко во ноќта. Посебно бев воодушевен од моќните гласови на монасите кои ги пееја црковните песни, и по богослужбите гласовите ми одѕвонуваа, ме смируваа и ме релаксираа и ми доаѓаа како мелем на душата. 

Многу нешта на оваа возраст научив и нештата ми станаа јасни. Престојот во Бигорскиот манастир уште повеќе духовно ме зацврсти и ми даде нови мотиви и импулси во животот да реализирам неколку идеи кои ги носам со години, а досега не сум успеал да ги остварам“, задоволен од исполнетото ветување ја завршува својата приказна Гојко Делчев-Рафкин, кој долги години работеше во Германија.

Продолжува

2jovПишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top