Дијаспора

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ Е СИМБОЛОТ НА ЖИВОТОТ И РАБОТАТА НА БИЗНИСМЕНОТ ЃОРЃИЈА – ЏОРЏ АТАНАСОСКИ – ДЕЛ II

3.4.1

3.4.1

Со излегувањето на неделникот „Македонско сонце“ се отворија нови видици во информативната дејност во Република Македонија. Неговиот прв број, всушност, беше празник за новинарството во Македонија. Затоа, по повод излегувањето на првиот број и промоцијата на „Македонско сонце“ до читателите и до целата македонска јавност во Републиката и македонската дијаспора, се обрати претседателот на Светскиот македонски конгрес за Северна Америка Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски, како основач и сопственик на гласилото. Тој зборуваше за мисијата и целите на „Македонско сонце“, при што, меѓу другото истакна:

Почитувани читатели,

„Промоцијата на „Македонско сонце“ на 24 јуни 1994 година во Скопје, Република Македонија, е исклучителен чин во процесот на македонското национално, духовно, културно и економско обединување. Појавата на овој прв македонски светски неделник го  обележа  почетокот  на  долгоочекуваната македонска информативна пролет во којашто Македонците од сите континенти добија свој автентичен форум за информирање и комуникација. „Македонско сонце“ сега е составен дел од македонската пишана мисла, но истовремено е и водечки поттик во унапредувањето на македонското новинарство.

„Македонско сонце“ целосно му припаѓа на македонскиот народ. Вашето учество на стра- ниците на весникот е негова најјака квалитативна особина, негово најголемо богатство. Затоа особено нè радува фактот што го прифативте „Македонско сонце“ со огромен ентузијазам и што почнавте конкретно да се вклучувате во процесите на комуникација со своите сонародници низ светот. Големиот број писма што пристигнуваат во нашата Редакција со содржини на одобрување, честитки и желби за лично учество во овие процеси, сведочат дека информативното обединување на Македонците треба да продолжи и понатаму успешно да се развива.

3.4.2

Страниците на весникот се широко отворени за сите Македонци од сите политички оп- ции, да комуницираат преку него со информации, со  предлози  и  мислења,  со  аналитички  осврти и креативни идеи релевантни за демократскиот развој на македонската нација и култура. Ја користиме оваа прилика да ги поттикнеме Македонците во Република Македонија и во странство, без разлика на политичката и верската припадност, активно да се вклучат во глобалната комуникација на сите полиња од интерес за нашата татковина Македонија. Бидејќи само толерантен дијалог меѓу нас Македонците – кој сам по себе претпоставува отворена конкуренција на идеи за конкретни солуции на проблемите со коишто Македонија се соочува – е гаранција за нејзиниот долгорочен економски и цивилизациски развој“.

Пред широкиот аудиториум основачот Атанасоски рече дека длабоко е убеден дека се созреани условите за нешто што во македонска- та историја многу пати е повторувано, а малку спроведувано во практиката. Тој со убедување зборуваше дека   „Македонско сонце“ се роди за македонскиот народ со визијата да стане водечки форум којшто ќе ги замени дегустираните кавги од македонското политичко и новинарско секојдневие. Тоа ќе биде со толерантни и со конкретни предлози за тоа како е најдобро да се остварат македонските национални интереси.

Во продолжение Џорџ Атанасоски нагласи: „Ние категорички ги одбиваме досегашните подвојувања и расколи што како Дамоклов меч демнат над македонското единство. Како одговор на подвојувањата, ние го нудиме „Македонско сонце“: да го мултиплицира богатиот потенцијал на идеи кај македонскиот народ, со чија помош нашироко е познато и во најтешките моменти на свој непокор нашол одговор за сите предизвици; да воспостави континуитет на долгогодишните напори на Македонците низ историјата да создадат свои автентични весници, со коишто го  овековечија  постоењето  на  својата  нација; и да придонесе за издигнувањето на цивилизациското рамниште на Македонија. Наш императив е до максимум да се искористи енормно богатиот и разновиден интелектуален и духовен потенцијал што го омеѓи македонскиот народ како посебност во историјата, за да се отворат нови хоризонти во неговото битисување. „Македонско  сонце“ далекусежно ја гарантира таа можност“.

По повод петгодишнината од излегувањето на неделникот „Македонско сонце“, во јули 1999 година основачот на неделникот бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски го изрази своето задоволство и по писмен пат се обрати до читате- лите и воопшто до македонската јавност, при што, меѓу другото кажа:

3.4.3

Почитувани читатели!

„Поминаа  5  години  од  24  јуни  1994  година откако за првпат се појави неделникот „Македонско сонце“ за да го осветли македонството кај нас и во светот. Потребата за „Сонце“ постоеше тогаш, а постои и денес. Затоа што сè уште не можеме да кажеме дека нашите медиуми се комплетно слободни, како што е случајот со „Сонце“ кој не зависи од ниедна партија и според тоа е единствен и сосема независен весник. Затоа  слободно  може  да  се  нарече  „весник  на вистината“.

Развојот на весникот е една од малкуте работи со кои можеме да се пофалиме. Весникот е прв глас во одбрана на македонството и македонските интереси кај нас и во светот. Меѓу првите во Македонија, почнавме да го објавуваме на Интернет и месечно имаме околу 65.000 пристапи. Од денешниот број, продолжуваме во ново, модерно руво. Во најскоро време, ќе ги прошириме интернет активностите, за подобро информирање  на  светската  јавност  за  Македонија  и за промоција на македонската култура и националните интереси. „Сонце“, веќе неколку месеци, преку електронската пошта, секојдневно испраќа медија-монитор, информации и написи за Македонија и околу Македонија, објавени во светските медиуми за подобро информирање на сите оние кои се интересираат за Македонија. Веќе две години, објавуваме месечно интернет-списание, „Македоника“, за мекедонската историја и култура каде што се собираат и објавуваат написи на англиски и македонски од еминентни историчари кои ја обработуваат оваа тема. Пред две недели регистриравме и „чет–канал“ на Интернет каде што Македонците и пријателите од целиот свет можат да се собираат и дискутираат за проблемите на Македонија. Планови има многу. Нè очекува многу работа и со Ваша помош, драги читатели, ќе ги оствариме идеали- те на нашите предци за слободна, обединета и силна Македонија. 

Како основач на весникот, им благодарам на сите читатели во светот кои нè  поддржуваат и нè поддржувале. Им порачувам на сите дека неуморно ќе продолжиме да се бориме сè  додека Македонија не ги исполни соништата на нашите предци“, напиша Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски.

По повод десетгодишнината на неделникот „Македонско сонце“, пак, во бројот 548/549 од

30 декември (снежник) 2004 година е објавено опширен материјал за работата и персоналот насписанието во боја „Македонско сонце“.

Продолжува

 1SK

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

To top