Дијаспора

ТВ СОНЦЕ – ПОПУЛАРЕН МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН САТЕЛИТСКИ МЕДИУМ

3.6.1

3.6.1

Телевизија „Сонце“, како национална сателитска телевизија, за првпат започна со  емитување  на  сопствена  програма во Македонија и во светот на 12.11.2008 година. Нејзин основач е господинот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, кој ги финансира изградбата и развојот на телевизијата.

Концепцијата и уредувачката политика на оваа ТВ-куќа е да информира за случувањата и политиката на Македонија, кои се базираат врз основната цел – афирмација на македонските национални вредности во Република Македонија, во преостанатите делови на етничка Македонија, па и во целиот свет, поточно секаде каде што живеат и работат луѓе чија етничка и државна припадност ги поврзува со Р. Македонија, и секаде каде што има Македонци – во Европа, во Америка, во Канада, во Австралија.

Телевизија „Сонце“ подоцна креираше про- грамски концепт што ќе биде во исто време и

близок до гледачите, но и автентичен и различен од преостанатата ТВ-понуда. Со својот одлично едуциран кадар, со сопствена ТВ-продукција, оваа телевизија создаде голем број програмски содржини, чии теми ја откриваат вистинската приказна и историја на Македонија.

Од својот почеток телевизијата работи на негување на македонската кауза, а како доказ за тоа е и долгогодишното излегување на светскиот македонски неделник „Македонско сонце“.

Со индивидуални капацитети, но и со чувство за тимска работа вработените ја водат оваа ТВ-станица до зацртаните цели. Затоа денес оваа телевизија има позитивни резултати од истражувањата за гледаноста и рејтингот.

Ориентирана кон сопствена продукција на исклучително квалитетна информативна програма,  како  и  на  историски,  документарни,  политички, детски и други емисии, како, на пример,

„Македонија мајка на светот“ со авторот Дардан Венетски, емисија што достигна врвна гледаност, потоа  емисиите  „Сончевина“,  „Македониум“, „Будење со Јулија“, „јади бурек“,„Неделен витраж“, „Естрада +“, „Врел костен“,„Спортски агол“, „ТВ-фељтон“, „Меѓу редови“,„Низ  призма“,  „Бизнис-анализи“,  „Македонски црковни   светилишта“,   „Македонски   бисери“, „Под лупа“, „ИТ свет“, како и „Најубави бајки“ за најмалите гледачи и многу други секојдневни емисии.

Значи,  ТВ „Сонце“, става акцент на темите што навлегуваат со својата програма, пред сè во суштината на македонската вистина, содржини што ја прават оваа телевизија да биде поинаква од другите ТВ-куќи и да биде во постојана комуникација со своите гледачи во Македонија, но и со нашите иселеници.

Оваа нејзина определеност се чувствува во сите нејзини програмски содржини.

3.6.2

Хотелот „Сонце ГА“

ХОТЕЛ „СОНЦЕ ГА“ – ПРИЛЕП

Еден од најрепрезентативните хотели во Прилеп, а и пошироко е, секако, хотелот „Сонце ГА“. Поради сместувачките капаците, прекрасниот ресторан украсен со сите нишани од античко време до денес, богатата прилепска и интернационална кујна, базен, бензинската пумпа и други потреби за гостите, хотелот „Сонце ГА“ се вбројува меѓу значајните туристички објекти во Македонија, се разбира повеќе што газдата на овој хотел е познатиот американски Македонец Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски.

Тој пленува со својот изглед, со симболите – знамињата на САД, Република Македонија и на Европската Унија, кои се веат пре него и кои му даваат пошироки димензии на неговото постоење. Меѓутоа, тој е хотел во кој услугата е беспрекорна, љубезна, македонска со сите нишани на времето, привлечен е со своите македонски и светски специјалитети – од ширден до најдобрите стејкови и другу македонски и светски специјалитети.

Сместувачкиот капацитет на хотелот „Сонце ГА“ го сочинуваат 52 легла распоредени во апартмани, двокреветни и трокреветни соби; сите луксузно опремени, климатизирани, со директни телефонски линии и систем за будење, кабловска ТВ, приклучоци за интeрнет, мини-бар, сеф-депозит за секоја соба, купатила со ком- плетна тоалет-галантерија, балкон или тераса.

Хотелот располага со два прекрасни рестора- ни, бар-сала од кои ќе бидете пријатно изненаде- ни од квалитетот, услугата и цената. Појадокот се служи во кафе-барот, а за ручек и вечера се овоз- можува избор од мени-картата од македонските национални и интернационални специјалитети.

Хотелот „Сонце ГА“ е во близина на сите комуникациски и инфраструктурни објекти и со својата комплетна техничка опрема одговора на сите барања за бизнис-средби, прес-конференции, семинари, конгреси, конвенции и промоции.

Слободен паркинг-простор, услуги од перална и 24 часа гаранција за приватност и без- бедност; комплетно опремен фитнес клуб, солариум, масажа (делумна, комплетна, релак- сациона), два тениски терени, терен за кошарка, гардероби и туш-кабини се на располагање на неговите гости. Во состав на Хотелот „Сонце“ е и бензинската пумпа „24 Часа“, снабдена со сите видови на горива, масла, авто-козметика.

3.6.3

Тоа е само фрагмент од многунаменскиите и многугенерациските случувања и сентименти на ова убаво катче на прилепчани и гостите кои минале низ него во близина на центарот на градот. Не случајно е наречен хотелот и своевиден бренд, кој благодарение на разбирањето, на упорноста и решеноста на најпознатиот прилепско-американски познат и признат бизнисмен Џорџ Атанасовски, влегува во неговата угледна корпорација. Врти нова страница Атанасовски. Затоа денес во духот на времето хотелот „Сонце ГА“ како современ угостителски објект според високите стандарди е хотелски комплекс на престиж  и бизнис и едно поинакво место за одмор и спокојство, за славја и радости.

Ова е само дел од од животната приказна на бизнисменот Ѓорѓоја – Џорџ Атанасоски, чие име е познато, признато, уважено и респектирано на низа полиња. Децениски потврдено во бизнис заедницата и тука во татковината, но, пред сè, во прекуокеанските меридијани на северноамериканските простори, па и пошироко од тоа. Вистината за Ѓорѓија – Џорџ, премостена на два континента, е една повеќеслојна, необична, интересна и многу убава приказна, која облагородена и со авторовата имагинативност и суптилен пристап сместени меѓу кориците на прекрасната монографија „Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски“.

  Крај

 1SK

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top