Дијаспора

ФОРМИРАЊЕТО НА ЦРКВАТА „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО ТОРОНТО (2)

3.6.4

 3.6.4 

По повод 30-годишниот јубилеј на првата македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ е отпечатеноделото „Македонски вознес”, чиј автори се Славе Николовски-Катин и Фиданка Танаскова, Тоа е едно од значајните изданија на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“, од Торонто, отпечатено во 1994, на 232 страници,на македонски и англиски јазик

Монографијата е исполнета со  интервјуа, писма, документи заедно со статии од весници, списанија, публикации  и други материјали. Таа е исполнета со информации, фотографии, документи и другите писмени материјали од управите на црквата „Свети Климент Охридски“

Особен придонес за монографијата беше помошта со материјали на тогашниот претседател, г-дин Никола Стојановски, кој ја започна идејата за објавувањето на оваа дело. Исто така голем е придонесот и на другите членови на управите на црквата, особено на женската секција, другите групи и голем број Македонци од Торонто, Потоа за одбележување е тоа што членовите на управите на црквата за годината 1993/94 имаа разбирање да се финансира објавувањето на монографијата.

Исто така, треба  да се потенцира придонесот на многу други добронамерници и пријателите на Македонците во Торонто. Нивниот ентузијазам и поддршка придонесоа многу за иднината на црквата „Св. Климент Охридски“ и на Македонската  православна црква во целина. На тој начин тие придонесуваат за благосостојбата на Македонците во новата средина водемократска  Канада, како и на земјата на нивните предци, етничка Македонија.

За делото „Македонски вознес”, се организираше промоција во Соборната црква на Аме­риканско-канадската македонска православна епархија „Свети Кли­мент Охридски“ во Торонто на патрониот ден на црквата, а на која зборуваше митрополитот г. Кирил. Исто така, ова дело беше промовирано и во Соборни­от храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, од г.г. Михаил и проф. д-р Ве­­ра Стојчевска Антиќ, кои истакнаа дека делото претставува значајна алка во синџирот на Светиклиментовата традиција во светот и во Македонија.

3.6.5 

На овој настан, во Гласникот на Институтот за национална историја се осврнува и историчарот д-р Александар Тра­јановски, кој ова дело на читателите им го препорачува како ре­ли­квиум, кој претставува нов придонес во македонската црковно-на­цио­нална историографија. Свечена промоција оваа монографија доживува и во Стру­мица, каде што за неа во Домот на културата зборуваа про­фе­сорите д-р Вера Стојчевска Антиќ и д-р Димитар Керамичиев, во своиство на претседател на Матицата на иселениците од Македонија.

Инаку за делото „Македонски вознес”, поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот охридски и македонски г.г. Михаил го напиша следното:

Плодот што го роди дрвото посадено од св. Климент Охридски во Македонија, доведе до создавање на Охридската архиепископија, која денес постои во лицето на Македонската православна црква. Корените, пак, на тоа Светиклиментово дрво се рашиирија насекаде миз Македонија и светот и стасаа до Северноамериканскиот континент, каде изникна еден од најголемите и најзначајните духовно-национални и културно-просветни храмови што македонските иселеници го имаат – црквата “Св. Климент Охридски” во Торонто. 

Во изминатите три децении црквата оствари зпачаен црковен, духовен, национален, културен, образовен, литературен, спортски и друг вид развој, со што даде голем придонес во севкупното живеење на македонските доселеници од сише делови на Македонија и го збогати мозаикот ма демократска и мултикултурна Квнада… 

Митрополитот полошко-кумановски архијереј митрополитот Кирил, пак, меѓу другото, за делото „Македонски вознес”,  напиша:

… Големиот празник, тридеценискиот јубилеј на светиот македонски храм “Свети Климент Охридски” во Торонто е вистински македонски вознес за сите браќа и сестри од род македонски, за сите имени и безимени кои вградија огромна љубов, дарување, труд и самопрегор во неговите темели и го подигнаа овој прекрасен и најголем соборен храм вдолж и ширум северноамери-канскиот континент, Црквата е и останува да биде симболот на македонското име, непокор, тврдокорност и постоење на далечните прекуокеански простори, во чии двери пулсира една извонредно динамична активност, атрактивна, привлечна и неодминлива за сите генерации Македонци.

Овој Божји дом, оваа заедничка гордост, веќе три децении е свето место за сите чеда од над стоилјадната македонска заедница во Торонто, за век и веков останувајќи светол храм и македонски вознес среде мултикултурниот канадски мозаик

Исто така, митрополитот Кирил ќе напише дека од вековниот печалбарско-иселенички животен вруток на Македонците во Торонто и во Онтарио, и од долгата историја на древната македонска земја. во оеаа монографија се сместени најзначајните, фрагментарни прикази. Хронолошкиот и посеопфатниот приод ги зафаќа, селак, последниве 30 години, толку колку што е и младоста на светиот храм “Св Климент Охридски”, на чиј јубилеј и му се посветува книгата “Македонски вознес”.

Импозантен е летописот на македонското минато и сегашност за што непроценлива и огромна е улогата и придонесот на оние заслужни дејци што ги ставија темелите на овој храм Тоа се членовите на црквата и нацрковните упраеи, на женската секција, донаторите, свештенослужителите, тоа вистинско море од активисти од сите генерации и од сите делови на родната македонска земја.

3.6.6

Архиепископот г.г. Михаил и митрополитот г. Кирил

Свое посебно место имаат и членовите на ансамблот “Македонка”, тие големи вљубеници во македоиските фолклорни богатства, потоа вљубениците во убаеиот поетски збор – членовите на Литературното друштво “Браќа Миладиновци”, па црковниот хор, училиштето на мајчин македонски јазик, пензионерскиот клуб, драмската, спортските и сите други секции. Преширока бројка е тоа на доблесни и честити Македонци, верници и активисти, кои ео сето ова време дадоа се од себе за афирмирање на македонското дело и вистина.

Работата и фасцинантните резултати и постигнувања не беа возможни и целосни, а не ќе беа и на она рамниште што е денес, без најшироката поддршка и помош на македонската комуна во Торонто и пошироко.

Се што е сместено меѓу овие корици е прилог кон афирмирањето на длабоките македонски корени, на славното македонско име и на големата македонска вистина долж и вшир северно-американските простори и е своевиден спој на минатото и сегашноста, a co Бога напред – и кон иднината.

Исто така, главниот и одговоре уредник на списанието на Матицата на иселениците од Македонија,  „Македонија“, Христо Андоновски, за ова моногравско дело напиша:

… Повќе од еден век е зад нас откако од македонската родна земја кон Канадскиот простор тргна и сеуште трае масовната брановита преселничка река. Така, денес само во Торонто е формирано повеќе од стоилјадна македонска комуна. Во сите години зад нас, Македонскиот етникум разви импозантен самоорганизиран колаж ко) оствари извонтедна широка и значајна активност на сите полиња.

Така се роди идејата да се изгради со заедничка братска помош македонскиот православен храм “Свети Климент Охридски” кој стана неодминливото средиште во кое се негуваат сите старокрајски обичаи, богатства и традиции и се афирмираат Македонците, наспроти толкуте пропагандни од непријателите и од негаторите.

Црквата “Свети Климент Охридски” со оваа монографија го овековекува своето постоење и мисија…

Продолжува

 1KatS

Пишува: СЛАВЕ КАТИН 

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top