Дијаспора

СЕЛОТО БЕЛУШИНА МЕЃУ ДВЕТЕ СВЕТСКИ ВОЈНИ (6)

2sl

2slСпоред пишаните документи, или од кажувањата на постарите луѓе одселото  Велушина, може да се заклучи дека најголемото шаренило од војнички униформи што ќе види ео Велушина е во времето на Првата светска војна. Тоа е време кога Велушина е броен и значаен стационар на војници од најразлични родови и националности, така-речи и нема воена униформа од Европа што не се движела по уличките на селото. Униформи со ширити, сини униформи, темни униформи, чизми, војнички чевли, униформи со еполети и униформи без еполети, покрај тоа и раси и различни јазици.

Така. при крајот на 1912 год. доаѓаат српските сивомаслинести униформи кои ги заменуваат интензивните сини бои на турските војници. Во есента 1915 год. доаѓаат нови, бугарски и германски војниџи. Многумина го напуштаат селото од страв и го препуштаат имотот и куќите на распаѓање.

Во селото биле стационирани 700 бугарски војници. По пробивот на Солунскиот фронт во есента 1916 год. Повторно се појавуваат српските сиво-маслинести униформи. Покрај нив ги имало, исто така, познатите униформи на сојузниците, како и разното разнообразие, зашто меѓу француските војници имало и многу Сенегалци, Тунижани и др.

Во 1918 roд војната завршила, Војниците се повлекле и заминале во земјите од каде дошле, но Велушина и натаму како стационар не го загубила значењето. Селото останало центар вo кој постојано дежурале униформирани лица. Нивниот број се зголемувал како што се множело и се развивало особено качачкото движење. М н о гум и н a од нив имале и семејства, кои ги сместиле во велушките домови, а нивниот стационар бил објектот во кој и денес се наоѓа полициоката станица. 

3sl

Велувци убиени во 1905 година  

4sl

Фреска од црквата Света Богородица во Велушина

Треба да се нагласи, меѓу другото, дека при крајот на 1917 год. во Битолско била направена управна регионализација на реокупираните области и тоа во три околии: Бач, Велушина и Битола. Бачката уште се викала и Мариовска, зашто ги зафаќала населените места од подрачјата на Мариово и Пелагонија; Битолската го имала само градот Битола, а Велушката сите села што биле реокупирани и преземени од бугарските и германските војски.

Во рамките на Велушката околија биле организирани четирите општини: Буковска, Барешанска, Велушка и Драгошка. Тоа зборува дека селото Велушина имало многу големо значење за време на Првата светска војна.

Исто така, од 1912 год, па до нашите дни, Велушина била општински центар. Покривала од неколку до десеттина села. Таа година под нејзинауправна власт биле: Велушина, Граешница. Лажец. Острец и Канино. Селото броело 521, а општината 3.124 жители. И по Првата светска војна останало да биде општински центар.

Првото заседание на АСНОМ (2 август 1944) е посебен и голем датум во историјата на Република Македонија. Така, периодот од септември до октомври 1944 год. е време кога на големо се поставува новата власт и кога се формираат бројни околиски, окружни, градски, општински и селски народноослободителни одбори. Во сите нив влегле активисти што се докзжале во организирањето на отпорот, но и луѓе кои верувале во новото што доаѓа.

Во олштата структура на 14 општински народноослободителни одбори од Битолско спаѓа и Велушкиот народноослободителен одбор, кој со 940 семејства и со 6.898 жители, беше најголемиот во околијата. Во него припаднале 11 села, и тоа; Велушина, Барешани, Граешница, Драгош, Острец, Олевени, Жабјаниг Канино, Кишава, Лажец и Породин.

Според архивските документи може да се заклучи дека општинските народно-ослободителни одбори, всушност, по својата функција не биле ништи друго туку старите општини. Ги имале истите задачи и цели. Тоа било локална власт што имала непосреден увид во проблемите и која се трудела најдиректно да ги разрешува. Покрај опшинското собрание, општинските народноослободителни одбори имале и управно тело од претседател, потпретседател, секретар и одборници, но и комисии кои најнепосредно ги разрешувале проблемите и своите предлози ги упатуавле до одборот, кој ги донесувал решенијата.

5sl

Битолскиот партизански одред „Јане Сандански“

Некогашната функција на селски кмет сега ја имал присвоено, со исти задолженија и со повеќе ингеренции, селскиот народноослободителен одбор. Тој непосредно бил врзан за селото и за селските проблеми. Фигурирал како последно теле на власта, која мора да ги исполнува и наредбите на повисоките органи. И селскиот народно-ослободителен одбор имал управно тело со претседател, потпретседател, секретар и одборници. Некои од овие функции биле платени како што биле платени и некои од функциите на општинскиот  народноослободителен одбор.

Секој селски одбор се интересирал и бил врзан за програмите од животот на селото. За бројни прашања решавал велушкиот народноослободителен одбор. Меѓу другите, иако не најважно било и прашањето за именувањето на улиците и институциите што се наоѓале во селото.

Кога се зборува за верата се памети кај селаните дека историјата за селото Велушина е тесно поврзана со духовното живеење на селаните, кои имале голема почит кон христијанската вера и затоа граделе свои храмови. Постои народно сеќавање дека на Остречкиот Пат од левата страна кога се доаѓа од планината, а нешто подолу спроти Поповата Ливада некогаш имало црква. На тоа место денес скоро на површината можат да се ископаат камени темели од некаков објект. Народното предание говори дека сличен објект бил лоциран и во местото Беџан,

Во селото и околу него можат да се избројат осум цркви и манастири што е уникатен случај за Битолска околија. Велувци многу сакаат да градат свети храмови. Нужни се и мали потикнувања и поединечно, и семејно, не ретко и заеднички да се зафатат и да покренат акција за подигање Божји храм. Иако некои од црквите не се во завидна положба денес, и во однос на нивното зачувување иградежно зацврстување биле подеднакво агилни. Но, и многу дародавни кон црквите и некои од нив во минатото имале богати имоти.

Во селото постојат четири семејства кои го носат презимето Поповци, Сето тоа потврдува дека религиозноста што ја носат велувци и што ја пренесуваат секаде каде што живеат, било во татковината. било во прекуокеанските земји е една особина по која веднаш се препознаваат како луѓе со традиција, обичаи и вера.

Продолжува 

1Slave Katin 3Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top