Дијаспора

ОБНОВУВАЊЕТО НА СВЕТИКЛИМЕНТОВАТА АРХИЕПИСКОПИЈА НАИДЕ НА СИЛЕН ОДГЛАС МЕЃУ ИСЕЛЕНИЦИТЕ ВО КАНАДА (9)

3.6.4

1isel

Во 2020 година се навршија 55 години од осветувањето на првата македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ во Канада, стожерот на најголемиот број активности што Македонците ги развиваат во Торонто и пошироко и претставува мотив повеќе за изразување на љубовта и почитта кон родната земја Македонија

По повод 30-годичнината од осветувањето излезе делото „Македонски вознес”, чиј автори се Славе Николовски-Катин и Фиданка Танасков.Тоа е едно од значајните изданија на Македонската православна црлва „Свети Климент Охридски“, од Торонто, кое е отпечатено во 1994, 1-232, (на македонски и англиски јазик).  Монографијата е исполнета со  интервјуа, писма, документи заедно со статии од весници, списанија, публикации  и други материјали. Таа е исполнета со информации, фотографии, документи и другите писмени материјали од управите на црквата „Свети Климент Охридски“.

Особен придонес за монографијата беше помошта со материјали на тогашниот претседател, г-дин Никола Стојановски, кој ја започна идејата за објавувањето на оваа дело. Исто така голем е придонесот и на другите членови на управите на црквата, особено на женската секција, другите групи и голем број Македонци од Торонто, Потоа за одбележување е тоа што членовите на управите на црквата за годината 1993/94 имаа разбирање да се финансира објавувањето на монографијата.

Исто така, треба  да се потенцира придонесот на многу други добронамерници и пријателите на Македонците во Торонто. Нивниот ентузијазам и поддршка придонесоа многу за иднината на црквата „Св. Климент Охридски“ и на Македонската  православна црква во целина. На тој начин тие придонесуваат за благосостојбата на Македонците во новата средина водемократска  Канада, како и на земјата на нивните предци, етничка Македонија.

2iselОхрид

За делото „Македонски вознес”, се организираше промоција во Соборната црква на Аме­риканско-канадската македонска православна епархија „Свети Кли­мент Охридски“ во Торонто на патрониот ден на црквата, а на која зборуваше митрополитот г. Кирил. Исто така, ова дело беше промовирано и во Соборни­от храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, од г.г. Михаил и проф. д-р Ве­­ра Стојчевска Антиќ, кои истакнаа дека делото претставува значајна алка во синџирот на Светиклиментовата традиција во светот и во Македонија.

На овој настан, во Гласникот на Институтот за национална историја се осврнува и историчарот д-р Александар Тра­јановски, кој ова дело на читателите им го препорачува како ре­ли­квиум, кој претставува нов придонес во македонската црковно-на­цио­нална историографија. Свечена промоција оваа монографија доживува и во Стру­мица, каде што за неа во Домот на културата зборуваа про­фе­сорите д-р Вера Стојчевска Антиќ и д-р Димитар Керамичиев, во своиство на претседател на Матицата на иселениците од Македонија.

Инаку веста, долго исчекувана, барана и со голема љубов дочекана за обновувањето на Светиклиментовата архиепископија, македонска, проструи брзо и беше поздравена како голем чин, и како голем празник на северноамериканскиот континент, среде многубројните македонски колонии, на сите страни каде што живеат и работат Македонци.

Дојде времето да се има своја црква и да не се оди веќе so туѓи – те бугарски, те грчки, те српски па и во други. Тешко поправливо беше она што е сторено со градбата и со потпаѓањето на црквите, изградени од Македонците под туѓа јурисдикција. Но, тоа што беше, беше и заврши. Сега се отвори нова страница, се сврте нов лист и почна ново поглавје во духовното организирање и постоење на Македонците во Канада.

Патриотската организација “Обединети Македонци” набргу реагираше со писмен потпис до раководството на Македонската православна црква и заедно со честитката за големиот светол и свет момент, веќе ја обелодени намерата и лотребата за формирање своја црква и побара таа национална гордост што е вгнездена и предолго носена во срцата за обновување на Охридската архиепископија, сега да се преточи во собирање во свои македонски цркви, а тоа значеше дефинитивно извлекување од канџите на туѓите политички и црковни пропаганди.

Згасна стравот дека новите духовни храмови што ќе никнуваат од вредните раце, во туѓина далечна, ќе бидат под црковна Јурисдикција на балканските соседи, кои дотогаш присвоија за себе голем 6poj духовни храмови, градени со пари на Македонците.

3isel

Фреска од црквата „Света Сифија“ во Охрид

Во резолуцијата на “Обединети Македонци” за формирање Македонска православна црква во Канада и во САД меѓу другите пораки е и оваа “Црквата е најбитниот клуч за разрешување на проблемот на македонското единство… а законското право за градење   иакедонска   црква    денес     постои    благодарение   на создавањето на Охридската архиелископија. Значи, дојде времето во Торонто како и на други места во светот да никнат Светиклиментови храмови, да се градат македонски православни цркви.

Абери за вакви нови светилишта веќе доаѓаа и од Австралија и од Америка. Силно се покрена иселеничкиот етникум, бидејќи дојде моментот да и се покаже на канадската јавност дека Македонците се газди на своето, дека довербата во својата родна црква и во својата мајка Македонија е бескрајно голема.

Заедништвото на Македонците стануваше се поцврсто и поцврсто. Блискоста исто така, а решеноста да се помага и во добро и во зло беше секојдневна. Сето тоа некако одеше заедно со раѓањето на идејата за изградба и воопшто околу подигнувањето на свет храм. Браќата и сестри Македонци и Македонки, та дали беа од Костур, Воден, Битола, Прилеп, Лерин, Охрид, Ресен, Скопје, Куманово, Крива Паланка, Струмица, од Петрич. Драма, Кавала, Џумаја, Тетово, Штип. Серез, ги вкрстија желбите и рацете и како да зедоа заклетва дека мора да успеат и нема веќе нешто на овој свет што може да им застане на тој пат.

Решеноста беше бескрајна и многу значајна, Дојде времето во Канада да се стават темелите на еден од најубавите храмови Светиклиментови, дадени и благословени со божјата милост над кои   kg  ce   вишнее   македонски   храм   кој   ќе  биде   најголемото собиралиште во денешните канадски простори.

Продолжува 

1Slave Katin 1Пишува: СЛАВЕ КАТИН    

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top