Дијаспора

МАНАСТИРОТ СВЕТИ ЃОРЃИ, ЦРКВАТА СВЕТА НЕДЕЛА И ТРИТЕ ПАРАКЛИСИ ВО ВЕЛУШИНА (8)

1cr

1crМанастирот Свети Ѓорѓи има доминантно место над селото и од него има широк поглед на Пелагониското Поле. Остава импресивен впечаток оддалеку со белината и зеленилото. Многумина што врвеле по патот за Лерии останале импресионирани од него. Манастирот е понова градба – фрескописот потекнуѕа од 1848 година која е забележана на јужниот ѕид од црквата. Нешто порано е и подигањето на црквата. 

Манастирот се наоѓа во списокот македонски манастири регистрирани за време на Првата балканска војна. Меѓу позначајните манастири од Битолско што ги регистрирал еден од првите проучувачи, е и овој манастир.

Манастирот Свети Ѓорѓи доживеал период кога бил дередиран, ограбуван и уништуван. Така, Првата светска војна за манастирот како и за цела етничка Македонија, е трагичен настан. Конакот бил наполно уништен. градежниот материјал изгорен, ограбено е се’ до што можело да се добере (не)човечката рака. За среќа црквата поминала со помали оштетувања.

Во 1936 година започнала големата и општа акција за возобновување во која учествувало целото село. Несебично се дадени големи доброволни прилози, но и многукратна работна рака. За да се организира и да се изведе акцијата, првин морало да се поправи патот што водел до манастирот, што повторно е направено со доброволна работа. Потоа, започнал дотурот на градежниот идругиот материјал, набавен со доброволни средства, со општествени пари, но и од репарациите. Co воловски коли се доставувал материјалот од селото до манастирот.

Инаку, манастирската црква е еднокорабна со извишен централен дел, со страничен рамен таван. Се влегува од западната и јужната страна откако ќе се искористат неколку скали. Од западната страна има припрата, a од јужната затворен трем. Целата црква е ислолнета со вреден фрескопис, кој е, главно. сочуван, но дел е уништен, особено од јужниот ѕид, Тоа зборува дека манастирот Свети Ѓорѓие вреден споменик на културата на Македонија.

2crСвета Недела

Црквата Света Недела е најпосетувана и има третман на катедрална црква. Таа е лоцирана во самиот центар на селото, токму спроти Задружниот дом. И таа е еднокорабна, без фрески, но со иконостас, на кој можат да се сретнат и икони од XIX век. Црквата отсекогаш служела исклучиво за богослужба, посебно за венчавки

 Таванот на целската црква Света Недела е рамен, влезот ѝ е од јужната страна, Интересно, се додека не бил подигнат Задружниот дом, служела и како сала за културни манифестации, особено во годините по ослободувањето. Во тие години за првпат била прикажана од домашни, селски актерм и драмата „Македонска крвава свадба4 од Војдан Чернодрински.

Се тврди дека црквата Света Недела била подигната во 1908 год., дека не била осветена идека во 1929 год. не работела. Имала сВој имот за што говорат бројни податоци.

Покрај црквите и манастирот, во Велушина постојат и три капели. трите на три различни места итрите на места каде што некогаш имало или света вода или некаков „Божји знак”, како што тврдат велувци.

Најстара е онаа во полето, посветена на Светии Кузман и Дамјан, подигната во 1932 година врежана на влезот во капелата. Ја подигнало семејството Брглевски од Ввлушина, во своите ниви.

3cr

4crСвети Кузман и Дамјан и Свети  Никола

Како и повеќето храмови и таа има своја историја. Имено, во 1932 год во Велушина се случило страшно невреме, Било ненадејно и премногу разорно. Небото како да слегло на земјата, дожд почнал да паѓа каков што никогаш не бил забележан. Стара Река надошла набрзина и ударно носејќи се’  пред себе. He само што го преплавила селото, туку удрила и на храмот Света Богородица, со закана да го однесе.

Многумина во тоа невреме се нашле в поле, на летна земјоделска работа, Меѓу нив била и 20-годишната Спаса Брглевска (1912-1992). Доживеала таков стрес од кој не можела да се поврати ниту следните денови. Откако таа сонувала сон дека треба да изгради црквичка, семејството Брглевски решило да ја подигне капелата на светите лекари Кузман и Дамјан. Нивата на која ја подигнале „како вакаф” и ја отстапиле на капелата. Капелата нема фрескопис, нема иконостас, има икони со понов датум. Во неа, сепак повеќе мина можат да влезат и да се помолат. Денот што се слави е во врска со денот на светците, а тоа е 14 јули.

Втората капела, која се наоѓа во селото, малку под Кулата, е поголема и е посветена на Свети Никола. Има мал олтар, обележан со платно, има повеќе икони и рамен таван. Се наоѓа во двор обграден со челична жица. Капелата се одржува чисто и грижливо. На тоа место, според тврдењето, некогаш имало друга многу помала капела.

Третата е најмалата, Се наоѓа во дворот од црквата Света Недела, a ce вика Сеета Петкаи ја подигнало семејството Митковци.

Продолжува 

1Slave Katin 3 Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Дијаспора

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

To top